СветБРИКС отфрла „повторно заживување на трговскиот протекционизам“За прашањата за трговските конфликти и царините постои апсолутна едногласност од сите страни.БРИКС „категорично отфрла повторно заживување на трговски протекционизам“, изјави бразилскиот министер за надворешни работи Мауро Виеира во изјава по средбата со своите колеги од БРИКС во Рио де Жанеиро, во контекст на трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп. Дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на БРИКС не заврши со конечно соопштение, но „за прашањата за трговските конфликти и царините постои апсолутна едногласност од сите страни“, забележа Виеира. Тој не ги спомена експлицитно политиките на Трамп. Кина, членка основачка и главен партнер во БРИКС, е особено тешко погодена од царините што ги воведе американскиот претседател. Останатите членки се Бразил, Русија, Индија и ЈАР. „Министрите ја истакнаа потребата од зајакнување на системот за разоружување и контрола на оружјето. Тие го истакнаа значајниот придонес на зоните без нуклеарно оружје во зајакнувањето на режимот за неширење на нуклеарно оружје“, се вели во соопштението објавено од бразилското Министерство за надворешни работи. Министрите за надворешни работи на БРИКС, исто така, повикаа на продолжување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа. На состанокот беа осудени и убиствата на цивили во сириските провинции Латакија и Тартус, а учесниците предупредија на заканата од ширење на тероризмот од територијата на Сирија кон земјите од Блискиот Исток. Министрите за надворешни работи на БРИКС, исто така, повикаа на усвојување на координирани мерки за борба против организациите признати од ОН како терористички. /МИАТагови: БРИКС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook