Бред Пит: Не е вистина, Анџелина е манипулатор

Актерот Бред Пит ги отфрли тврдењата дека не обезбедил пари за издржување на децата, и ја обвини сопругата Анџелина Џоли дека се обидува да манипулира со медиумите за време на нивното долго бракоразводно дело.

Во новиот круг од меѓусебните обвинувања меѓу двајцата холивудски актери, познати некогаш како Бранџелина, адвокатите на Пит изјавија дека тој платил над 1,3 милиони долари за Џоли и нивните деца по разделбата во 2016 година. Во документи презентирани пред Врховниот суд во Лос Анџелес, адвокатите уверуваат исто дека Пит дал позајмени 8 милиони долари на Џоли, за да и помогне да купи нов дом.

„Уверувањата на Бред се бесрамен обид да се прикрие вистината и да се одвлече вниманието од фактот дека не ја исполнил целосно својата обврска да плаќа издршка за децата“, изјавија адвокатите на Џоли, цитирани од агенциите.

Според актерката, Пит веќе година и пол не одвојувал доволно средства за издржување на децата или ги исплаќа нередовно. Анџелина и Бред имале неформален договор за оваа издршка по разделбата.

Бред Пит и Анџелина Џоли се разделија во месец септември 2016 година. Двојката живееше заедно 10 години, но стапи во брак едвај во месец август 2014 година. Пит и Џоли имаат шест деца, од кои три се посвоени.

23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце

Битола денес, со тага го споменува еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001 година, ги одзеде животите на осуммина припадници на специјалната единица на МВР, о

Во нивна чест, пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола, споменикот „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот на Бошко Најдовски во Долно Оризари, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, полицијата, семејствата на загинатите, политичките партии и граѓаните.

Битола засекогаш ќе го зачува споменот за Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, а овој тежок настан треба да биде опомена за сите нас, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски:

„23 години од денот на убивањето на македонските херои. Тука сме да укажеме огромна почит и наклон кон нивното дело, да не остане заборавено, но и да се потсетиме на една голема опомена за сите нас: Ваквите настани да не се повторат никогаш повеќе. Сведоци сме дека, во предизборието повторно се слушаат националистички изливи, но тоа апсолутно треба да биде едно минато. Живееме во еден мултикултурен град и мултиетнички центар и треба сите достојно да одадеме почит на овие луѓе и да го одржиме споменот како што навистина залужуваат.

НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВАТА НА ХЕРОИТЕ!“

Вулкан еруптираше во источна Индонезија

 Вулканот Ибу во источна Индонезија еруптираше денеска, исфрлајќи облак од пепел до 3,5 километри над кратерот, соопштија властите.

Ерупцијата, која започна во 12:37 часот по локално време, траеше повеќе од три минути, се вели во денешното соопштение на службеник на контролен пункт во близина на вулканот во северниот дел на Молука.

„Ги замолуваме жителите и туристите во близина на вулканот Ибу да не вршат никакви активности во радиус од два километри (околу кратерот)“, додаде службеникот.

Нивото на тревога прогласено по ерупцијата на вулканот на надморска височина од 1.325 метри останува второ на скала на четири нивоа. По ерупцијата не беше наредена евакуација.

Сепак, властите го повикаа населението да носи маски и очила кога излегуваат надвор за да се заштитат од паѓање на вулканска пепел.

Дачиќ: Гласањето за прием на Косово во Советот на Европа најверојатно на 17 мај

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека на 16 и 17 мај е состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа за прием на Косово во таа организација, а дека најверојатно ќе се гласа на 17 мај. 

Шефот на српската дипломатија во гостувањето на ТВ Прва рече дека не е извесно што ќе се случи и дека Србија „ќе се бори“. Исто така, рече дека Франција и Италија изразиле резерви, а Унгарија е против, пренесува Бета.

„Посветивме максимално политичко внимание на тоа прашање“, рече српскиот министер. Тие го притискаат (косовскиот премиер Албин) Курти да го испрати Статутот на ЗСО (Заедница на општини со српско мнозинство) до Уставниот суд на Косово, и додека Французите велат дека е потребен одговор на судот, некои велат дека е доволно само да се испрати барање“, рече Дачиќ.

Тој смета дека Косово е вештачки политички „пропаднат проект“, наведувајќи дека еднострано прогласи независност во 2008 година и дека во 2024 година сè уште не постигнало целосно признавање. Дачиќ оцени дека тоа е „дебакл на западната политика“.

притисни ентер