Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
2Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
СветБриселскиот аеродром одново привремено затворен за сообраќај поради дрон Воздушниот простор над аеродромот „Зевентем“ во Брисел синоќа одново беше затворен за сообраќај околу 40 минути, откако над аеродромскиот комплекс бил забележан дрон. Според белгиската Контрола на воздушниот сообраќај, воздушниот сообраќај на аеродромот бил прекинат околу 21:20 часот, по што е возобновен нешто по 22 часот. Контролата информира дека предвидените полетувања од аеродромот биле само времено одложени, додека самое еден од авионите кои летале кон „Зевентем“ бил пренасочен кон Амстердам. Според редот на летање, за синоќа беа предвидени осум полетувања од „Зевентем“ и 20 слетувања. Аеродромот во Брисел беше времено затворен за сообраќај во два наврати, од 20 до 21 и од 22 до 23:30 часот, и во вторникот вечерта, отако во воздушниот простор над него беа забележани дронови. Белгиските медиуми јавија дека има информации оти синоќа неколку дронови биле забележани и „во реонот околу и во непосредна близина“ на воздухопловната база „Флорен“ во јужна Белгија. Информацијата за медиумите ја потврдил градоначалникот на градот Флорен, Антонан Колине, според кого, постојат „сериозни сомнежи“ дека биле видени дронови. Над базата „Флорен“ дронови беа регистрирани и во вторникот вечерта, нешто по 20 часот. Во базата во „Флорен“ времено се сместени првите четири авиони од типот Ф-35, што неодамна и беа доставени на Белгија. Станува збор за првите од 45-те авиони Ф-35 што Белгија ги нарача од САД за обнова на својата застарена флота на ловци од типот Ф-16. Претходно, во текот на денот дрон бил забележан и над објектот на Белгискиот нуклеарен истражувачки центар (СЦК) во градот Мол во североисточна Белгија, во близина на границата со Холандија. Дронот го забележал случаен минувач, кој за тоа ја известил локалната полиција. Нешто подоцна дрон бил регистриран како прелетува и над Европското училиште во Мол.Тагови: дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛидерите на Западен Балкан во Охрид - состанок на Брдо-БриониОхрид денеска е во фокусот и на регионалната дипломатија. Во градот се одржува состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Во фокусот на разговорите се регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан. Повеќе информации за средбата и очекувањата од состанокот ќе дознаеме од нашиот известувач во Охрид Афродита Рамос . Афродита делегациите пристигнаа каква е агендата за денеска кој се е присутен во Охрид? Во видеото погледнете го целиот извештај.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Живот„Супер Марио Брос“ од 1985 година продаден за астрономска сумаКопија од играта „Супер Марио Брос“. од првата серија за конзолата Nintendo Entertainment System (NES) е продадена на аукција за фантастични 96.875 долари. Аукциската куќа Heritage Auctions објави дека со ова се поставени два светски рекорди - за копија на играта од првата продукциска серија и за отворена видео игра со целосно зачувано оригинално пакување. Што го прави овој примерок посебен? Станува збор за американско издание од 1985 година, препознатливо по мат налепницата на кутијата. Примерокот доби вкупна оцена на PSA од 9,0. Самата кутија беше оценета со 8,5, кертриџот 9,2, а рачниот 9,0. Според каталогот на аукциите, овој пример ја дели највисоката оценка меѓу четири познати целосни примери на истата варијанта во записите на PSA. Продадена е на 20 ноември, првиот ден од дводневната аукција на видео игри. „Ознаката „complete-in-box'“ значи дека кутијата е отворена и играта е искористена, но пакувањето сè уште го содржи кертриџот, упатствата и сè друго што купувачот го добил кога играта била продадена на мало“, соопшти аукциската куќа. Во оваа категорија копијата постави рекорд. Како вториот „Супер Марио“ постигна уште повисока цена? Најскапиот предмет на истата аукција била неотворена копија од играта „Супер Марио Брос“ од втората продукциска серија, со сјајна налепница и PSA рејтинг од 8,5. Оваа копија била продадена за 131.250 долари. Вкупно три копии од играта беа меѓу десетте најскапи предмети на аукцијата, кои беа продадени за околу 2,52 милиони долари. „Возбудливо е да се види како интересот на колекционерите за овие исклучително ретки рани NES игри продолжува да расте. Тешко е да се прецени важноста на играта „Супер Марио Брос“. „Тоа е игра за домашна конзола, а колекционерите јасно го препознаваат нејзиното место во историјата на видео игрите“, рече Еван Мајзингил, директор за прифаќање на видео игри во „Херитиџ аукшнс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишииВо петок (20.11.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Вело Марковски.Состојки за денешниот рецепт: 1 кг. брашно 1 коцка квасец 1 лажичка сол млака вода по потреба масло за пржење Прилог: сирење мед Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook