Британка се изживува врз неподвижна старица, семејството ја снимило (Вознемирувачко видео)

Бритинската полиција објави на својот Твитер вознемирувачко видео во кое се гледа злоупотреба врз дементирана старица од 29-годишна старателка , која е осудена на шест месеци затвор.

29-годишната Џени Деди требало да се грижи за полу-подвижната 69-годишна Лиз Јангс, но снимките од надзорните камери откриваат дека наместо тоа, таа ја влече за коса, и ги турка прстите во лицето и устата и ја влече за нос.

Во текот на летото 2019 година, ќерката на жената од видеото, Корина Канингам, која живеела со неа во куќа во Норфолк, започнала да забележува полесни повреди како што се модринки и гребаници на лицето и телото на нејзината мајка.

Поради сè, вклучила камера, која цело време снимала во собата. Полицијата објаснила дека семејството на Лиз Јангс сакало снимката да се сподели јавно за случајот да остане запаметен откако Деди е приведена.

Според „Дејли меил“, за време на една посета, Деди зела куче со себе, кое ја изгребало Лиз Јангс, предизвикувајќи длабоки расекотини на нејзините нозе.

Деди, пишува понатаму, ја принудувала старицата да јаде и вербално и физички ја малтретирала. На видеото се гледа како ја влече за коса и ги турка прстите во лице.

Во една прилика ја оставила гола скоро цели 30 минути, со влажна коса и само со крпа над колената.

Семејството на Лиз Јангс го видело видеото во ноември 2019 година и веднаш им било јасно дека старицата била малтретирана, по што интервенирала полицијата.

Деди признала дека лошо се однесувала кон лице кое има потреба од посебна грижа и е осудена на шест месеци затвор.

"Знаеме дека објавувањето на оваа снимка предизвика силни реакции, целосно разбираме дека е тешко да се гледа. Го зедовме предвид ова пред да го објавиме. Семејството на г-ѓа Лиз сакаше да спречи слични случаи", објави полицијата, пренесува британски Мирор.

Легендарниот Ferrari 250 GTO се враќа (ФОТО)

Рестомод сцената станува се посилна, а работите се уште поинтересни кога приказната се врти околу безвременските класици.

GTO Engineering е компанија од Велика Британија што го најави „ Project Moderna “, со што ќе се појави мрежно модерно толкување на легендарниот модел на Ферари. Објавувањето на проектот било проследено со ентузијазам кај обожавателите на оваа класика, па затоа компанијата одлучила да ја информира јавноста за напредокот на проектот. И да, освен изгледот, сè ќе биде ново, па тие претпочитаат својот иден автомобил да го нарекуваат „преродба“ , а не „рестомод“.

И покрај сегашните трендови, атмосферскиот мотор V12 е избран за напојување на овој специјален автомобил. „За нашиот тим, моторот и естетиката се двата најважни делови на автомобилот, така што започнавме од таму со толку голем ентузијазам“, објаснува Марк Лион, основачот на компанијата, кој работи на проектот.

Моторот ќе се спои со мануелен менувач, додека основата на автомобилот ќе биде тубуларна челична шасија, но со подрамки изработени од алуминиум. Целта е јасна, а тоа е да се остане под 1000 кг. Изгледот на автомобилот е целосно дефиниран од оригиналот, а единствениот проблем ќе биде потребата да се прилагоди на фактот дека луѓето денес се во просек повисоки отколку во 1960-тите.

GTO Engineering сега формално го отворил списокот со нарачки, но јавно не ја објавува почетната цена, ниту датумот на испорака на автомобилот.

Пукотници во средно училиште во САД, застрелан ученик (ВИДЕО)

Ученик е повреден во денешното пукање во средното училиште Вотсон Чапел во Пајн Блаф, во американската сојузна држава Арканзас, соопштила управата на окружното училиште.

„Родителите на повредениот ученик се информирани“, се вели во соопштението, додавајќи дека сите други ученици се безбедни, а станувало збор за „изолиран инцидент“, пренесува Ројтерс.

Наставата започнала денеска во училиштето во Пајн Блаф, што се наоѓа на околу 70 километри од главниот град на државата Арканзас, Литл Рок.

Кембриџ :Само една доза на вакцината од Фајзер го намалува ширењето на короната

Само вакцинацијата со една доза на вакцината на Pfizer ја намалува веројатноста за пренесување на вирусот за 75 проценти, покажала новата студија.

Студијата е спроведена на 9000 луѓе меѓу здравствени работници во Кембриџ, Велика Британија. Тестовите за присуство на вирусот кај лица вакцинирани со единечна доза на Pfizer 12 дена по вакцинирањето покажале дека процентот на лица заразени со вирусот САРС-CoV-2, но без симптоми, е за 75 проценти помал. Бројот на заразени со симптоми се намалил за сличен процент.

Ова откритие е важно затоа што покажува дека вакцинацијата значително го намалува преносот на вирусот.

Од претходните истражувања било јасно дека Pfizer е многу ефикасен во намалувањето на симптоматските инфекции, но досега не било познато дали вакцинираните лица можат да станат асимптоматски и да продолжат да ја пренесуваат инфекцијата.

„Ова ќе значи дека со зголемување на вакцинацијата, пренесувањето на вирусот кај луѓето значително ќе се намали, што е одлична вест“, изјави за Гардијан водачот на студијата Мајк Викес од Универзитетот во Кембриџ.

притисни ентер