Британска пејачка е депортирана од Иран (ВИДЕО) - Канал 5

Британска пејачка е депортирана од Иран (ВИДЕО)

Патувајќи низ светот, како дел од новата турнеја ,британската пејачка Џос Стоун го посети Иран, но не да пее, туку да ужива како турист.

Британска пејачка е депортирана од Иран (ВИДЕО)

Сепак тамошните власти не ѝ веруваа дека нема да настапи и ја депортираа од земјата, за што пејачката се пожали на нејзиниот профил на Инстаграм.

Строгите иранските закони, им забрануваат на жените да настапуваат сами на сцена , а може само како дел од оркестар или друг ансамбл. Џос била свесна за тоа и немала договорен настап во Иран , но властите се посомневале на нејзиното не-музичко појавување и ја депортирале.

"Бев свесна за фактот дека не смеам да имам јавен концерт, бидејќи сум жена, а тоа е нелегално во оваа земја. Лично, не ми се оди во ирански затвор и не сакам да ја сменам политиката во земјите кои ги посетувам, ниту други луѓе сакам да ги ставам во опасност. По долги дискусии со убави и шармантни луѓе, беше донесена одлука да не држат во текот на ноќта во притвор и да бидеме депортирани во утринските часови. Овој момент го скрши моето срце ", пишува пејачката.

So , our very last country on the list was Iran . We were aware there couldn’t be a public concert as I am a woman and that is illegal in this country. Personally I don’t fancy going to an Iranian prison nor am I trying to change the politics of the countries I visit nor do I wish to put other people in danger. However, it seems the authority’s don’t believe we wouldn’t be playing a public show so they have popped us on what they call the ‘black list ‘ as we found out when we turned up to the immigration hall. After long discussions with the most friendly charming and welcoming immigration people the decision was made to detain us for the night and to deport us in the morning. Of course I was gutted. So close yet so far, this moment broke a little piece of my heart. Then I realised the silver lining was bright. I told them my story and explained my mission, to bring good feeling with what I have to give and show those who want to look, the positives of our globe. All with the understanding that public performance wasn’t an option in this scenario. I still have to walk forward towards that goal some way some how. And of course music is my driver. Doesn’t mean we have to brake any laws though. There is music everywhere. Even here, we just have to play by there rules and they have to believe we will. It’s a trust thing. They were so kind to us, at one point I started to question it. The question whirled around my head, were they just luring is into a false sense of security so we would walk into our jail cells quietly with out a drama? Nope , these people are genuinely nice kind people that felt bad that they couldn’t over ride the system. They didn’t speak English so well so the translator Mohamed, who clearly had a lovely soul conveyed the message that they hoped we would go to embassy to sort it all out and come back, they were refusing us entry with a heavy heart and were so sorry. After Mo had left, the officers kept telling us sorry. They said sorry all the way through this process and kept saying this till we got on the plane they were sending us away on. We were the ones that should have been apologising for not having our correct paper work. The ball

A post shared by Joss Stone (@jossstone) on

Инаку, Џос е на светска турнеја наречена "Вкупно" , во која има намера да ги посети сите земји на светот. Досега посетила 174 од нив, вклучително во Сирија. Таа таму настапила пред само 70 луѓе, главно курдски борци од други земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот

Нутриционист открива како оваа хранлива намрница има бројни придобивки за здравјето.

 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот

Наутот е едноставна, достапна намирница што заситува, а и нуди бројни здравствени придобивки. Нутриционистката Луси Кершо тврди дека оваа често занемарена мешункаста билка е одличен дел од балансираната исхрана бидејќи е богата со протеини, влакна, витамини и минерали. Можете лесно да ја вклучите во вашата исхрана преку додавање во салати, супи и чорби или да ја испечете во рерна и да ја сервирате како крцкав прилог. Поради високата содржина на протеини, често се наоѓа во менито на вегетаријанците и веганите, објавува The Mirror.

Кершо истакнува дека наутот може да биде одлична алтернатива на црвеното месо, бидејќи ви овозможува да консумирате протеини со помала содржина на заситени масти. „Некои црвени и преработени меса, вклучувајќи колбаси, сланина и шунка, можат да бидат богати со заситени масти, чиј вишок може да доведе до повисоки нивоа на холестерол. Замената на некои од овие намирници со растителни извори на протеини како што се наутот, гравот и леќата е лесен начин да го намалите внесувањето на заситени масти. Конзервираниот наут и мешунките се евтини и практични, додека сушените варијанти може да се купат во поголеми пакувања многу поволно“, објаснува Кершо.

Една од придобивките од наутот е тоа што е богат со растителни влакна, кои се важни за варењето и можат да помогне во одржувањето на здраво ниво на шеќер во крвта. Влакната исто така можат да играат улога во регулирањето на холестеролот. Ако сакате да ја дополните вашата исхрана со намирници што содржат доволно количини на протеини и растителни влакна, наутот е одличен избор. Тој е хранлив, лесен за подготовка и лесно може да се додаде во разни јадења, така што можете да го вклучите во вашата дневна исхрана без многу напор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Салма Хајек има 60 години, а ова се тајните на нејзиниот изглед

Салма Хајек го прослави својот 60-ти роденден, но и понатаму привлекува големо внимание со својот изглед и енергија.

 Салма Хајек има 60 години, а ова се тајните на нејзиниот изглед

Салма Хајек го прослави својот 60-ти роденден, но и понатаму привлекува големо внимание со својот изглед и енергија. Таа стекна холивудска слава во деведесеттите години на минатиот век со улогите во филмовите „Догма“ и „Од самрак до зори“, а минатата година се појави на насловната страница на специјалното издание на „Спортс илустрејтид“ посветено на костими за капење.

Актерката со години отворено зборува за тоа како се грижи за себе, што јаде и на кој начин е активна. Притоа, истакнува дека не сака строги диети или напорни тренинзи, туку повеќе се потпира на рутини што може да ги вклопи во секојдневниот живот.

Не користи ботокс или филери

Хајек тврди дека не користи ботокс или филери и дека избегнува инвазивни козметички процедури. Сепак, таа призна дека користи модерни третмани како што се радиофреквенција и микроструја, за кои вели дека ѝ помагаат на кожата да остане цврста и да ги намали брчките.

Меѓу нејзините омилени состојки за нега на кожата, таа особено го истакнува Tepezcohuite, екстракт од кора од дрво што традиционално се користи во Мексико за изгореници. Таа тврди дека е исклучително добар во регенерирањето на кожата.

Не сака напорни тренинзи

Салма постојано признава дека не сака да станува рано и напорно да вежба. „Немам време за вежбање, работам. Порано работев и по 20 часа дневно“, изјави таа своевремено за People.

Наместо класичен тренинг, таа посветува големо внимание на држењето на телото. Еднаш таа раскажа дека во Лондон работи со жена која ја научила како да ги активира мускулите за време на секојдневните активности. „Дури и додека ги миете забите, вашите мускули можат да бидат активни“, објасни таа.

Важен дел од нејзината рутина е реставративната јога, која е повеќе базирана на контрола на движењето, правилно држење на телото и релаксација отколку на напорни вежби. „Таа ме научи како да ги тонирам мускулите без да ги напнувам. Да ги релаксирам и да се фокусирам на деловите од телото што сакам да ги активирам, но без напнатост. Кога сте свесни за своето тело, ќе бидете изненадени колку тоа може да помогне“, рече таа.

Таа повремено користи и лента за трчање, но признава дека претпочита да танцува на неа отколку да трча. Масажите исто така играат голема улога во нејзината рутина.

„Имам масерка, но таа живее во Јапонија“, изјави таа порано. „Доаѓа во Лондон повремено, но кога ќе дојде, таа е моето тајно оружје. Масажата ја стимулира циркулацијата, помага во снабдувањето на ткивата со кислород и ги одржува мускулите здрави. Исто така, многу значи за лицето, особено поради лимфната дренажа.“

Не сака да држи диети или да следи строги правила

Кога станува збор за исхраната, Хајек вели дека не сака да се ограничува. „Не сакам да држам диети и не сум добра во тоа“, признава таа.

Денот често го започнува со појадок кој е комбинација на овошје, зеленчук и јогурт. Нејзиното смути содржи папаја, боровинки, манго, јагоди, семки од калинка, целер, црвена пиперка, краставица и путер од бадеми и кокос. Таа признава дека комбинацијата можеби не звучи привлечно, но тврди дека е многу вкусна.

За „Харперс Базар“ Хајек изјави дека во Мексико јадат штурци, јајца од мравки и црви, и дека и таа сака да ги јаде. „Ќе ги испржите. Сè што е пржено има добар кус, но овие навистина се вкусни. Инсектите се неверојатни“, изјави таа.

Кога ќе почувствува дека сака да ги промени своите навики во исхраната, повремено пие сокови. Хајек исто така е ко-основач на брендот Cooler Cleanse, кој нуди програми за исхрана базирана на сокови.

Таа објаснува дека кога е под стрес, често посегнува по храна и дека таквата пауза ѝ помага да го врати фокусот на поздравите навики. „За мене, тоа е како медитација. Ме тера да застанам, да се фокусирам и да размислам што внесувам во моето тело. Го доживувам како еден вид ресетирање“, изјави таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка се задавила и починала среде ручек- нејзините мали деца трчале да бараат помош, но попусто

Ванина Соледад Соса имала 30 години и била мајка на две деца, на возраст од 11 и 6 години. 

Мајка се задавила и починала среде ручек- нејзините мали деца трчале да бараат помош, но попусто

Починала во неделата во градот Сумампа, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, откако се задавила со храна за време на семеен ручек. Нејзините деца истрчале од куќата за да побараат помош.

Инцидентот се случил околу 13:30 часот, во куќата каде што живеела Соса. Во тоа време, жената била со нејзината мајка и нејзините две деца кога храната ѝ ги блокирала дишните патишта. Ситуацијата предизвикала очајна потрага по помош, објавува TN.com.

Двете деца ја напуштиле куќата за да побараат помош. Сосед го слушнал нивниот повик, влегол во куќата и ја пронашол Соса во сериозна состојба. Поради итноста на ситуацијата, тој решил да ја однесе во болницата во Сумампа со својот автомобил.

Жената пристигнала во здравствената установа во критична состојба. Лекарите се обиделе да ги ослободат нејзините дишни патишта и извршиле кардиопулмонална реанимација. Сепак, не можеле да ја спасат и нејзината смрт била потврдена неколку минути подоцна.

Која била Ванина Соледад Соса?

Соса живеела во Сумампа, град кој се наоѓа во департманот Кебрахос, на југот од покраината Сантијаго дел Естеро. Таа имала 30 години и била мајка на две деца, кои биле со неа во времето на инцидентот. Не се објавени други информации за нејзината работа или приватен живот.

Смртта на жената предизвикала возбуда кај жителите на градот. По инцидентот, интервенирале членови на Комесаријатот бр. 33 во Сумампа. Полицајците разговарале со членовите на семејството за да утврдат како се случила смртта.

Првично, случајот бил третиран како природна смрт. Властите чекале соодветно медицинско уверение за да ја завршат постапката.

Уште една смрт од задушување во Сантијаго дел Естеро

Смртта на Соса доаѓа само неколку недели по уште една смрт од задушување во покраината. Во тој случај, тригодишно момче починало откако ставило мал пластичен дел кој бил дел од ѓердан во устата. Момчето почнало да има тешкотии со дишењето и било итно однесено во болница.

ЦПР била спроведена за време на транспортот, кој потоа бил продолжен во Интегрираниот здравствен центар во Ла Банда. И покрај напорите на лекарите, момчето починало. Овој случај е исто така под истрага на локалните власти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер