Шоу бизБред Пит има нова девојка?!Холивудскиот заводник Бред Пит има нова љубов, Анџелина Џоли е сега веќе далечно минато.Иако летово мегапопуларниот Бред Пит медиумите повеќе пати го поврзуваа со убавата колешка од Јужна Африка Шарлиз Терон, холивудската ѕвезда конечно одлучила да се смири покрај жена која не е актерка . Според „Дејли Маил“ Бред Пит веќе три години е во љубовна романса со Американката Сат Хари Калса. Бред ја запознал Сат Хари кој долго време живеела во Индија, минатата година, но романсата ја започнале пред три месеци. Новата жена во животот на Бред е дизајнерка на накит и духовен учител, односно гури,Сат Хари има 44 години. Природната Сат Хари дури била забележана и на премиерата на последниот филм на Бред „ Ad Astra", но свечената церемонија ја напуштила сама, не сакајќи да го предизвика вниманието на медиумите на нивната врска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотГерманка забележала анаконда долга повеќе од два метра при прошетка крај ДунавГерманската полицијата и противпожарната служба соопштија дека една жена открила анаконда долга повеќе од два метра додека шетала покрај реката Дунав, во близина на градот Кирхрот во покраина Баварија. Жената ја забележала огромната змија во тревата на речниот брег и веднаш ги повикала полицијата и својот син. На местото на настанот пристигнале пожарникари од Кирхрот, кои со помош на експерт за влекачи утврдиле дека станува збор за анаконда – вид што потекнува од Јужна Америка, пренесува „Билд“. Со помош на импровизирана опрема, полицајците успеале да ја фатат змијата, која – според пожарникарите – останала мирна и не пружала отпор. „Беше подолга од змиите што обично ги гледаме овде“, изјавила таа пред полицијата, според „Еуроњуз“. Анакондата потоа била однесена во полициска станица, а подоцна и во прифатилиште за влекачи во Минхен, каде што била подложена на стандардни ветеринарни прегледи и карантин. Од прифатилиштето соопштија дека животното во моментов е мирно и во добра здравствена состојба. Експертите сметаат дека анакондата најверојатно избегала од заробеништво, наместо намерно да била пуштена во дивината. Од прифатилиштето напоменуваат дека чувањето анаконди во Баварија е дозволено само во ретки случаи и под строги услови. Анакондите потекнуваат од речните и мочуришните предели на Јужна Америка. Тие можат да достигнат должина од околу шест метри и тежина до 100 килограми, а пленот го убиваат со стегање. Германските власти сега се обидуваат да го пронајдат сопственикот на животното и ги повикаа сите што имаат информации за неговото потекло да стапат во контакт со прифатилиштето за влекачи во Минхен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот Гоце Димовски во посета на компанијата Витек во ТИРЗ СкопјеСогласно концептот за активна и транспарентна соработка, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Витек во ТИРЗ Скопје, каде оствари средба со директорот на компанијата, Чиријако Ло Конте.Во рамки на посетата, Димовски и Ло Конте разговараа за досегашното работење на компанијата, тековните активности, како и за плановите и можностите за понатамошен развој. Воедно, беше реализирана и обиколка на производствениот погон, при што беше согледан начинот на функционирање на производството, работните процеси и капацитетите со кои располага компанијата. Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ продолжува да биде во постојан контакт со компаниите кои работат во зоните, со цел подобро разбирање на нивните тековни потреби и поддршка на нивните развојни планови. На средбата беше истакнато значењето на континуираната комуникација меѓу Дирекцијата и компаниите во зоните, со цел навремено идентификување на потребите и предизвиците со кои се соочуваат инвеститорите, како и создавање услови за нивно успешно работење и понатамошно инвестирање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКарик бесен на судењето по поразот од Сити: „Малку сум загрижен...“Предводникот на англискиот фудбалски гигант, Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, се осврна на судењето и спорните одлуки на арбитрите по поразот во градското дерби против Манчестер Сити. Големото дерби беше решено во 60-тата минута со голот на Ерлинг Халанд. Голот првично беше поништен поради офсајд, но ВАР (VAR) интервенираше и ја преиначи одлуката донесена на теренот. Дополнителни реакции предизвика и судиската организација, која подоцна ја призна грешката и потврди дека голот не бил регуларен. Шефот на стручниот штаб на англискиот гигант не го криеше разочарувањето од начинот на кој се носат одлуките во елитниот ранг. – Малку сум загрижен. Да бидам искрен, поставивме монитори, линии, неколку лица и службени лица пред судиите, за да може да се донесе вистинската одлука. Но, она што навистина ме загрижува и каде ја гледам опасноста, е начинот на кој се толкуваат правилата. Тој (Енцо Фернандез) ја замавна главата и без разлика дали ја допре топката или не, Мартинез мораше да реагира бидејќи беше во добра позиција – изјави Керик. Покрај спорните судиски одлуки, тимот од „Олд Трафорд“ имаше лош старт на новата сезона, освојувајќи само четири бода во воведните четири кола. – Не освоивме онолку бодови колку што сакавме и мораме да го прифатиме тоа. За тоа постојат неколку причини. Тоа не менува ништо; не ја менува нашата насока, ниту очекувањата за сезоната и она што можеме да го постигнеме како тим – заклучи англискиот стручњак.Тагови: Манчестер Јунајтед Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34