Бразилците во кавга за деколтето на атрактивната пратеничка (ФОТО)

Бразилската политичарка Ана Паула да Силва се најде на удар на јавноста , поради тоа што во Парламентот се појави во црвен фустан со длабоко деколте.

Пријателите на да Силва ја оправдаат дека е родена политичарка и сака да го смени светот. Таа претходно била и градоначалничка на гратчето Бомбинас ви јужната бразилска покраина Санта Клара.

Пратеничката е мајка на две деца на 21 и 18 годишна возраст , па сепак ја подели јавноста. Дел од коментарите беа негативни зашто ,,не смее така облечена како проститутка” да се појавува во Парламентот.

Од друга страна многумина коментираат дека појавата на 43 годишната пратеничка е ,,мелем за очите” .

Во службеното соопштение од Парламентот се наведува дека облеката на пратеничката е во согласност со правилникот.

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се собираат на плоштадот „Македонија“

Прославата започна, доаѓаат реки од луѓе кон плоштадот, пристинга и дел од раководството на партијата.

Се очекува да пристигне и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се очекува да одржи говор пред насобраните граѓани.

На плоштадот „Македонија“ е Дејан Трајковски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Гилад Ердан: Израел е разочаран од одлуката на САД да ја прекине испораката на муниција

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан денеска изјави дека неговата влада е разочарана од прекинот на испораката на американски бомби во Израел.

„Тоа е многу разочарувачка одлука, дури и фрустрирачка“, изјави амбасадорот Ердан за вестите на Канал 12, додавајќи дека тој не мисли дека одлуката укажува на поширок прекин на американската помош за Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Ердан истакна дека таа одлука произлегува од политичкиот притисок од Конгресот врз администрацијата на претседателот Бајден, од протестите во универзитетските кампуси низ САД и од претстојните претседателски избори во САД.

притисни ентер