„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
2„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
МакедонијаПо двојното убиство во Прилеп, психолозите и социолозите со апели за почитување на родовата еднаквост По последниот трагичен настан во Прилеп во кој вујко си го уби внукот од сестра и неговиот 13 годишен син, лавина коментарите ги преплавија социјалните мрежи. За изненадување, голем дел од нив го оправдуваат убиецот, велејќи дека неговата сестра сама си ја барала оваа трагедија. Причината за двојното убиство како што објави и МВР се нерасчистени имотно правни односи. За да се превенираат вакви немили настани, социологот Илија Ацески предлага воведување предмет во училиштата во кој децата ќе научат што е родова еднаквост, и дека жените имаат еднакво право на имот како и мажите. Тој вели дека најголем број од судските спорови се токму поврзани со несогласувања поврзани со делба на имот. Дали причина за оваа трагедија покрај имотот, била и изгубеното достоинство и како тоа влијаело врз здравиот разум на убиецот ја прашавме доктор Славица Арсова. Арсова објаснува и дали во вакви ситуации може да се насети психолошката состојба и намера на убиецот.. Јавноста пред неколку дена исто така така ја потресе и веста за убиството во Скопско Батинци, во кое жртва беше татко на девојка која одбила понуда за брак. И психологот Ацески и психијатарката Арсова, се децидни дека брзото посегнување по оружје од овие два изолирани случаи не смее да биде се смета како порака до жените дека немаат право на избор и одлучување. А за оние кои што го оправдуваат грозоморниот чин, вели дека се идентификуваат со агресорот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранителиГерманскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Киев им оддадоа почит на загинатите украински бранители.„Ние го цениме почитувањето кон нашите војници и солидарноста со украинскиот народ. Важно е што во овој тежок момент Германија е со нас – во поддршка и во сеќавање. Вечна почит кон сите бранители на украина кои ги дадоа своите животи за доброто на Украина и цела Европа“, објави Зеленски на телеграм, пренесува Укринформ. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите врз Украина. -„Господине Путин, запрете ја оваа. Бесмислена војна! Подготвени сме за преговори, подготвени сме да разговараме за нејзино прекинување. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, изјавил Мерц.Тој и Зеленски ја посетија националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со дрон во понеделникот. Тагови: Володимир Зеленски Киев Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕсенска дератизација во Општина АеродромЕсенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината. Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!Продолжува отчетот пред граѓаните.По средбите и разговорите низ Македонија, денес Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го продолжи отчетот под мотото “Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија” во Гостивар, каде пред граѓаните беа презентирани резултатите од досегашната работа. Пред гостиварчани, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски говореше за конкретните резултати од капиталните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, но и за едно од најважните прашања за македонската држава, европската интеграција. Во однос на капиталните инвестиции, Димитриевски посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат низ општините и кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. „Кога зборуваме за резултати, зборуваме за нешто што граѓаните можат да го видат и почувствуваат. Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура. Но, зад секој од овие проекти стои нешто многу поважно, подобар услов за живот, подобра услуга и нова можност за развој на секоја општина.“ порача Димитриевски. Димитриевски во своето обраќање се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора да се почувствува директно кај граѓаните. „Работиме на зголемување на платите во јавниот сектор, од административните службеници, преку вработените во образованието и здравството, до припадниците на безбедносниот сектор. Со потпишаните колективни договори и постепеното зголемување на платите, вложуваме во луѓето и во вреднувањето на нивниот труд. Подобриот стандард мора да биде резултат што граѓаните ќе го почувствуваат“ порача Димитриевски. Говорејќи за европската интеграција и односите со Република Бугарија, Димитриевски порача дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура, нагласувајќи дека ставот што ЗНАМ го застапува од своето основање денес е и став на Владата и државна позиција на Македонија. Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина. „Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет“ порача Димитриевски. На панел-дискусијата свои обраќања имаа и пратеникот Павле Арсовски, кој говореше за актуелните политички процеси и работата во Собранието, поранешниот министер за правда Игор Филков, кој се осврна на реформите во правосудството и владеењето на правото, како и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги. Движењето ЗНАМ продолжува со отчетот пред граѓаните низ Македонија, со порака дека резултатите мора да бидат видливи во секој град и секое населено место, затоа што Македонија не се гради само со зборови и ветувања, туку со работа што останува зад нас и со дела што граѓаните ги чувствуваат во својот секојдневен живот. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter