Новиот Спринг на Дачија е електичен автомобил со ниска цена- ќе се произведува ви Словенија(ВИДЕО) - Канал 5

Новиот Спринг на Дачија е електичен автомобил со ниска цена- ќе се произведува ви Словенија(ВИДЕО)

Дачија ја претстави втората генерација на моделот Spring, својот целосно електричен градски автомобил. 

Новиот Спринг на Дачија е електичен автомобил со ниска цена- ќе се произведува ви Словенија(ВИДЕО)

Новиот модел е целосно редизајниран, но останува верен на филозофијата на едноставност и нуди само потребната опрема. Целта е електричните возила да бидат подостапни за поширок круг клиенти, во контекст на притисокот на Европската Унија врз производителите да се откажат од моторите со внатрешно согорување до 2035 година.

Новиот Spring е првиот од четирите електрични модели што Дачија планира да ги лансира до крајот на деценијата, а производството е преместено од Кина во фабриката на групацијата Renault во Нови Место, Словенија.

Поголем и поробусен дизајн

Визуелните промени се очигледни. Дачија му даде на новиот Spring поисправен и поробусен изглед со нагласен преден дел, истакнати лакови на тркалата и црни декоративни елементи што ги поврзуваат предните и задните светла. Моделот е значително поголем од својот претходник - поширок е за 18 сантиметри и подолг за 15 сантиметри.

Со вкупна должина од 3,85 метри и ширина од 1,74 метри, Spring останува градски автомобил, но треба да се чувствува значително постабилно на патот. Тој, исто така, го задржа стаклото во форма на пеперутка на задните врати, што е реткост кај новите модели.

Урбани перформанси и нов погон

Новиот Spring е во основа верзијата на Dacia на претстојниот Renault Twingo. Користи еден електричен мотор со 80 коњски сили и 175 Nm вртежен момент за погон. Според фабричките податоци, забрзувањето до 100 km/h трае 12,1 секунда, а максималната брзина е ограничена на 130 km/h. Иако перформансите не се изразени, тој е доста погоден за градски услови, каде што Spring ќе го помине поголемиот дел од времето.

Батерија и опции за полнење

Автомобилот е опремен со литиум-железо-фосфатна (LFP) батерија со капацитет од 27,5 kWh, што според WLTP циклусот овозможува опсег до 250 километри. Тоа е само мало подобрување во споредба со стариот модел, но Dacia истакнува дека сопствениците на претходната генерација возеле во просек 34 километри дневно, а 75 проценти од нив го полнеле возилото дома.

Стандардниот полнач за наизменична струја од 6,6 kW може да ја наполни батеријата од 15 до 80 проценти за девет часа преку домашна приклучница. Помоќниот систем за наизменична струја од 11 kW го скратува тоа време на еден час и 55 минути, додека опционалниот брз полнач за наизменична струја од 50 kW овозможува полнење од 15 до 80 проценти за 28 минути.

Функционален ентериер и практични решенија

Промените се видливи и во ентериерот. Стандардна е дигитална инструмент табла од 7 инчи, како и централен екран на допир од 10,1 инчи. И покрај фокусот на ниската цена, новиот Spring ги задржа физичките копчиња и прекинувачи за клучните функции.

YouTube video

Зад воланот има посебни контроли за јачината на звукот, што е препознатливо решение од Renault, а има и рачка за менување брзини. Dacia се фокусираше и на практичноста, па багажникот нуди 337 литри простор. Со преклопување на задната клупа, која може да се подели во сооднос 50:50, капацитетот се зголемува на 1283 литри. Како опција е достапен преден багажник од 18 литри, погоден за складирање на кабелот за полнење.

Опрема и цена под 20.000 евра

Иако е нискобуџетно електрично возило, новиот Spring не е без опрема. Во зависност од пакетот, нуди влез без клуч, задна камера, безжична поврзаност со платформите Apple CarPlay и Android Auto, навигација и поврзување со паметни телефони. Исто така, тука е и системот за додатоци YouClip и функцијата V2L (vehicle-to-load), која ѝ овозможува на батеријата на автомобилот да напојува помали електрични уреди.

Камерата во А-столбот е дел од задолжителниот систем за следење на возачот. Dacia објави дека почетната цена во Европа ќе биде пониска од 20.000 евра. Во Италија, основниот модел чини 17.900 евра, а побогато опремениот 19.500 евра. Овие износи не ги вклучуваат државните стимулации што би можеле дополнително да ја намалат цената.

Дачија не се обиде да го претвори својот најмал модел во луксузен градски автомобил, туку ја подобри докажаната формула. Резултатот е поголем, попрактичен и стилски автомобил кој останува верен на своето ветување за прифатлива цена и фокус на реалните потреби на клиентите.

Автомобили како Дачија Спринг би можеле да го забрзаат усвојувањето на електрични возила во Европа. Според Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), возилата со нулта емисија стануваат сè попопуларни. Во првата половина од годината, 22,2 проценти од сите нови автомобили продадени на континентот, вклучувајќи ги пазарите на ЕУ, Велика Британија и ЕФТА, беа целосно електрични.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украина ѝ нуди примирје на Русија на Црното море за може да извезува земјоделски производи

Украина достави до Русија, преку меѓународни партнери, предлог за прекин на огнот во Црното Море, со цел враќање на слободната пловидба и непречениот извоз на земјоделски производи.

Украина ѝ нуди примирје на Русија на Црното море за може да извезува земјоделски производи

Украина достави до Русија, преку меѓународни партнери, предлог за прекин на огнот во Црното Море, со цел враќање на слободната пловидба и непречениот извоз на земјоделски производи, и сега чека одговор од Москва, изјави синоќа украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Зборувајќи на Петтата меѓународна конференција на високо ниво за безбедност на храната „Храна од Украина“, Сибиха нагласи дека Киев е подготвен да придонесе кон глобалната безбедност на храната и затоа предложи воспоставување прекин на огнот во регионот на Црното Море.

„Подготвени сме за прекин на огнот. Благодарни сме на Индија, Турција и Египет, кои играат активна и важна улога во смирувањето на тензиите во Црното Море, како и во напорите за медијација. Сега чекаме одговор од Русија. Сите наши предлози се доставени“, рече Сибиха, според украинскиот јавен сервис „Суспилне“.

Тој изјави дека секој пат кога Киев презентира предлози за прекин на огнот во Црното Море преку меѓународни партнери, Москва поставува, според него, „нереални барања“.

Според него, Русија сега предлага да се вклучи прашањето за нафтата во условите на прекинот на огнот, имено прекин на украинските напади врз рускиот нафтен сектор.

Сибиха нагласи дека нафтата може да биде дел од поширок договор за енергетски прекин на огнот, на кој е подготвена и Украина, но дека таков договор би морал да ги вклучи сите енергетски компоненти.

„Кога станува збор за Црното Море, ние сме фокусирани на земјоделските производи. Понудивме конкретни и ефикасни предлози“, нагласи украинскиот министер.

Тој, исто така, укажа на важноста на меѓународниот притисок врз Русија за враќање на безбедноста на морскиот сообраќај во Црното Море.

Украина тврди дека извозот на жито од нејзините главни пристаништа на Црното Море околу Одеса е речиси целосно запрен од крајот на јули, откако Русија значително ги интензивираше нападите врз терминалите за жито и трговските бродови.

Од друга страна, Москва тврди дека не напаѓа цивилни цели.

Пред ескалацијата на конфликтот, трите пристаништа во регионот Одеса беа клучни за надворешната трговија на Украина, бидејќи околу 90 проценти од нејзиниот земјоделски и металуршки извоз минуваше низ нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова на младинскиот форум „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествуваше на младинскиот форум „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“, што се одржа во Офицерскиот дом во Битола.

Сиљановска-Давкова на младинскиот форум „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествуваше на младинскиот форум „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“, што се одржа во Офицерскиот дом во Битола, како завршна активност на проектот „Спорт без насилство – Младински форум за фер-плеј“, организиран од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.

Младите споделија видувања за еднаквите можности во образованието и спортот, за малолетничките бракови и насилството, а потем поставија низа прашања.

Според претседателката, спортот придонесува за физичкото и духовното здравје, ја поттикнува самодовербата и ги учи младите на фер-плеј, дисциплина и почитување на различностите.

Говорејќи за младите кои го прекинале школувањето, таа укажа дека можат да го продолжат преку програмите за основно образование за возрасни, при што посебно ги нагласи менторството, врсничката поддршка и улогата на граѓанските организации во овој процес.

Сиљановска-Давкова се наврати на своите училишни години, кога спортот бил составен дел од училишниот живот, а успесите на нејзината генерација, како што рече, им давале чувство дека „во светот значиме нешто“.

Претседателката истакна дека девојчињата и момчињата имаат право на детство, а спречувањето на малолетничките бракови треба да започне навреме, со едукација и информирање на младите за љубовта, сексуалноста и заштитата, како и со стручна работа со семејствата.

За неа, воспитувањето во духот на ненасилството треба да започне уште од најрана возраст, особено затоа што навредите, понижувањето и вербалната агресија често претходат на други облици на насилство.

Таа нагласи дека толеранцијата се манифестира во односот кон оние што размислуваат поинаку, а на младите им упати совет да поставуваат прашања, да не се плашат од различни ставови и да трагаат по нови знаења, оти човекот учи во текот на целиот живот.

На панел-дискусијата учествуваа и м-р Фатма Бајрам Аземовска, претседателка на Здружението „Сумнал“, градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски, професорот м-р Михајло Силјан, психологот Наташа Бекирова и претставникот од општинската Комисија за спорт и млади, Мартин Ивановски, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Семејство од Хрватска си ја урива новоизградената куќа, вредна 250.000 евра- не е дивоградба

Четиричлено семејство од Меѓумурје во Хрватска било принудено да ја сруши својата новоизградена куќа поради низа сериозни грешки од страна на изведувачот. 

Семејство од Хрватска си ја урива новоизградената куќа, вредна 250.000 евра- не е дивоградба

Тие инвестирале 250.000 евра во изградбата, а сега мора да платат за рушењето. Семејството не сакало да дава изјави, но се знае дека ја имале целата потребна документација за изградбата и дека правилно ја платиле работата, пренесе Индекс.

Проблемите станале видливи откако куќата била ставена под покрив, кога почнале да се појавуваат пукнатини на темелите и ѕидовите. Градежниот инспекторат забранил продолжување на работите и им наложил на сопствениците што е можно поскоро да ја срушат куќата поради оштетена статика, јавува ХРТ.

Полицијата пронашла голем број неправилности

Со случајот се занимавала и Полициската управа на Меѓумурје, која спроведе кривична истрага. Во полициското соопштение се наведува дека изведувачот постапил неправилно и без потребните измени во проектот и градежната дозвола.

„За време на изградбата на куќата во 2022 година, изведувачот постапил неправилно бидејќи произволно го променил начинот на темелење на куќата, без соодветни измени во проектот и градежната дозвола. Притоа, не биле спроведени потребните контроли на почвата, а не биле почитувани пропишаните количини и видови на арматура, како и квалитетот на бетонот“, се вели во соопштението на полицијата.

Ризик од уривање

Во полицискиот извештај, исто така, се наведува дека дефектите довеле до пукање на куќата и оштетување на носечките делови, што сериозно ја поткопало стабилноста на целата зграда. Утврдено е дека секое понатамошно оптоварување, како што е продолжување на работите или зафаќање, би претставувало директен ризик од уривање и би ги загрозило човечките животи.

Рушење и правна битка

Рушењето на новоизградена куќа е исто така емоционално тешко за работниците кои ја извршуваат работата. „Многу е тешко кога нечија куќа е урната. Вклучени се емоции, но ние сме компанија што го прави тоа и е платена за тоа“, рече Иван, вработен во компанија за рушење.

Од друга страна, директорот на компанијата од Домашинац што ги изврши работите не се јави на повиците. Сопствениците се надеваат дека во судскиот спор што ќе следи ќе можат да ги вратат 250-те илјади евра инвестирани во изградбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер