Бремената вереница на британскиот премиер Џонсон има симптоми на коронавирус

Бремената свршеница на премиерот на Велика Британија ,Борис Џонсон, , имала симптоми на коронавирус.

Кери Симондс изминатите седум дена ги поминала во самоизолација со симптоми и сè уште не се тестирала,  објави на Твитер.

"Последната недела ја поминав во кревет со главните симптоми на коронавирус. Не ми требаше да се тестирам. По седум дена се чувствувам посилно, оздравена сум", објави Симондс во твитот.

Пред неколку дена, британскиот премиер Борис Џонсон бил тестиран за коронавирус и е во карантин, одвоен од неговата свршеница. Ќе остане така затоа што сè уште има висока температура, што е еден од главните симптоми на Ковид-19.

притисни ентер