Бразилката Таис ја почнува Новата Година во Македонија како прилепчанка - Канал 5

Бразилката Таис ја почнува Новата Година во Македонија како прилепчанка

Бразилката Таис Дуарте Соуса Франца повеќе од два месеца е прилепчанка. 

Бразилката Таис ја почнува Новата Година во Македонија како прилепчанка

Во Прилеп го пречека првиот Божик во зимски амбиент, наместо во топло и летно време како сите години досега. Кога ќе се средат документите ќе го добие и македонското државјанство, со презимето од сопругот Илија Лашкоски.

Сѐ уште ги собира искуствата и впечатоците. Секоjдневно учи за македонската клима, традцииите, начинот на живот.

Разговорот го почнуваме среде празнично расположение. Го пречека католички Божик, Новогодишните празници и православниот Божиќ. Има полни раце работа. Да го уреди својот нов дом. Да биде топол и за неа и за свршеникот, нејзиниот иден сопруг. А и за идните поколенија.

Разговорот почнува од средбата со нејзиниот иден сопруг Илија и тоа во Соединетите Американски Држави. Таму прилепчанецот Иле Лашкоски заминал да ги побара среќата и заработувачката. Откако ја здогледал Таис, животот му се насмевнал на најубав начин.

- Со Илија се сретнавме во 2018 година. Преку заеднички пријатели. Тој работеше како диспечер, јас работев со деца. Оттогаш почнавме да излегуваме заедно и пријателството и љубовта ги заокруживме со свршувачка во 2022 година. Се сретнавме во САД, сега се подготвуваме за свадба во Македонија, во 2024 година, раскажува Таис.

Според македонските поимања, зачудува фактот што двајцата се враќаат во родната земја на Илија. Ретко кој се решава на таков чекор во овие времиња кога, главно, сите сакаат да го „видат светот“.

- Во нашиов случај, ние секогаш ќе бидеме далеку од нашите фамилии. Мојата фамилија живее во Бразил, неговата овде, во Македонија. Тоа што сме во близина на едната фамилија, овде, менува многу. Ние сфаќаме дека малите нешта, квалитетот на секојдневниот живот и фамилијата се токму тие нешта кои му даваат значење на животот, вели Таис, среќна што е заедно со Илија.

Нешто повеќе од два месеца поминаа откако Таис стигна во Македонија и во Прилеп. Има сличности, вели, во традициите во Бразил и овде, во Македонија. Ама различностите го прават квалитетот во двете држави.

- Во Прилеп сум околу два месеца, ама нашиот друштвен живот е исполнет. Сфатив колку луѓето овде ги вреднуваат средбите на кафе-муабет, секој со секого се знае по улиците, се поздравуваат. И се слават многу празници. Многу е интересно да се дознаат традициите и дека тие се пренесуваат од генерација на генерација. Во Бразил сме многу големо и мешано население. На крајот се случува да загубиме многу традиции или, пак, секоја фамилија си прави своја традиција. Но, Бразилците, исто како и Македонците, обожуваат да го слават животот, да гледаат фудбал (се смее) и, многу си ја цениме кујната. Како во Бразил, а гледам така е и во Македонија. Можеби по празниците ќе се обидам да научам да приготвам нешто од македонската кујна, а и ќе пренесам и од бразилската, вели расположено бразилката Таис, од неодамна прилепчанка.

Таис е возбудена за првата своја Нова Година во новиот дом. Во Бразил секогаш ја пречекувала на плажа, овде е сосема поинаку.

-Да, ова ќе биде мојата прва Нова Година во мојот нов дом. Се чувствувам многу возбудено и среќно што ќе бидам со многу посебни и љубезни луѓе. Веројатно ќе ја славиме Новата година со пријатели. Во Бразил Нова Година е голем празник. Таму е лето и многу луѓе одат на плажа. Ние имаме традиција да носиме бела облека за да донесеме мир и да скокаме „седум бранови“ во океанот. Сега ќе учам новатрадиција - Нова година во зима, објаснува Таис.

Свршеникот, иден сопруг на Таис, Иле, среќно се насмевнува и, вели, нема што да додаде. Не сака возбудата и новите впечатоци на својата свршеничка да ги засени. Му значи таа целосно да ужива во сето што во иднина ќе биде нејзин дом. Сегаго уредува домот со свои работи од Бразил и со новите, од Македонија. Перодот е да се пронајде себе си и да го изгради нивното заедничко животно гнездо. Олеснување за враќањето во Македонија е што неговата работа е „он-лајн“ за американска компанија која во Македонија има претставништво, па не мора да живее илјадници километри од својот дом. Тоа беше пресудно Иле Лашкоски да се врати во Прилеп и со себе да ја поведе љубовта на својот живот, Таис.

Бразилката Таис штотуку го започна новиот живот во Македонија. Неодамна „скокна“ во Бразил да си ја прибере сета документација. И претстои официјализирањето во институциите во Македонија. Нека тргне среќно и бериќетно Новата Година, вели, па ќе го интензивира своето учење на македонскиот јазик.

-Имам многу желби во Новата Година и за почетокот на мојот нов живот овде во Македонија, во Прилеп. Мојата најголема желба е- здравје. И дека мојата фамилија од Бразил ќе дојде во Прилеп да нѐ посети. Еден од моите планови во Новата Година е да почнам да го учам македонскиот јазик. Засега разбирам неколку фрази. Ниту мојот свршеник Иле не зборува португалски. Комуницираме, засега, на англиски. Јазикот никогаш не бил проблем да се разбереме, да се почитуваме, да се сакаме, го завршува нашиот разговор бразилката Таис Дуарте Соуса Франца, која од неодамна стана прилепчанка.

Со својот свршеник, иден сопруг, Илија Лашкоски го запознава и го уредува својот нов дом во екот на убавите Божикни и Новогодишни празници. Како порака за здравје и среќен почеток на заедничкиот живот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги удвои царините за Мексико ако не ги спречи големите групи мигранти кои, според него, се движат кон границата со САД. 

Трамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој тврди дека по поразот на републиканците на конгресните избори, повторно се случува „инвазија“ на САД.

„Еве нè повторно! Поради наводниот пораз на републиканците на конгресните избори - на кои ЈАС НЕ СЕ КАНДИДИРАВ - ИНВАЗИЈАТА на нашата земја повторно се случува“, напиша Трамп.

„Мексико мора да ги запре сега“

Трамп тврди дека во Мексико се формираат големи каравани мигранти и се движат кон Соединетите Американски Држави.

„Се формираат огромни каравани и започнуваат нелегална кампања низ Мексико. Многу луѓе во овие каравани се оние што разни земји не ги сакаат - „Испратете ги во Америка“, велат тие - но нема да бидат прифатени!“, рече тој.

Потоа му се закани на Мексико со економски мерки ако не ги спречи мигрантите. „МЕКСИКО МОРА ДА ГИ ЗАПРЕ СЕГА, а ако не го сторат тоа, царините за Мексико ВЕДНАШ ќе бидат ДВОЈНИ“, напиша американскиот претседател.

„Нема да има отстапки“

Трамп рече дека Мексико, гувернерот на Тексас, американската гранична патрола и Службата за имиграција и царина (ICE) биле информирани за неговото барање. Тој конкретно го спомена новиот гувернер на Тексас, кого го опиша како „многу либерален“. „Нема да има отстапки! Ви благодарам за вниманието“, заклучи Трамп. Трамп не даде докази во објавата за тврдењата за караваните со мигранти, ниту прецизираше за кои постоечки царини ќе се однесува најавеното удвојување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. 

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“.

Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе.

YouTube video

Од mukbang до Холивуд

Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи.

Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми.

За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“.

Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа.

Семејство и нови мемоари

Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година.

Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда.

Споредба со Виетнам

Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина.

„Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте.

Напади врз цивили и хибридна војна

Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата.

„Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој.

Проценки за вкупните загуби

Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер