СветБританскиот министер за здравство негира дека има заговор за смена на СтармерБританскиот министер за здравство Вес Стритинг ги отфрли тврдењата дека планира да го предизвика премиерот Кир Стармер за лидерската позиција на владејачката Лабуристичка партија, нарекувајќи ги „самоуништувачка бесмислица“.Британскиот министер за здравство Вес Стритинг ги отфрли тврдењата дека планира да го предизвика премиерот Кир Стармер за лидерската позиција на владејачката Лабуристичка партија, нарекувајќи ги „самоуништувачка бесмислица“, иако бројни извори велат спротивно. Стритинг му порача на Стармер дека треба да ги отпушти оние кои во медиумите пуштаат такви приказни. Некои сојузници на Стармер синоќа изразија сомнеж дека неговата позиција може да биде „веднаш загрозена“, а меѓу потенцијалните противници посебно го спомнуваа Стритинг. Во изјава за Би-Би-Си, британскиот министер за здравство рече дека „не може да замисли ниедно сценарио во кое би му го направил тоа на премиерот“. - Овие напади се најлошото што му се случило на лојален член откако Џо Марлер беше исфрлен од финалето на серијата The Traitors, рече Стритинг во шега, додавајќи дека „оние кои шират гласини треба помалку да гледаат Celebrity Traitors, а повеќе Countryfile.“ Тој ја пофали новата заменичка на премиерот Луси Пауел поради коментарите за „токсичната култура во канцеларијата на премиерот“ и додаде: „Барем овој пат се одлучија да нападнат еден маж во кабинетот, а не жени.“ На прашањето дали премиерот треба да ги отпушти оние кои стојат зад протекувањето информации, Стритинг одговори: „Да, но прво треба да ги најде. Не очекувам дека ќе трошат многу време на тоа“. Во политичките кругови се споменуваат и други имиња кои би можеле да влезат во лидерската трка доколку дојде до тоа – министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд, министерот за енергетика Ед Милибанд и поранешната министерка за транспорт Луиз Хејг. Еден министер изјави дека Стармер „ќе ја брани својата позиција“, споредувајќи ја ситуацијата со локалните избори во 2021 година, кога Лабуристичката партија ја изгуби изборната единица Хартлпул, а Стармер тогаш размислувал за оставка. „Ова не е момент како Хартлпул“ рече тој и додаде: „Тој е еден од само двајца луѓе кои во последно време победиле општи избори за Лабуристите. Би било лудо да се обидувате да го соборите по само 17 месеци“. Според правилата на партијата, за покренување на внатрепартиски предизвик потребно е 20 проценти од лабуристичките пратеници, моментално 81, официјално да го номинираат противкандидатот. Џо Вајт, претседателка на групата пратеници на Лабуристите од таканаречените „Red Wall“ изборни окрузи, во програмата Today на Би-Би-Си изјави дека „ова не е ниту време ниту место за ширење гласини за борба за лидерство“. - Тоа се луѓе кои мислат дека се попаметни од сите нас. Се протекува селективно до новинарите, а ние им велиме: „Доста,“ рече Вајт. „Мислам дека во кабинетот на премиерот напаѓаат погрешна личност кога одат против Вес.“ И покрај убедливата победа на Лабуристичката партија на изборите во јули 2024 година, Стармер се соочува со пад на популарноста и сè поголемо незадоволство во партијата во последните месеци. Резултатите од анкетите покажуваат дека јавната поддршка за премиерот е во пад, а многумина во Лабуристичката партија стравуваат од сериозни порази на регионалните избори во Шкотска и Велс, како и на локалните избори во Англија следната година. Еден висок лабуристички пратеник за Би-Би-Си рекол: „Лесно е да се каже да почекаме локалните избори, но тоа значи дека ги праќаме нашите активисти директно во оган. Не можам да си дозволам да ги изгубам сите советници“. Друг извор додал дека причините зошто некој би можел да покрене промена на лидерството по донесувањето на буџетот растат од ден на ден. - Ако Вес собере храброст и повлече потег, можеби до Божиќ ќе стане премиер, рекол изворот. Тагови: Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сосВо четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади КостадиновскиСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 1 морков 1 тиквичка 1 главица кромид 1 страк праз 200 гр. шампињони 3 лажици соја сос малку буковка малку сусам масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаУЈП ја започнува третата фаза од проектот е-фактура!Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура.Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура и се овозможи тестирање на повеќе даночни индикатори. Со овие измени се промени структурата на API повиците и JSON форматот, поради што компаниите повторно ги прилагодија своите системи согласно новите спецификации објавени на https://efakturawiki.ujp.gov.mk Во третата фаза, се преминува на веб апликација, преку која секоја компанија – мала, средна или голема, може едноставно да тестира креирање на документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест околина за сите деловни субјекти, независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-Фактура. Воедно, со цел тестирањето да биде структуирано, Управата за јавни приходи воспостави соработка со околу 200 компании - избрани тестирачи, коишто во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе спроведуваат структуирано тестирање. Притоа, ќе се тестираат избрани тест сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи. Управата за јавни приходи континуирано спроведува едукативни средби за компаниите преку стопанските комори, бизнис заедницата и останати здруженија. Досега се одржани приближно 30 информативно-едукативни средби, на кои беа презентирани клучните аспекти на системот и процесите поврзани со е-Фактура. Во соработка со Стопанските комори, во наредниот период предвидено е организирање дополнителни средби со компании во повеќе региони низ државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот е-Фактура. Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-Фактури. Управата за јавни приходи ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот. Особено е важно да потенцираме дека и оние компании кои немаат назначено даночен агент, ги охрабруваме да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии. Корисни информации за тестирањето: • Потребна документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk • Регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg • Тест платформа за е-Фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk • Контакт за поддршка: [email protected]Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСрпскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во ТурцијаПо двегодишна пауза, српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа на тренерската работа и го презема турскиот Бахчешехир. Како што објави Eurohoops, поранешниот селектор на Србија и Кина веќе ги договорил сите детали за соработката со клубот од Истанбул. Ѓорѓевиќ ќе го наследи српскиот стручњак Марко Бараќ на клупата, а главна цел на клубот во следната сезона ќе биде пласман во Евролигата. Иако во изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го преземе амбициозниот проект во Рим, кој го поддржува Лука Дончиќ, Ѓорѓевиќ на крајот реши да ја прифати понудата од Турција. Неговиот последен ангажман беше на клупата на кинеската репрезентација, која ја напушти во 2024 година. Во меѓувреме, тој беше поврзуван со неколку европски клубови и проектот Дубаи, но чекаше соодветно враќање на тренерската сцена. Ова ќе биде негово враќање во Истанбул, каде што веќе го водеше Фенербахче и ја освои титулата турски шампион во текот на сезоната 2021/22.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter