Божиќните празници во младинската куќа - Канал 5

Божиќните празници во младинската куќа

30-ина млади сплотени како едно чекорат кон светот на возрасните.

Божиќните празници во младинската куќа

Младинската куќа на СОС детското село во Бардовци е една од 4те куќи во Скопе каде тинеџерските години ги минуваат 7 деца на возраст од 14 до 18 години под закрила на своите згрижувачи и воспитувачи. Оваа организациска средина ги подготвува младите за понатамошниот самостоен живот. Од самиот влез, во дворот, но и низ целата куќа се чувствува позитивна и топла домашна атмосфера. Илчо Бадаров кој е раководител на службата за живеење со поддршка, вели дека оваа програма овозможува сосема нормален тинеџерски живот. Тие заедно живеат и фукционираат како една семејна задница. Децата во зависност од своите потенциали и аспирации посетуваат училиште, курсеви, ректеативни, културни и спортски активности.

- Се дава поддршка на 28 млади лица во 4 различни куќи во градот Скопе. Основната цел на оваа програма е подготовка на младите за самостоен живот. За грижата и поддршката на лицата во оваа програма се грижат вкупно 23 вработени лица од кои 20 лица се воспитувачи и четворица се стучни работници кои се во директна грижа и работат со младите.- Илчо Бадаров- раководител на служба за живеене со поддршка

Еден од воспитувачите во младинската куќа е Васко Тодоров, кој таму е многу повеќе од познатиот лик од ТВ екраните. Васко смета дека во социологијата, комедијата и грижата за некого имаат нешто заедничко, а тоа е разбирањето на однесувањето, мислите и чувствата на луѓето. Вели дека иако оваа работа носи свои предизвици, тој целосно се пронаоѓа во неа. Младинската куќа ја чувствува како свој дом, а најголемо задоволство му претставува сведоштвото за тоа како младите прераснуваат во зрели луѓе со вистински вредности.

-Цело време работам како воспитувач и тов што сум го работел има воспитна димензија. К-15 конкретно е најголемиот социолошки проект што е направен во Македонија, постоеше 20 години. Јас кога влегов овде веднаш се заљубив затоа што тоа ми лежи, тоа ми е професија. Не е едноставно, меѓутоа ако jа сакаш оваа професија нема поубаво од тоа. Посебно резултатите кога ке пораснат тие деца.- Васко Тодоров

Со оглед на тоа што празниците се период од годината кој се споделува со семејството, од младинската куќа велат дека се прави се за да им се разубават празничните денови. Тодоров објаснува дека тие празниците ги доживуваат најнормално, како сите деца.

-Како и сите деца, се дружат, излегуваат, значи најнормално живеат нашите деца. Некои одат со нивните биолошки семества, некои си одат кај приатели, некои кај другари. Еве украсувавме овде елка, имаме новогодишни пакетчиња, веселба.

Ако докторите спасуваат животи, воспитувачите ги менуваат вели Бадаров. Поддршката од воспитувачите не запира кога детето ќе наполни 18 години, таа продолжува во текот на целиот живот, исто како онаа нераскинлива врска меѓу родителот и детето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. 

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот.

Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година.

Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави

Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар како и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на претседателството На Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче Петров, донирани од Гоу Грин

Општина Ѓорче Петров доби два нови полначи за електрични возила, донирани од Здружението за  одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ (Go Green). 

Два нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче  Петров, донирани од Гоу Грин

Полначите, со моќност од по 22 kW, се поставени на општинскиот паркинг на улицата „Ѓорче Петров“ бр. 22, каде што се инсталирани, тестирани и ставени во функција.

Со оваа донација се унапредува инфраструктурата за електрична мобилност во општината и се создаваат подобри услови за користење електрични возила од страна на локалните жители и посетители. Полначите се приклучени на електричната мрежа, со придонес од соларната енергија произведена од фотонапонските панели на општинската зграда. На овој начин, локалното производство на обновлива енергија се поврзува со потребите за полнење електрични возила.

Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје

Донацијата е реализирана во рамките на проектот Community Mobility Co-operative Pilot (COMOCO), што во Македонија го спроведува „СмартАП - Лабораторија за социјални иновации“, чија цел е развој и тестирање модели за заедничко користење и управување со инфраструктурата за електрична мобилност. Преку соработката со Општина Ѓорче Петров, „Гоу Грин“ придонесува за развој на практични решенија за одржлива урбана мобилност и поголема примена на електричните возила во локалната заедница.

Поставувањето на двата полначи претставува конкретен пример за тоа како соработката меѓу граѓанските организации и локалната самоуправа може да резултира со функционална инфраструктура и долгорочни придобивки за граѓаните. Ваквите иницијативи се важен чекор кон почиста, поодржлива и поефикасна мобилност во урбаните средини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер