МакедонијаБрачна двојка од Македонија осомничена за киднапирање на сопственото бебеФранцуските власти шести дена трагаат по брачна двојка од Македонија, осомничена за киднапирање на сопственото бебе.Докторите во угледната болница Мерси во францускиот град Мец останале вџашени кога виделе дека постелата на 13-месечно бебе од Македонија, каде се лекувало цели два месеца е празна. Веднаш е алармирана полицијата, која случајот го води како киднапирање. Настанот се случил пред шест дена некаде околу полноќ. Мистеријата брзо ја разрешуваат безбедносните камери. Според француските медиуми, тие ги лоцираат мајката и таткото на бебето како бегаат по ходниците со девојчето во раце и влегуваат во автомобил. Покрената е потера, но трагата на возилото му се губи на границата со Германија, каде најверојатно побегнало семејството. Француските медиуми пренесуваат дека детето било донесено на лекување заради сериозни респираторни деформитети. Веста за Канал 5 ја потврдија и од болницата во Мец. ,,Наводното киднапирање, се случило? Не знаеме што е со детето, всушност не знаеме каде е. Дали родителите се киднаперите? Очигледно да, да. Бебето во Мец се лекувало од средината на јули. Тамошните медиуми пренесуваат дека на девојчето се уште му е потребна постојана грижа и оти прекин на лекувањето би имал сериозни последици врз нејзиното здравје. Истрагата ја води јавното обвинителство во Мец, а јавниот обвинител порача дека од здравствен аспект, локацијата на детето за нив е приоритет. ,,Трагата им се губи околу 7 часот наутро, на границата со Германија. На телефонот кој го користеа му се губи трагата потоа. Истрагата продолжува, се разбира. Мора да дознаеме каде се. Дали се во Германија? Во Македонија? на друго место? Тоа е важно за детето, бидејќи може да биде во голема неволја. Тоа е приоритет! Детето не може да се третира во Македонија за неговите деформитети, затоа мораме да се дознаеме каде се наоѓа и соодветно да го згрижиме. Медиумите пишуваат и дека француските власти воспоставиле и меѓународна соработка, а предупредени биле белгиските, германските и македонските власти. Сепак, од МНР велат дека не добиле никакво официјално известување од француска страна, а не сакаат да коментираат натписи во француски медиуми Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаКрвав масакр на Сардинија- ѝ пукал во глава на сопругата, па отишол и го убил својот брат (ВИДЕО)Жена (47) е тешко повредена, додека нејзиниот зет, маж (42), е убиен во два одделни напади што се случија во четвртокот во зори во близина на Каљари на Сардинија.Италијанската полиција се сомнева дека двата инцидента се поврзани. Осомничениот, 39-годишен маж од Каљари кој легално поседувал огнено оружје, им се предал на карабинерите по нападот и признал дека ги застрелал сопругата и братот, објавува РАИ. Според досегашните информации, првиот напад се случил околу 5:45 часот наутро во градот Соланас, каде што жена била застрелана во главата во нејзиниот семеен дом. Таа се здобила со сериозни повреди на главата и била итно префрлена во болницата Броцу во Каљари. Само 25 минути подоцна, околу 6:10 часот наутро, службите за итни случаи добиле повик од населбата Марџине Росо во општината Кварто Сант'Елена. Таму бил пронајден 42-годишен маж, застрелан во градите и починал на местото на настанот. Пет минути по вториот напад, во 6:15 часот наутро, осомничениот доброволно се појавил во станицата на карабинерите и признал дека ги застрелал сопругата и братот. Според првичните резултати од истрагата, мотивот за злосторството најверојатно лежи во сериозни семејни конфликти. По наредба на дежурниот обвинител, мажот е уапсен и приведен, додека карабинерите продолжуваат со истрагата и собирањето докази со цел целосно да се реконструираат околностите на убиството и обидот за убиство.Тагови: Сардинија сопругата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
ЕвропаБелорусија ја предупреди Полска на можна терористичка заканаБелоруското Министерство за надворешни работи ја предупреди Полска за можна терористичка закана на полска територија, а полските безбедносни служби сега ги проверуваат наводите. Официјална Варшава вели дека сериозно ја сфаќа секоја потенцијална закана, пишува „Еуроњуз“. Предупредување доставено до полски дипломат Белоруското министерство во четврток објави дека го повикало на разговори полскиот вршител на должноста амбасадор во Белорусија, Кшиштоф Ожана. На таа средба, според официјалното соопштение, на полската страна ѝ биле дадени информации за наводно планираниот напад. Целта на нападот наводно се деца на активистите Во соопштението од Минск се наведува дека во случајот се работи за лице кое живее во Полска и има криминално досие. Ова лице неодамна ја изгуби дополнителната заштита и правото на престој во земјата. Белоруските власти тврдат дека го планирале нападот врз децата на белоруски активист кој живее во Полска. Мотивот е одмазда бидејќи активистот наводно не му помогнал доволно на осомничениот да го задржи својот легален статус во Полска. Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека е подготвено да ѝ достави на Варшава дополнителни информации доколку е потребно. Полските служби ги проверуваат информациите Полската новинска агенција побара коментар од Јацек Добжински, портпарол на координативниот министер за специјални служби. „Не коментирам медиумски извештаи на оваа тема. Сепак, можам да ве уверам дека полските служби не игнорираат никакви загрижувачки сигнали и дека пристапуваат кон сите информации за можни закани со должна сериозност и решителност“, рече Добжински. Тој додаде дека специјалните служби генерално не зборуваат јавно за своите активности во раните фази од истрагата. „Вообичаено е разузнавачките служби насекаде во светот да не откриваат во оваа фаза дали презеле некакви чекори или какви точно се тие“, рече тој. Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, исто така, се осврна на ситуацијата во Варшава во петокот. Тој рече дека секое предупредување за тероризам се сфаќа сериозно. „Ова се информации стари само неколку часа и ние сè уште ги проверуваме. Секако, ние сериозно го третираме секое предупредување за тероризам и го подложуваме на верификација“, рече Сикорски.Тагови: белорусија Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИндонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанотИндонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси.Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан на бродот е во тек, соопштија официјални лица. Глисерот испловил од нуркачкиот центар во регентството Тоџо Унаун кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало, но не пристигнал, што предизвикало потрага, објави АП. Бродот превезувал пет холандски државјани, тројца Германци, по еден од Чешка, Белгија и Франција, како и двајца индонезиски членови на екипажот. Според раководителот на канцеларијата за пребарување и спасување на покраината Горонтало, Херијанта, спасувачките екипи пребарувале површина од околу 300 квадратни наутички милји користејќи глисери, дрон со термичка камера и опрема за нуркање. Преживеаните рекоа дека откако наишле на силна бура, глисерот се распаднал и потонал, а патниците се спасиле користејќи сплав за спасување, додека капетанот се изгубил во густата магла. Операцијата за пребарување на капетанот ќе продолжи во следните седум дена, соопштија индонезиските власти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00