Брачната двојка Боро и Душанка Лешкоски прослави златна свадба - Канал 5

Брачната двојка Боро и Душанка Лешкоски прослави златна свадба

Педесет години подоцна 73-годишниот Боро Лешкоски го одржа ветувањето кон својата две години помлада сопруга Душанка. 

Брачната двојка Боро и Душанка Лешкоски прослави златна свадба

На златната годишнина од бракот што досега беше само граѓански тие си се ветија и пред Бога. За тоа да биде возможно г-ин Лешковски денеска направи и крштевање.

А, за изненадувањето и атмосфера на свадба достојна за големата љубов меѓу Боро и Душанка се погрижија нивните најблиските. Па за младенците обезбедиле одело, венчаница и вел, пропратувајќи ги со сите обичаи и адети кои требало да ги направат и пред половина век. Но, сега радост е поголема свечениот чин го споделија со децата и внуците.

Корзото е главен виновник за многу љубови, па и нивната не била исклучок. Заљубувањето било на прво поглед, се присетува Лешкоски, зборувајќи за дамнешниот 8 март како да бил денеска. Рецептот за успехот на оваа долга љубов е разбирањето и истрајноста.

Како што наложува церемонијата, ги ставија прстените, се венчаа под круните на Бога и си подарија бакнеж пред да тргнат да го прослават јубилејот со како што велат најголемото нивно богатство, семејството.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!

Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. 

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!

Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење!

Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници!

Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град.

Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани!

Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен.

Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре.

Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат!

За Скопје што дише.

За генерациите што доаѓаат.

Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот

Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. 

Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот

Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија: Односите со САД остануваат непроменети по победата на демократите

Односите меѓу Италија и Соединетите Држави ќе останат непроменети по победата на демократите на изборите за американскиот Конгрес, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани.

Италија: Односите со САД остануваат непроменети по победата на демократите

Тајани нагласи дека Италија „секогаш ја почитува волјата на американскиот народ“. Тој додаде дека САД се стратешки партнер на Рим и дека соработката ќе продолжи на истото ниво, без оглед на составот на американската администрација или Конгресот.

„Ќе продолжиме да соработуваме со истата лојалност и коректност како што тоа го правевме со претходните администрации, без разлика дали биле предводени од претседатели од редовите на демократите или републиканците“, рече министерот. И партијата „Лига“ повика на почитување на изборните резултати, наведувајќи во соопштение за јавноста дека „гласот на народот мора секогаш да се почитува и да се разбере“.

Според нив, гласањето ги одразува грижите на граѓаните во однос на војните, меѓународните тензии и порастот на трошоците за живот. Тие исто така изразија надеж дека исходот од изборите ќе го забрза изнаоѓањето решенија за ставање крај на конфликтите и воспоставување мир.

Демократите ја преземаат контролата врз Конгресот

На изборите одржани на 3 ноември, демократите обезбедија мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес. Ова го означува крајот на периодот во кој републиканците ги контролираа и Претставничкиот дом и Сенатот. Новиот Конгрес, со демократско мнозинство, треба да ја преземе должноста во јануари 2027 година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер