Шоу бизБред Пит ја открива формулата како треба да се сака женаПрочитајте што советува Бред Пит, како треба да се сака жената. Тоа е лекција која треба да се научи!„Жена ми се разболе. Беше постојано нервозна поради проблеми во работата, приватноста, нејзините неуспеси, проблемите со децата. Таа загуби 15 килограми тежеше само 40 килограми, на 35 години. Се стопи, постојано плачеше , постојано ја болеше главата, срцето, нервите во 'рбетот и ребрата. Спиеше лошо, не можеше да спие по цели ноќи, заспиваше пред утрото и цел ден беше уморна. Врската ни беше на работ. Убавината ја снемуваше. И се појавија темни кругови под очите, таа престана да се грижи за себе. Одбиваше да снима филмови, одбиваше улоги. Мислев дека ќе се разделиме. Но, решив да преземам нешто. Ја имам најубавата жена во светот. Таа е идеал на повеќе од половина жени и мажи на земјата, а мене ми дозволила да спијам до неа и да ја прегрнувам. Почнав да и купувам цвеќе, постојано да ја бакнувам, да и давам комплименти. Правев изненадувања и се радував секоја минута со неа. Ја изненадував подароци и живеев заради неа. Им зборував на луѓето само за неа. Ја фалев пред моите и нашите заеднички пријатели. Нема да поверувате - таа повторно процвета. Стана поубава отколку што беше порано. Додаде тежина, престана да се нервира и ме сакаше повеќе.Немав претстава дека таа може толку да сака. И сфатив едно: Жената е одраз на мажот. Ако ја сакаш до лудило, таа ќе возврати уште повеќе!“ Ова писмо кое Бред Пит наводно го напишал за Анџелина Џоли се врти по повеќе блогови. Некои од нив пишуваат дека не веруваат дека Бред навистина ова го напишал, но толку е убаво и точно што треба да се прочита и да се запамети! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook