3МОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе
Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
1Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
ФудбалБразилски фудбалер чека дете со внуката на својата поранешна сопруга Бразилскиот фудбалер Халк наскоро ќе добие четврто дете. Ова ќе биде негов прв брак со внуката на неговата поранешна сопруга.Халк стапил во врска со Камила Анџело во 2019 година, само три месеци откако ја напуштил сопругата Ивана Анџело по 12 години брак. Халк и Камила се венчале минатата година и сега чекаат бебе. Бразилскиот фудбалер има три деца со поранешната сопруга, синовите Иван и Тијаго и ќерката Алис. Халк на Инстаграм објави дека го чека своето прво дете со новата сопруга Камила, а девојчето ќе се вика Заја. View this post on Instagram A post shared by Givanildo V. De Sousa- Hulk (@hulkparaiba) Поранешниот репрезентативец на Бразил сега настапува за Атлетико Минеиро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар За три и пол денари поскапуваат бензините, а дизелот поевтинува за два денари за литар. Еуросупер БС-95 од полноќ ќе се продава за 100,5 денари, БС-98 за 102,5, а дизелот за 99 денари за литар. Ова се цените по новата владина интервенција со која ДДВ-то за дизелот привремено се намалува од 18 на 10 проценти. Мерката ќе важи до 28 септември, а според Владата, без неа дизелот наместо да поевтини за два, ќе поскапеше за околу пет денари – од 101 на приближно 106 денари за литар. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со намалите акцизи и данокот граѓаните и компаниите ќе заштедуваат повеќе од 250 илјади евра дневно во следните две недели, а Македонија вели, останува со најниски цени на горивата во споредба со соседните земји. За бензините засега нема намалување на ДДВ-то. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбата ќе се следи во следните две недели и по потреба ќе се интервенира. Во моментов, како што посочи, не се разгледуваат други дополнителни мерки. Новите ценовни шокови, сепак, може да се одразат и врз државната каса. До крајот на неделата Кочоска најави и состанок со двете инситуциите задолжени за буџетските приходи - Царинската управа и Управата за јавни приходи, по што ќе се проценува дали ќе биде потребен нов ребаланс на Буџетот или ќе се прави само пренамена на дел од средствата. Ваквиот развој на енергетската криза, според министерката, не бил предвиден при подготовката на актуелниот ребаланс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денариОваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денари, 12,6 пати е разликата со Владата на СДСМ и ДУИ.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно закон, она линеарно, се повлекува и критиките од опозицијата дека пензионерите се заборавени, изјави: „Опозицијата преку свои експерти праќаше дописи и претставки до Уставниот суд за тоа што оваа Влада го зголеми за пензионерите, да им го одземе, да го враќаат назад. Тоа е лицемерието на денешната опозиција којашто преку свои експерти до пред некоја недела се трудеше тоа што оваа Влада им го овозможи на пензионерите, да им го одземе. Е сега да направиме споредба со тоа што е направено од оваа Влада во првите две години, бидејќи толку е оваа Влада 26-7 месеци. И тоа што е направено од претходната Влада во првите две години. Во првите две години Владата на СДСМ и ДУИ, пензиите на пензионерите ги зголеми за отприлика 540 денари. Оваа Влада за повеќе од 6.800, просечно зборувам. Просечната старосна пензија за над 6.800 денари. Јас пред некој ден дадов изјава и реков 16 пати е разликата, направив грешка се извинувам, 12,6 пати е разликата. Да бидеме сега попрецизни. Или тоа што го направивме ние за овие 25-6 месеци е повеќе отколку што тие го направија за 7 години додека беа Влада. А да не зборувам за тоа што им го укинуваа законот, па потоа измислуваа некои швајцарски модел и така натаму. Или па да не се враќаме во минатото кога им беше на пензионерите ускратен оној процент од нивната пензија во времето на претходните Влади на СДСМ. Така што, да сумирам од една страна испраќаат свои експерти коишто ги фалат на социјалните медиуми да ги пред Уставниот суд предизвикуваат одлуките на оваа Влада за линеарното зголемување на пензиите, а од друга страна лицемерно излегуваат без никаков аргумент, се обидуваат да испратат критика. Но, нашите сограѓани се свесни за тоа што го направи оваа Влада и претходната. Така што можат да направат јасна разлика. Јас не велам дека тоа е доволно, не велам дека тоа ќе ги реши сите проблеми, но е многу подобро од тоа што беше во времето на СДСМ и ДУИ.“- истакна премиерот Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ прв пат без место меѓу Топ 10 најдобри на АТП листатаНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ го загуби местото во елитната Топ десетка на новата Листа на АТП, прв пат по далечната 2002 година.Со објавувањето на најновата ранг-листа во понеделникот, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ падна од петтото на 12-тото место, што е првпат од октомври 2002 година елитната група на десетте најдобри светски тенисери да остане без ниту еден член на славната „Голема тројка“. Триесет и деветгодишниот Ѓоковиќ – последниот активен претставник на ерата во која Роџер Федерер и Рафаел Надал веќе се пензионираа – испадна од најдобрите десет по раната елиминација на УС Опен во Њујорк. Поразот на Ѓоковиќ од Маријано Навоне уште во првата рунда на Грен слемот во Њујорк е главната причина за падот на српскиот ас на новата листа на АТП. Неуспехот во дуелот со Маријано Навоне преставува најраната елиминација на популарниот Ноле на некој Грен слем турнир во последните дваесет години. По оваа смена на генерациите, на чело на АТП-листата се наоѓаат Јаник Синер, Александар Зверев и Карлос Алкараз. Елиминацијата на Ѓоковиќ стави крај на рекордната низа во која членовите на „Големата тројка“ постојано ги заземаа местата на самиот врв на светскиот тенис. Федерер, Надал и Ѓоковиќ имаат постигнато историски резултати, со вкупно 66 освоени Гренд слем титули.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook