Божиќно послание на г.г. Стефан: Да подариме грижа и љубов - Канал 5

Божиќно послание на г.г. Стефан: Да подариме грижа и љубов

Божиќно послание на г.г. Стефан: Да подариме грижа и љубов, воплотеното Слово Божјо е најдобар показател дека промената започнува од личноста.

Божиќно послание на г.г. Стефан: Да подариме грижа и љубов

† СТЕФАН,

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,

АРХИЕПИСКОП

ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,

ЗАЕДНО СО

СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,

ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА,

ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА

ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,

ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него1.

Возљубени чеда во Господа,

Радосниот празник на Христовото рождество е спасоносниот ден во кој се помириja небото и земјата и денот кога Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се роди во времето. Денес предвечниот Бог „стана човек заради човекот" и „Бог се вочовечи за ние да се обожиме"3. Денес, на овој величествен ден, Милостивиот Господ го ослободи човековиот род од ропството на гревот и му ги отвори вратите на рајот. Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има живот вечен. А човекољубивиот Бог уште на почетокот го избрал човековиот род за спасение, посиновувајќи го преку Својот Единороден Син – Господ Исус Христос, со што дал можност …сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината8. Тоа единство меѓу Бога и човекот било посакувано и очекувано од сите праведни и богољубиви луѓе во старозаветната историја. Уште многустрадалниот Јов копнеел да биде во близина на Бога, воскликнувајќи: О, да знаев како да Го најдам, да можев да се приближам до престолот Негов! Но дури кога се исполнило времето, Бог Го испратил Својот Син, Кој се родил од Пресвета Дева Марија и како Богочовек го спасил паднатиот во грев човеков род.

Возљубени празникољупци,

По милоста Божја, еве, и годинава се удостоивме да го дочекаме Празникот на нашето спасение, па затоа да Му благодариме на Бога за непроценливиот дар на љубовта, дарот даден како белег на оние коишто се фалат со Неговото име. Токму во овие денови на празнувања, во време на дарови и во време на прославување, повикани сме да ја побараме смислата на празникот, смислата на дарувањето, смислата на славењето, да ја откриеме пораката не само на човековите обичаи, туку и на човековиот живот, и на неговата определба и цел. Зашто, има ли некаква корист за човекот празнувањето на Божик без Бога? Која е ползата од чествувањето без духовна радост? Божествениот Златоуст вдахновено го осмислува празнувањето: „Бидејќи сите се веселат од радост, и јас сакам да се веселам, сакам да играм, сакам да торжествувам. Но… наместо музички инструменти, ги носам даровите Христови. Зашто тие ми се надеж, тие ми се живот, тие ми се спасение…". Ваквото разбирање на празниците, ваквите зборови што придонесуваат за духовен спокој, се вистинскиот начин што ни е потребен во ова време на предизвици. Даровите Христови му ја донесоа на човекот надежта дека ќе празнува со Бога и во Бога и му ја објавија смислата на животот, што ја беше загубил поради престапот на прародителите.

И, еве, во време кога светот ги слуша само оние нешта коишто сака да ги чуе, Светата Црква го крева својот глас и му говори на современиот човек со зборови разбирливи, зборови нови, зборови од неговиот сопствен јазик, но коишто не се во согласност со неговиот начин на живеење. Црквата живее и постои во два света, но својот здив го добива од Небесното

Царство, како од вистинска Татковина на секој човек. Ете, таа Црква нè повикува да ја разбереме суштината на Божик, на Божик како празник на Божјата подадена рака, како празник за обновување на човековите духовни сили и празник на возобновените можности на човековата личност.

Поради тоа, на овој ден да си спомнеме и за последниве исклучително тешки години, исполнети со искушенија, предизвици, болки и разделби. Навистина, како човештво се соочивме дека, и покрај големиот технолошки развој посведочен во нашиов животен век, над нас висат катастрофи со кои човекот е премал да се соочи сам... Црквата, таа духовна мајка, преживувајќи ја историската и општествена реалност, му го нуди својот топол глас на современиот изморен и исплашен човек, своето автентично сведоштво дека, сепак, причината за болеста и за распадливоста во човекот е гревот. Болеста, како и секое друго зло во светот, е последица на секој наш грев, на секоја наша неправда што ја нанесуваме, на секоја омраза што ја допуштаме, на секој гневен поглед што го упатуваме…

Возљубени чеда во витлеемскиот Богомладенец,

Во Црквата пееме дека Христос дојде во светот за да ја отстрани оддалеченоста на човекот од Бога, да го разруши ѕидот на поделбата меѓу небесните и земните12. Бог се соедини со човекот, а како што вели свети Григориј Богослов: „Тоа што се има соединето со Бога, тоа и се спасува"13. А Спасителот, Кој е пред нас и со нас на секоја Божествена Литургија, ни се дава како лек за секоја наша болка, како прошка на секое наше прегрешение, како залог за единство во Неговата благодат. Само Тој е моќен, преку овие дарови, да ни ја врати слободата, се разбира, доколку се определиме да Го следиме Неговиот пат.

Во време кога сите бараме и очекуваме промени во овој свет на економска и социјална нееднаквост и на политичка поделеност, воплотеното Слово Божјо е најдобар показател дека промената започнува од личноста. Богомладенецот Христос, Кој во овој свет се покажа како мало и навидум немоќно дете, ја започна најголемата промена во историјата на светот, промена која продолжува до денес и ќе трае до крајот на времето. Нам, како на членови на Неговото свето тело, на Црквата, Тој може да ни ја даде силата и способноста да бидеме и ние почеток и продолжение на промената во светот.

Христос, како Творец на сите, не се открива секому посебно, туку на својата Црква. Христос е Спасител на сите луѓе, и да се биде во Него значи да се биде дел од Неговата божествена заедница ‒ дел од Неговата Црква. Во секое разделено општество, во секоја разделена земја, христијаните се тие коишто треба да го понудат единството и да настојуваат на него, покажувајќи им Го на другите луѓе Оној Кој им дава можност за обединување ‒ не само помеѓу себе, туку и во Бога.

Единството во Светата Црква се остварува преку смирението и преку послушанието, преку согласноста во Светиот Дух. Гласот на полнотата на Црквата, е гласот на Светиот Дух, Кој говори од единството, а не од поединецот. А за да бидеме такви, треба да се облечеме во Господа, да се удостоиме да учествуваме во Неговата вечна радост и да се исполниме со Неговиот божествен мир. Впрочем, животот на секој вистински христијанин треба да е постојано доживување на Христовиот живот на земјата. За да го исполниме тоа, треба да сме дос­тојни членови на Црквата, да живееме во Црквата и со Црквата, со која Господ Христос раководи.

Бог е Оној Кој дава и зема, Кој помага и гради, без Кого залудни се сите човечки напори19. Она што можеме да го направиме за другите во секоја прилика, е да покажеме грижа. Грижата за доброто на човекот во еден свет што лежи во зло, грижата за здравјето на другите во едно време на погибија и на страдање, грижата за насушниот леб на оние кои се во тешкотии и во економска несигурност, грижата за ближниот – тоа е она што ќе го спаси светот и нас со него.

Затоа, и на овој Божик, и во сите дни, заедно со даровите, да подариме и грижа, да подариме и љубов! Милостивиот Бог нека ни дава сила да се покажеме и ние како Христоносни јасли, да ги издигнеме срцата кон небото и да не го забораваме својот призив и својата должност, благодарејќи Му на Спасителот за непроценливиот дар на љубовта, што им го дал како белег на оние кои Го носат Неговото име.

Возљубени чеда на мајката Македонска Црква,

Од нас, како од македонски народ, држава и Црква, во ова време преполно со искушенија, се бара поголема грижа и дополнителна внимателност при решавањето на наметнатите прашања, коишто во последно време некои ги исправија пред сите нас. Да внимаваме, зашто никогаш и никаде не се дошло до вистината со отстапки од своите духовни, национални, историски и културни посебности. Само народи коишто немаат свое, посегаат по туѓо. Затоа никој и пред никого, нема право да се откажува од она коешто, како дар Божји и како сенародно наследство, им припаѓа и на поколенијата пред нас, како и на оние по нас. Ниедна привремена добивка не е достојна замена за последиците што можат да произлезат од загубата на она што нè прави посебен народ, на ова парче македонска земја, дарувано од Бога и зачувано со безбројните жртви на нашите предци.

Честитајќи ви го Божик, на сите чеда на Македонската Православна Црква, овде во Татковината и насекаде по светот, ви посакуваме мир и изобилни дарови од Новородениот Богомладенец, поздравувајќи ве со радосниот поздрав:

Х Р И С Т О С С Е Р О Д И !

Честито и од Бога благословено новото лето Господово!

† СТЕФАН,

АРХИЕПИСКОП

ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

со членовите на Светиот архијерејски синод на

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско–пелагониски и

администратор Австралиско–новозеландски

† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско–кичевски и

администратор Австралиско–сиднејски

† НАУМ, Митрополит Струмички

† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски

† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско–канадски

† ПИМЕН, Митрополит Европски

† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички

† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско–гостиварски

† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско–осоговски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка монструм: Отишла во Лас Вегас да се коцка и пет дена ги оставила сами четирите мали деца (ВИДЕО)

Мајка на четири деца од Флорида е уапсена на аеродром откако наводно ги оставила своите деца сами дома со денови додека патувала за Лас Вегас.

Мајка монструм: Отишла во Лас Вегас да се коцка и пет дена ги оставила сами четирите мали деца (ВИДЕО)

Ирена Милер, 50, беше приведена од заменик-шерифската канцеларија на округот Осеола веднаш штом излезе од авион на меѓународниот аеродром Орландо во петокот.

Снимките од камерата на телото покажуваат како полицајците се приближуваат кон Милер, која носела кафеав деловен костум и шал, на мостот за заминување, а потоа ја шетаат низ аеродромот до полициското возило што чека, објавува „Дејли меил“.

Потоа таа била однесена во канцеларијата на шерифот, каде што била обвинета за четири обвиненија за занемарување на дете без да предизвика сериозни телесни повреди и е приведена во затворот во округот Оринџ.

Полицајците изјавија дека истрагата за наводното занемарување на дете од страна на Милер започнала откако добиле телефонски повик кратко по 20:30 часот во среда.

Во повикот, малолетник пријавил дека неговиот деветгодишен брат бил удрен од тег што му паднала на главата во нивниот стан на булеварот Парквеј во Кисими.

Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, пронашле четири деца, на возраст од девет, 11, 12 и 14 години, без надзор.

Деветгодишното момче било однесено во болница со брза помош и противпожарна служба поради повредите. Подоцна бил пуштен од болница.

Во меѓувреме, полицајците успеале да ја контактираат Милер по телефон, која наводно им рекла дека работи во Лас Вегас и планира да се врати дома во петок.

Истражителите подоцна дознале дека Милер отпатувала во Лас Вегас на 18 октомври, пет дена пред нејзиното закажано враќање дома.

Според нејзините објави на социјалните мрежи, Милер, професионална фотографка, изгледа работела со клиент поврзан со франшизата „Better Homes and Gardens Real Estate“.

Таа наводно им рекла на заменик-шерифите дека има дадилка која патува од Тампа секое утро за да ги подготви децата за училиште и дека дадилката ќе ги проверува попладне, но дека не ѝ треба дадилката да преноќи.

По разговорот со децата, заменик-шерифите го контактирале таткото на децата, кој ги вратил сите четири деца во својот дом.

Кога Милер слета на меѓународниот аеродром во Орландо во петокот, заменик-шерифите ја чекаа и ја уапсија на местото на настанот.

„Канцеларијата на шерифот на округот Осеола нема да толерира занемарување на деца“, рече шерифот Крис Блекмон во соопштението.

„Овие случаи ќе бидат истражени и ќе бидат поднесени обвиненија против родителите кои не ги надгледуваат или не се грижат правилно за своите деца.“

Не е јасно дали мајката-монструм ангажирала адвокат да зборува во нејзино име.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одмазда на Макрон: Франција носи закон за демонстрантите да плаќаат штета во немирите

Според предложениот закон, кој треба да го усвои Националното собрание, од демонстрантите може да се бара да платат до 10.000 евра за штетата предизвикана за време на демонстрациите.

Одмазда на Макрон: Франција носи закон за демонстрантите да плаќаат штета во немирите

Францускиот Сенат усвои нацрт-закон со кој демонстрантите ќе бидат финансиски одговорни за штетата предизвикана за време на демонстрациите.

Сенатот ја усвои проширената верзија на законот со 229 гласа „за“ и 105 „против“. Предлогот беше поддржан од сојузот на десниот центар, кој има мнозинство во Сенатот, пренесува Euronews.

Предлог-законот сега оди во политички поделеното Национално собрание, каде што ќе биде разгледан и ставен на гласање. Законот беше предложен откако избија големи немири откако Пари Сен Жермен го победи Арсенал во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во мај.

Предлогот оттогаш доби ново значење откако протестите поради нееднаквоста и зголемените цени станаа насилни на 17 октомври, при што илјадници бизниси беа оштетени или ограбени.

Говорејќи пред парламентот, министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњез ја истакна „итноста“ да се одговори на штетата и сцените на хаос забележани на 17 октомври.

„Не можеме повеќе да дозволиме огромното мнозинство наши сограѓани да плаќаат за постапките на малцинство вандали“, рече тој.

Критичарите предупредуваат на финансиски последици за ранливите семејства

Критичарите предупредуваат дека дури и лицата кои лично не направиле штета може да бидат прогласени за финансиски одговорни доколку се утврди дека свесно учествувале во група формирана за да изврши вандализам.

Предлог-законот, исто така, ќе дозволи да се повлечат социјални и станбени бенефиции за покривање на штетите, што наиде на критики од левичарските пратеници и групите за човекови права.

Амнести интернешнал предупреди дека овие мерки може да ги турнат „веќе маргинализираните семејства дополнително во сиромаштија“.

Ова не е првпат европска влада да спроведува построги безбедносни мерки како одговор на насилните протести.

Во Италија, со нов безбедносен декрет се воведуваат построги казни за насилните протести, вклучително и затворски казни од четири до 12 години за организирање групи вклучени во насилни демонстрации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Богати браќа од САД дрогирале и силувале жени, меѓу жртвите има и девојчиња (ФОТО)

Тројца браќа се осудени на по 30 години затвор затоа што со децении дрогирале и силувале десетици жени. 

Богати браќа од САД дрогирале и силувале жени, меѓу жртвите има и девојчиња (ФОТО)

Тал Александар (40) и близнаците Орен и Алон Александар (39) беа прогласени за виновни во март. Судот утврди дека го користеле своето богатство и општествен статус за да ги намамат жените на забави и луксузни домови, каде што потоа сексуално ги напаѓале, пишува Би-Би-Си.

Изјави на жртвите на суд

Пред да ја изрече пресудата, судијката Валери Капрони им рече на браќата: „Вашето однесување беше монструозно. Вашите злосторства им ги уништија животите“.

За време на сослушувањето во вторник наутро во судот во Њујорк, беа сослушани 12 жртви, вклучувајќи ја и една која не сведочеше на самото судење. Една по една, жените ја опишаа психолошката траума што ја претрпеле по силувањето. Тие рекоа дека се надеваат дека срамот што го чувствувале сега ќе се пренесе на обвинетите. Многумина побараа од судијата да изрече максимална казна доживотен затвор за секој брат.

Маја Милер му рече на судот дека откако Тал Александар ја силувал во 2014 година, таа го изгубила секое чувство на сигурност. „Во себе носам тивок погреб за личноста во која можев да станам ако ова никогаш не ми се случеше“, рече таа.

Друга жртва, под псевдонимот Иса Брукс, рече дека ја изгубила способноста да верува во себе откако Тал и Алон Александар ја силувале кога имала 16 години. „Немав поим во каква опасност сум сè додека не било предоцна“, сведочеше таа. Друга жена откри како Тал Александар ѝ се заканувал кога планирала да го пријави силувањето, велејќи дека знаел каде работи нејзината сестра.

Ставови на обвинителството и одбраната

Обвинителката Елизабет Еспиноза тврдеше дека браќата заслужуваат максимална казна бидејќи фактите „сликаат навистина разорна слика“. Таа нагласи дека со текот на годините ги усовршиле методите со кои ги намамувале жените со ветувања за луксуз и дека останале „целосно рамнодушни кон страдањето што го оставиле зад себе“.

За време на сведочењето на жртвите, тројцата браќа покажале малку емоции. Тие гледале напред или се консултирале со адвокати. Нивните адвокати на одбраната објасниле дека им било советувано да не ги гледаат жртвите за да не бидат погрешно протолкувани.

Адвокатите побараа казни од 15 години и рекоа дека нивните клиенти станале посветени татковци чии семејства ќе страдаат во нивно отсуство. Сите тројца се обратија пред судот, инсистирајќи на својата невиност.

„Нашето мото беше „работете напорно, забавувајте се повеќе“, рече Тал Александар, додавајќи дека сега сфаќа дека неговото однесување „ги повредува чувствата на другите“.

Сепак, нивните изјави не ја убедија судијката Капрони. Таа се спротивстави на нив бидејќи одбиваат да ги признаат злосторствата. „Како можете да рехабилитирате некого кој никогаш не ја признал грешката што ја направил?“, праша таа.

Пресуда и детали за злосторството

На крајот од рочиштето, судијката ги осуди браќата на по 30 години затвор за одредени злосторства. Таа, исто така, ги осуди на дополнителни казни од 20 години затвор за други злосторства, но појасни дека овие казни ќе бидат издржувани истовремено.

За време на петнеделното судење, сведочеа 11 жени, од кои некои биле малолетни девојчиња во времето на нападот. Тие опишаа како нивните браќа им давале подароци и ги носеле на патувања во Аспен и Бахамите. Таму, според изјавите, биле дрогирани, а потоа силувани.

Обвинителите тврдеа дека моделот на насилно однесување започнал во средно училиште, иако судењето опфаќало кривични дела извршени од 2008 година. Според обвинителството, браќата ставале дрога во пијалоците на жените, „физички ги ограничувале и ги држеле за време на силувањето и ги игнорирале вресоците и експлицитните молби да престанат“.

Кои се браќата Александар

Одбраната на браќата за време на судењето тврдеше дека сексот бил консензуален и дека тие биле женкари, но не и насилници.

Двајца браќа, Тал и Орен, се збогатиле продавајќи луксузни недвижности во Њујорк и Мајами. Тие работеле за американската компанија за недвижности Даглас Елиман, а меѓу нивните клиенти биле Линдзи Лохан, Ким Кардашијан и Канје Вест. Во 2022 година, тие ја основале својата компанија, Official, со седиште во Њујорк. Алон Александар работел во семејната компанија за обезбедување Кент Секјурити.

Додека судијата ги изрекувал нивните казни, браќата гледале право напред.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер