Британец освоил 39 милиони фунти на новогодишната лотарија - Канал 5

Британец освоил 39 милиони фунти на новогодишната лотарија

Среќен добитник од Велика Британија го освои џек потот на лотаријата „Euromillions“ и влезе во Новата година побогат за 39 милиони фунти.

Британец освоил 39 милиони фунти на новогодишната лотарија

Уште 10 играчи освоиле милион фунти во специјалното новогодишно извлекување, изјави претставникот на Националната лотарија, Енди Картер, пренесува Би-Би-Си.

Победничките броеви биле 16, 28, 32, 44 и 48, а таканаречените „среќни sвезди“ се 1 и 9. На играчите им се препорачува да ги проверат своите билети преку Интернет или преку апликацијата на Националната лотарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали роботите ќе ги заменат луѓето во опасните мисии- во Пекинг се одржува натпревар (ВИДЕО)

Првенството „Роботски воин“, на кое ќе учествуваат и хуманоидни и четвороножни роботи, ќе се одржи во октомври во Пекинг, објави Комитетот за управување со зоната за економски и технолошки развој.

Дали роботите ќе ги заменат луѓето во опасните мисии- во Пекинг се одржува натпревар (ВИДЕО)

Роботите ќе се натпреваруваат во спасувачки операции за време на вонредни состојби и природни катастрофи (земјотреси, поплави, пожари) и ќе извршуваат задачи во средини со висок ризик.

Предизвици со пречки

Покрај тоа, овие интелигентни машини ќе ги демонстрираат своите вештини во следењето и управувањето со урбаната инфраструктура, објавува „Глобал тајмс“.

Настанот во Пекинг има за цел да го забрза развојот и имплементацијата на роботиката во услови на реалниот свет.

Програмата на првенството вклучува 14 видови предизвици со пречки. Според сценариото, роботите ќе се искачуваат по стрмни падини, ќе се движат по урнати мостови и низ урнатини.

Како што е наведено, досега 24 тима аплицирале за учество на ова натпреварување. Тие ќе се натпреваруваат во шест категории врз основа на контрола (далечинска или автономна навигација) и тип на возило (хуманоидно, четвороножно или на тркала).

Платформа за обука

Хуманоидните роботи на првенството ќе извршуваат задачи како што се отворање врати, деактивирање експлозивни направи, затворање вентили и гаснење пожари.

Други машини ќе бидат тестирани преку инспекција на тунели, враќање на електричната енергија, реагирање на водни итни случаи и испорака на товар низ пречки.

YouTube video

За да ги подготват учесниците, организаторите ја лансираа платформата за обука BotWorld, која им нуди на роботите 14 задачи за симулација на ситуации што опфаќаат навигација на терен и интерактивни операции. Тимовите ќе имаат пристап до материјали за обука и ќе можат виртуелно да ги вежбаат потребните вештини.

Домаќин на предизвикот „Роботски воин“ ќе биде високотехнолошката компанија Шангиченг во Пекинг од 17 до 18 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арбен Таравари во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Арбен Таравари во „Само интервју“

Оправдана ли е поддршката на албанските партии за пресудите на ОВК во Хаг? Кој и зошто потпалува етнички теми?

Уставните измени заглавени низ политичките лавиринти, какви сценарија се можни ако останеме во чекалната до недоглед?

Што договорија со Ахмети за вонредните избори во Брвеница и дали тие значат вовед во коалиција за следните парламентарни избори – редовни или предвремени?

Утре кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Арбен Таравари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Романија паднаа 20 сантиметри снег- интервенира тешка механизација, фрлаат сол (ВИДЕО)

Зимата пристигна рано на Трансфагарасан, спектакуларен планински пат во Романија што ги преминува Карпатите, или Фагараш Планини. 

Во Романија паднаа 20 сантиметри снег- интервенира тешка механизација, фрлаат сол (ВИДЕО)

На езерото Балеа, снегот падна толку обилно што на некои места се формираше дебел слој. Патот и околните падини се целосно покриени со снег, а условите за сообраќај брзо се променија, иако сè уште е септември.

Обилни снежни врнежи го зафатија Трансфагарасан. Сообраќајните работници мораа да интервенираат со механизација и материјал против лизгање во среда наутро за да го исчистат коловозот откако се формираше дебел слој снег во планинската област. Романскиот портал „Антена Обсерватор“ објави дека на локацијата наврнале 20 сантиметри снег.

Регионалната дирекција за патишта и мостови на Брашов соопшти дека две машини интервенирале на патот и дека се расфрлани повеќе од пет тони сол.

„Обилни снежни врнежи на Трансфагарасан! Интервениравме со две машини и повеќе од пет тони сол за да го исчистиме патот, но сообраќајот сè уште се одвива во зимски услови, особено во планинската област, во близина на езерото Балеа“, објави Регионалната дирекција за патишта и мостови на Брашов.

Сообраќајните работници ги предупредуваат возачите дека временските услови ќе останат исти во наредните денови и им препорачуваат на оние кои сакаат да возат по Трансфагарасан однапред да се информираат за условите во сообраќајот.

На возачите им се советува и да не тргнуваат по патот освен ако не се подготвени да возат во зимски услови.

Снег падна во областа претходниот ден, но тогаш немаше потреба од интервенција на механизација. Минатата година, првиот снег во Романија беше забележан на почетокот на октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер