Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките
1Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките
2Ристовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинација
3Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
ЖивотБожиќно послание на г.г. Стефан: Годинава да биде време на победа над злотоГодинава да биде време на победа над злото, непријателствата и подмолната болестСкопје, 7 јануари 2021 † СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот1. Возљубени чеда во Господа, Денес, на овој спасоносен ден, ликуваат ангелите и светиите на небесата, а ние верните се радуваме на земјата. Ветениот Месија, за Кого пророците пророкувале и праведниците Го очекувале, Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се родил во времето: слегол од небото на земјата придружен со песни на ангелите, дочекан од пастирите и даруван од мудреците. Во спомен на тој спасоносен настан, еве, по милоста Божја, и ние чествуваме молитвено и серадосно, славословејќи со благодарни служби и со несекојдневно духовно расположение. Денес Господ, заради нас луѓето, се понижил и го зел нашето тело, за да нè ослободи од ропството на гревот и смртта, за да ни дарува живот во вистината и радост која никој не може да ни ја одземе. Денес милостивиот Бог, на човечкиот род повторно му ги отворил вратите на рајот, покажувајќи му го благословениот пат за обожување. Бог Отецот благоволил да Го испрати Својот возљубен Син, за да нè помири, нас создадените, со Себе – Беспочетниот, па преку тоа соединување да ни даде можност повторно да станеме учесници во Божјата природа. Всушност, со воплотувањето и со рождеството на Синот Божји, на светот му се дарувани мир и сеопшта радост. Сезнајниот Бог, согледувајќи ја немоќта на човекот сам да се спаси, Го испратил Својот Единороден Син – Новиот Адам, Кој поднел дури и крсна жртва за да го обнови и врати она што се изгубило со престапот на прататкото Адам. Ете, тоа Божјо човекољубие е причината што денес ликува сета вселена – славејќи го помирувањето меѓу Бога и човекот. Затоа Светата Црква, потсетувајќи се на спасоносниот настан, повикува: „Пријдете, Христоносни луѓе, да го видиме прекрасното чудо – кое го ужаснува секој разум и набожно воспевајќи го да се поклониме…"– „Торжествувај Сионе, весели се Ерусалиме, граде на Христа Бога! Дочекај Го Создателот Кој се сместува во пештера и во јасли… Оној што во раката го држи сето создание – Животодавецот Господ, Кого што со непрестаен глас Го воспеваат ангелите и Кој нашиот род го спасува". Впрочем, ова божикно радување се повторува на секој христијански празник, па и сите денови нè потсетуваат на витлеемскиот настан – на секоја Утринска богослужба радосно се пее: Бог Господ ни се јави, благословен е Оној, Кој доаѓа во името Господово!10 Тоа, всушност, е постојано празнување на Божик, тоа е секојдневно радување на спасоносното и неповторливото рождество – радување на Христовото доаѓање на земјата. Со Витлеемскиот Богомладенец, Кој се јави во тело, се покажа сè што е Божјо и совршено. Тој дојде во овој свет за да нè вооружи со Своето непобедливо оружје, зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството. Затоа, ширум да ги отвориме нашите души и срца и да ги претвориме во пештери и јасли на покајание, во кои ќе Го положиме и ќе се всели Несместливиот. Синот Божји, доаѓајќи во човечко тело, како Богочовек, потврди дека Бог ги љуби светот и човекот. А каде е љубовта, таму е и самиот Бог, оти Бог е љубов. Ние, пак, луѓето, колку љубов имаме во себе, толку сме блиску до Бога и по тоа Тој нè препознава. Затоа и ни порачал: … да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. И ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја. И свети Максим Исповедник, богословејќи за смислата на денешниот празник, говори: „Божјото Слово, откако еднаш се роди во тело, сака вечно да се раѓа духовно за оние коишто Го љубат"16. Човечкиот род веќе дваесет столетија Го слави Оној Кој од човекољубие ја прими нашата природа и повторно ни го дарува изгубеното достоинство, па затоа апостолот истакнува: …кога така нè возљуби Бог, тогаш и ние сме должни да се љубиме еден со друг. Возљубени чеда во Христа Богомладенецот, Ова, нашево време, е време кога особено се испитува нашата вера. Животот на народите, и покрај сите постигнувања, постанува сè потежок и понеизвесен. Живееме во време со многу кризи: на економски, политички, социјален, образовен, здравствен и особено на морален план. Во светот секојдневно има сè повеќе човечки трагедии и страдања; сè повеќе царуваат самољубието, бесчувствителноста, жестокоста, лицемерието, зависта, горделивоста, а љубовта сè повеќе е заменета со омраза и доброто со зло! А тоа е така зашто сè помалку Го имаме Христа во животот, а и на другите не им го правиме она што сакаме другите нам да ни го прават. Затоа и не можеме да ја разбереме целта на човековиот живот и неговата смисла, ниту, пак, можеме да го најдеме патот на спасението – зашто се оддалечивме од Бога, но и едни од други. Отуѓувањето од Бога значи духовна смрт и чекорење во темнина. Ние луѓето како да заборавивме дека без Него, без Бога, не ќе можеме да правиме ништо19. Оваа состојба, која целиот свет ја преживува, со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Народите повторно се соочени со големо страдање и со зголемена смртност. Но, најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да Го љубат Бога и да ги љубат ближните. А покајанието и поправањето се најдобриот лек против сите болести на телото и на душата. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква, Еве, и во 21-от век, за жал, продолжува оспорувањето на правото за национално самоопределување, како и непочитувањето на човековите права и слободи. Некои заборавија дека само она што се потпира врз вистината и правдата, дека само тоа што се создава во мир и со љубов, само тоа останува да живее во времето. Сегашноста и иднината не создале и не можат да создаваат минато или, по нечија желба, да го менуваат истото. Само луѓето и народите, поучени од минатото, можат да се менуваат и да се поправаат, за лошото да не се повтори. А историјата ни сведочи дека на сè што се потпира врз сила и невистина, кога-тогаш му доаѓа крајот. Затоа, како македонски народ, пред никого и за ништо да не отстапуваме од своето, од вековното! А јубилеите, што ги одбележавме во текот на ова лето Господово, сведочат за исконското црквољубие на нашиот народ. Прославивме 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир, светилиште што ја потврдува древноста на нашата духовност и на македонското богољубие и монахољубие. Воедно, оваа година се навршија и 6 децении од осветувањето на храмот „Свети великомаченик Георгиј" во Мелбурн, Австралија; 55 години од осветувањето на храмовите „Свети Климент Охридски" во Торонто и „Успение на Пресвета Богородица" во Колумбос, на Северноамериканскиот Континент, како и 30 години од осветувањето на Соборниот храм „Свети Климент Охридски" во Скопје. Добриот однос со Бога и со луѓето постојано треба да се создава и да се негува. Но треба и да се научи, па затоа е многу важно какво образование ќе им понудиме на сегашново и на идните поколенија, и во семејството и во школството. Само доколку во родителскиот дом и во училиштето се негуваат моралните и воспитните вредности, ќе можеме да имаме надеж и како држава и како народ. Не смее да се допушти нарушување на вистинските права и вредности, и да не дозволиме да се обнови веќе видениот систем на богоборно едноумие! Нека годината којашто доаѓа биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, да биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест; нека биде и време на благодарност до здравствените работници, чија саможртва треба да биде за пример. На сиот наш народ, овде во Татковината и насекаде по светот, им ги честитаме божикните празнувања, поздравувајќи ги со серадосниот поздрав: – Х Р И С Т О С С Е Р О Д И ! Честито и од Бога благословено новото лето Господово! †СТЕФАН АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ со членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Aрхиепископија † ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски † ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски † НАУМ, Митрополит Струмички † АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски † МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски † ПИМЕН, Митрополит Европски † ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички † ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски † ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски На Божик, 2020-то лето ГосподовоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКлековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациенткитеМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска го посети мултидисциплинарниот кабинет за дојка во рамки на Клиничката болница - Штип.Клековски при посетата рече дека речиси илјада жени годишно заболуваат од оваа болест. -Во месецот во кој се обидуваме да ја подигнеме свесноста за борба против ракот на дојката, еден од најчестите канцери, речиси илјада жени годишно добиваат рак на дојка и тоа претставува значаен здравствен проблем за жените и за општеството. Меѓутоа, тука сум да ги видам и новите услуги кои се воведени во клиничката болница, новата лабораторија, новиот сет на услуги, а веќе наредната недела ќе најавиме и нови услуги на одделот за неврологија. Целта ни е на таа нова зграда што ќе се гради да почнеме да ѝ даваме содржина бидејќи здравството не го чинат зградите, го чинат луѓето и нивната работа - истакна Клековски. Целта на мултидисциплинарниот кабинет за дојка е подобра координација меѓу специјалистите, за побрз и поквалитетен одговор на потребите на пациентките со болести на дојката. За овој месец е предвидено да се направат дополнителни 180 мамографии за време на викендите — за пократка листа и пократко чекање. Во Клиничката болница Штип се очекува и нов, современ мамограф — за поквалитетна услуга за пациентките од источниот дел на земјата.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинацијаОрганизатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт. Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на прес конференцијата и изрази поддршка за првиот настан на најголемата ММА организација во Европа, „FNC 34 Fight Nation Championship “ што ќе се одржи на 24 октомври во СЦ „Т-Арена/Борис Трајковски“ во Скопје. Организатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт. „Министерството за спорт секогаш ќе дава поддршка на вакви проекти кои го промовираат спортот и Македонија. Мислам дека ова ќе биде голем и убав спектакл и ќе гледаме квалитетни борби кои ќе го промовираат спортот, но ќе ја провомираат и Македонија како спортска дестинација“ - истакна министерот Ристовски. ФНЦ за прв пат доаѓа во Македонија, но со оглед на се растечката популарност на ММА борбите нјавена е долгорочна соработка и организација и на други настани во иднина. „По повик од многубројни фанови од Македонија, ФНЦ доаѓа по првпат во Скопје. Многу веројатно не сме последен пат овде. Доаѓаме со сериозни борби, ние сме во подем, растеме секој ден. Гледачите ќе можат 4-5 часа да уживаат во спектакуларни борби“ - изјави Дражен Форгач, основач и претседател на „ФНЦ“. На „FNC 34 Fight Nation Championship“ Македонија ќе биде застапена со пет борачи. Македонската ММА Федерација ќе ја претставуваат: Даниела Алексовска, Марко Трајановски, Тоше Цветков, Ален Амедовски и Дино Старчевиќ. На шампионатот ќе има 11 борби, а во главната борба на вечерта, Лом-Али Ескиев ја брани титулата во лесна категорија против Марко Бојковиќ. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска во Брисел: Со заеднички сили до стратегија за чиста енергијаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е членка на Управувачкиот комитет на Мрежата на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања (Women Public Sector Climate Leaders Network). Со ова членство, таа директно се вклучува во утврдувањето на стратешките насоки на Мрежата и во европскиот дијалог за климатските политики, чистата енергија и одржливите инвестиции. Божиновска денеска во Брисел учествува на основачкиот собир на Мрежата, посветен на спроведувањето на климатските цели, забрзувањето на енергетската транзиција и поврзувањето на јавните политики со инвестициите и технолошкиот развој. Управувачкиот комитет ги утврдува стратешките приоритети на Мрежата и придонесува во подготовката на високите политички дијалози. За Македонија, учеството на министерката претставува можност за размена на искуства и воспоставување контакти за идна соработка во развојот на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и модернизацијата на инфраструктурата. На дневен ред се и климатската отпорност, заштитата на водните ресурси, циркуларната економија и примената на дигиталните технологии и вештачката интелигенција. Посебен акцент се става на соработката меѓу владите, европските институции, финансискиот сектор и бизнис-заедницата во реализацијата на климатските цели. Мрежата е основана од Women Political Leaders (WPL) во партнерство со Мрежата на жени лидери за климата на Групацијата на Европската инвестициска банка, со цел да се зајакне придонесот на жените на раководни позиции во јавниот сектор во креирањето и спроведувањето на климатските политики. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook