Британец си направи тетоважа - лицето на Трамп! - Канал 5

Британец си направи тетоважа - лицето на Трамп!

Британецот го истетовирал лицето на Доналд Трамп

Британец си направи тетоважа - лицето на Трамп!
Дејв Синглетон е подржувач на Доналд Трамп. Тој вели дека Хилари Клинтон изгубила бидејќи дошло ново лице на американската политичка сцена.

„Не се сложувам со сите изјави на Доналд Трамп, но мислам дека тој ќе ги исправи работите во Америка“, изјавил Дејв.

British man gets Donald Trump tattoo because 'great art is controversial'

Тетоважата ја направил поради тоа што е голем обожувател на Доналд Трамп. На тетоважата е лицето на Доналд Трамп и испишан е слоган со зборовите “Во Трамп веруваме“.

PIC FROM MERCURY PRESS (PICTURED: DAVE SINGLETON, 38 HAVING HIS LEG INKED WITH THE FACE OF US PRESIDENT ELECT DONALD TRUMP) A British Trump fan has marked Donaldís election win in style - by getting a giant portrait of the US president-elect TATTOOED on his leg. Dave Singleton got the Republican Party politician's face inked on his left calf along with the slogan: 'In Trump We Trust'. The 38-year-old roofer, who sees Hilary Clinton as ëpart of the establishmentí, volunteered after being impressed with tattooist Craig Bartlett's previous work at Just Add Ink studio in Poole, Dorset. The inking came around after Craig used social media to offer to do a portrait of the controversial businessman free of charge - and Trump admirer Dave answered the call. SEE MERCURY COPY

Да се надеваме дека еден ден нема да зажали за ваквата одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вирално видео: Желка ја касна за задникот инфлуенсерката во бикини

Травел блогерката Синтија Бенитез доживеа непријатно искуство додека пливаше со желки во една лагуна во Танзанија.

Вирално видео: Желка ја касна за задникот инфлуенсерката во бикини

Додека посегнуваше кон едно животно пред неа, друго ѝ пријде одзади и ја касна за задникот. Шокирана, инфлуенсерката врисна и излезе од водата, а снимката од инцидентот набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Трага од каснување и вирално видео

Потоа, Бенитез се пошегува во описот на видеото: „Мислев дека желките се безопасни...“ Фотографијата направена по инцидентот покажува црвена трага од каснување, иако за среќа, таа не се здоби со сериозни повреди. Видеото собра над 400.000 прегледи на Инстаграм.

„Желката очигледно беше гладна“

Следбениците главно реагираа со хумор на ситуацијата. Како одговор на коментар во кој видеото се опишува како „многу корисна“ информација, Бенитез одговори: „Никогаш не ѝ врти грб на желка“.

Друг корисник напиша: „На желката ѝ беше доста од пластика, па реши да ја извади од водата“. Имаше и коментари дека животното „очигледно било гладно“, како и порака: „Таа желка сум јас во некој претходен живот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Италијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер еден работник загинал во римскиот Колосеум.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс.

Реакција од властите и управата на паркот

„Ова е трагичен настан што нè потресе и нè вознемири“, изјави италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво каде што се случила несреќата.

Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар на Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим.

Синдикатот бара целосно затворање

Најголемиот италијански синдикат, „CGIL“, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на „CGIL“ во Рим. „Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

Утре наутро времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Попова Шапка, 13 Крушево, 17 Маврови Анови, Претор, Берово, 18 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 19 Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 22 Скопје Петровец, Велес, 23 Демир Капија, 24 Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер