Бремена жена, болна од коронавирус , ги повикува сите да останат дома (ВИДЕО)

Англичанка во напредна бременост , болна со коронавирус ги моли луѓето да не излегуваат од дома, ја пренесува нејзината сторија британски Гардијан..

Таа го упати апелот во емотивно видео од нејзиниот болнички кревет. Карен Маниринг (39) изјави дека има пневмонија и на двете белодробни крила и била болна веќе две недели.

„Се борам за мене и за моето бебе“, рече таа. „Имам три деца дома и сопруг што не можам да го видам. Само не излегувајте, не вреди “, вели низ солзи жената.

притисни ентер