„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“
2„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
ЖивотБрачна кавга: Психолозите советуваат како да не се преминат границитеНесогласувањата во врските се неизбежни, но вистинскиот предизвик лежи во моментот кога расправијата престанува да биде само расправија.Кавгите се составен дел од секоја врска и не мора да бидат закана за самата врска. Психолозите истакнуваат дека караниците не стануваат проблем сè додека партнерите се гледаат едни со други како сојузници. Сепак, точката во која кавгата се претвора во загуба не е одредена од силата на аргументите или од фактот кој го има последниот збор. Брачниот терапевт Шерил Гроскопф нагласува дека вистинската загуба не се случува кога некој ќе ја тресне вратата или ќе го прекине разговорот, туку порано - во моментот кога нервниот систем се префрла од приврзаност во заштита. Потоа партнерот престанува да се перцепира како поддршка и почнува да се гледа како противник, па конфликтот ја губи својата цел и се претвора во натпревар, пишува HuffPost. Кога врската станува секундарна Во пракса, оваа пресвртница е често незабележлива. Еден поглед настрана, стегната вилица или ладно изговорено „што и да е“ е доволно за телото да испрати јасна порака: ова повеќе не е безбедно место. Несигурноста, истакнува терапевтката Шерил Гроскопф, не значи физичка опасност, туку чувство дека некоја личност не е видена, почитувана или емоционално поддржана. Во тој момент, емпатијата престанува, а разговорот се претвора во одбрана на сопственото его. „Веќе не зборуваме за да ги зближиме партнерите, туку за да го издржиме моментот. Кога двајцата партнери ќе влезат во таков начин на функционирање, тие повеќе не комуницираат, туку само реагираат. Во тој момент, врската е веќе оштетена, иако ние стануваме свесни за тоа дури подоцна“, додава Гроскопф. Тивки модели што ја уништуваат интимноста Дури и паровите со најдобри намери честопати несвесно усвојуваат навики што се чини дека го смируваат конфликтот, но всушност ја уништуваат врската. Понекогаш партнерите изгледаат смирени однадвор иако вријат од лутина, користат фрази како „мора да поставиме граници“ наместо искрено да кажат што ги прави лути или слушаат само за да можат да одговорат подоцна. Таквото однесување не го решава проблемот, туку ги оддалечува партнерите и го отежнува вистинското поврзување. Еден од јасните знаци дека разговорот оди во погрешна насока е кога станува „попаметен“, но не и потопол. „Можете да ги користите вистинските зборови и тон, но ако чувството за заедница исчезне, конфликтот повеќе не е можност за разбирање, туку натпревар“, истакнува Гроскопф. Кога конфликтот се претвора во борба за превласт Терапевтот Мелани Престон предупредува на моделите што најчесто го влошуваат конфликтот: одбранбеност, прекинување и прегласување, изнесување стари поплаки, навреди, сарказам или целосно повлекување. „Ваквите постапки може да изгледаат оправдани во моментот, но со текот на времето ја уништуваат довербата. Луѓето потоа престануваат да зборуваат за она што ги мачи - не затоа што сè е во ред, туку затоа што повеќе не се чувствуваат безбедно“, вели Престон. Време е за пауза Препознавањето кога да се запре е клучно за одржување на врската. Ако чувствувате дека не можете јасно да размислувате, срцето ви чука забрзано или ги повторувате истите зборови одново и одново, време е да направите пауза. „Паузата не значи прекин на врската, туку заштита на врската, но функционира само ако јасно му кажете на вашиот партнер: „Ми требаат 20 минути да се смирам, но ќе се вратам на разговор“, советува Гроскопф. Вистинска победа во расправија Експертите истакнуваат дека победата во расправија не зависи од јачината на гласот или последниот збор, туку од тоа колку партнерите се чувствуваат видени, безбедни и сакани по конфликтот. „Честопати партнерот „победува“ со надгласување или докажување на нешто, но во тој процес ја губи најважната работа: довербата и подготвеноста на другата личност да остане во врската“, предупредува Престон. Здравата врска не познава победници и губитници, туку се заснова на соработка и заедништво. Расправиите можат да се добијат, но лесно можете да ја изгубите најскапоцената работа - партнер за кој се грижите.Тагови: кавга психолози Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЕдногодишно девојче убиено во Нови Сад, уапсени родителитеПолицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната А. Ш. под сомнение дека вечерта на 2 ноември ја убила својата едногодишна ќерка.Уапсен е и таткото на детето, 54-годишниот Т. Ш., кој се сомничи за не пружање помош, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. Од Обвинителството наведуваат дека мајката му нанела повеќе удари по телото на детето, што резултирало со смрт на девојчето. А. Ш. се товари за тешко убиство – кривично дело за кое е предвидена казна затвор во траење од најмалку десет години до доживотен затвор. Таткото, Т. Ш., се товари за не пружање помош, дело за кое законот предвидува затворска казна од три месеци до пет години. На осомничените им е одреден притвор во траење до 48 часа, во текот на кој ќе бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. По сослушувањето, во рамките на истрагата ќе бидат спроведени дополнителни доказни дејствија. Фото: ВИТагови: Нови Сад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“Новинарот, уредник и телевизиски водител Александар Видиновски на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје, ќе ја промовира својата прва книга – „На местото на настанот“.Книгата, објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, носи лични сведоштва од речиси две децении новинарска кариера, исполнета со известувања од кризни подрачја, драматични настани и ситуации во кои новинарот не е само набљудувач, туку и непосреден сведок на историјата. Од престрелките во Диво Насеље и драматичната ноќ на воениот удар во Турција, до воени зони, несреќи и кризи во Македонија и надвор од неа, Видиновски ги пренесува приказните што останале зад телевизиските прилози и директните вклучувања. За разлика од кратките телевизиски извештаи, книгата нуди простор за подлабоко раскажување на настаните, личните доживувања и моментите што не секогаш можеле да бидат пренесени пред камерите. Во разговор со Александар Видиновски ќе откриеме што се крие зад насловот „На местото на настанот“, кои моменти од неговата новинарска кариера биле најголем предизвик, но и колку е тешко од професионалното искуство да се создаде лично сведоштво. 1. Што беше главниот мотив што ве поттикна да ја напишете оваа книга? Кога се роди идејата? Идејата се роди сосема спонтано. Низ годините, настаните од кои сум известувал беа навистина големи и значајни, па така, по игра на случајноста, безброј пати сум ги раскажувал моите доживувања и преживувања од терен на пријатели кои со интерес ги слушаа. Си реков: додека се сè уште свежи сеќавањата, да ги ставам на харртија (или забележам) за да остане некаков пишан доказ дека и македонски новинари, во одредени моменти, биле рамо до рамо со странските колеги и известувале директно од лице место од големи светски настани. 2. Колку е различно чувството кога информациите што секојдневно ги пренесувате како новинар ќе ги преточите во книга? „Оваа книга нуди многу повеќе од обична вест. Таа открива како се создава таа информација, што се случува зад камерите и кои се тие невидливи моменти. Фокусот е ставен на личната перцепција, стравот, љубовта и искрените искуства – на сè она што е подлабоко и поинтимно од стандардното новинарство.“ 3. Дали во текот на пишувањето имаше моменти кога се двоумевте дали некои работи треба да ги споделите со јавноста? „Да, секако дека имаше и такви моменти. Златна новинарска пракса е никогаш да не се открива изворот на една информација. Тие стари новинарски стандарди безусловно ги почитувам. И во самата книга се споменуваат одредени луѓе, но нивниот идентитет секако остана заштитен.“ 4. Кому му е првенствено наменета оваа книга? „Книгата е наменета за сите граѓани кои сакаат да прочитаат и да видат многу повеќе од обична вест. За оние кои сметаат дека новинарството е убава, но и предизвикувачка професија, и за сите кои вистински се грижат за општеството и работите што ни се случуваат.“ 5. Дали очекувате книгата да отвори одредени прашања или дискусии во јавноста? „Интересно е како уште необјавена, книгата веќе предизвикува дилеми и дискусии за одредени поглавја. Тоа е одлично, бидејќи дијалогот и спротивставените мислења се знак на здрава дебата. Секако, туѓите ставови не мора да ги прифатам, но секогаш длабоко ги почитувам.“ 6. Кога би можеле да издвоите само една реченица што ја опишува книгата, која би била таа? „Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите, најтешко е да ги извојуваш оние битки што ти се случуваат во време на мир.“ „На местото на настанот“ е повеќе од хронологија на новинарски ангажмани – тоа е обид да се зачуваат сведоштвата за настани што оставиле трага, но и да се раскажат приказните што често остануваат надвор од телевизискиот кадар. Преку својата прва книга, Александар Видиновски им дава можност на читателите да ги погледнат познатите настани од една поинаква перспектива – од местото каде што се случувале. View this post on Instagram A post shared by Канал 5 Телевизија (@kanal5televizija) Тагови: Александар Видиновски книга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа-Гецова: Продлабочување на соработката со Чешка во областа на животната срединаНа средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорката на Чешката Република во Македонија, Ирена Гецова, на која беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на заштитата на животната средина. На средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување. Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешката Република во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија, како и за активната улога на Чешката амбасада во Скопје во поттикнувањето на соработката во областа на животната средина. Двајцата соговорници ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството преку институционална соработка, размена на знаења и реализација на конкретни активности од заемен интерес.Тагови: Муамет Хоџа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook