Божиќните пештери од Раичкото сестринство внесуваат божиќна атмосфера во многу домови - Канал 5

Божиќните пештери од Раичкото сестринство внесуваат божиќна атмосфера во многу домови

По повод Христово раѓање-Божик, во многу македонски домови повеќе години со ред внесена е божиќната атмосфера, преку божиќни пештери изработени од вредните и трудољубиви сестри од манастирот „Свети Георгиј Победоносец" од дебарското село Рајчица.

Божиќните пештери од Раичкото сестринство внесуваат божиќна атмосфера во многу домови

И покрај сите дневни задолженија кои ги имаат, со наближувањето на времето во кое повторно треба да се потсетиме на мигот кога Бог ни ја покажа Својата најголема љубов – раѓајќи се од Дева, за да му донесе мир на светот и да го спаси целото човештво, тие се ангажирани и во изготвување на овие преубави пештери.

Тоа, како што вели сестра Ефимија, е со цел сите да ја пренесуваме радосната вест за Раѓањето Христово, и од срце да се потрудиме празникот Божик да се прослави најдостоинствено во христијанските домови.

Тогаш, додава таа, нашите домови треба да наликуваат на Витлеемската пештера и со својот празничен амбиент да ја сведочат чудесната Божикна приказна за Божественото Дете, кое дојде кај нас и ни ги донесе мирот, радоста, љубовта.

-Веќе сме во периодот на божиќниот пост, кој на крајот од своето шестнеделно патување е украсен со празникот Рождество Христово. И ете некако, во овој период на големи духовни испитанија, во сета оваа борба за зачувување на човечкото здравје и живот, ни се дава прекрасна можност да се вратиме во времето на Христовото раѓање и да размислиме за целта на Неговото слегување на земјата. Он се роди во скромната Витлеемска пештера, дојде токму во оној период кога човештвото најмногу страдаше заради своето отпаѓање од Бога. Зошто? За да ни благовести мир, радост, љубов. Тоа ни е потребно и сега, во овие современи страдања. Потребно ни е да си го вратиме најважното – верата во Него, надежта дека со Негова помош ќе се покажеме како победници во оваа битка, вели сестра Ефимија.

Изработката на божикните пештери во манастирот почна пред десеттина години, со благослов на владиката Партениј.

-Токму Витлеемските пештери, кои и оваа година со благослов на нашиот старец, владиката Партениј, ги изработуваме во нашиот манастир, ни се своевиден потсетник на тој духовен амбиент во кој треба да се најдеме. Убаво е да се знае дека тие веќе ги украсуваат домовите на се поголем број заинтересирани луѓе и внесуваат радост во сечие срце, додава сестрата.

Почнала како обид за возобновување на старите автентични божиќни традиции.

– Изработката на божикните пештери во нашиот манастир почна пред десеттина години, како обид за возобновување на старите автентични божиќни традиции. Порано постоела една традиција во која верниците, возрасните, особено дечињата, на ден Бадник излегувале надвор, и насекаде, од куќа во куќа, по улиците, во градовите и селата, ја пренесувале веста за раѓањето Христово. Тоа го изразувале на најразлични начини, со најразлични симболи, но најповеќе со импровизирана пештера во која ставале икона на Рождеството Христово. Сето тоа всушност ја симболизирало Витлеемската пештера во која се родил нашиот Христос, додава сестра Ефимија.

Посочува дека оваа преубава традиција за жал во еден подолг период во нашата земја била замрена.

-Благодарејќи му на Бога, од страна на нашиот старец, владиката Партениј, истата пред неколку години беше возобновена. Прекрасно е да се види како дечиња во сите градови во нашата земја со пештера во раце пеејќи ја песната „Вечниот Бог" го најавуваат Христовото раѓање, вели сестрата и со блага насмевка додава дека од пред две години оваа традиција е обновена и во Дебар.

Лани, по број повеќе од претходната година, педесеттина деца од Дебар и од неколку села од подрачјето на Долна Река, придружувани од нивните родители и други верници учествуваа во „Бадниковата поворка".

Тргнуваат од кај кружнот тек, во близина на Општината, носејќи во раце златни ѕвездички и пештера – симбол на витлеемската пештера, во која е роден Исус Христос и пеејќи ја песната „Вечниот бог", поминуваат по главната улица „Осми септември", новото шеталиште па се до црквата „Света Петка", во долниот дел на градот.

Таму ги пречекува намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски кој учесниците во поворката ги дарува со пакетчиња, обезбедени од повеќе донатори.

-За сите верници бадниковата поворка што се организира по повод Христовото раѓање е најубавиот настан во годината. Во Дебар оваа стара традиција беше обновена пред две години. Минатата за разлика од претходната година имаше повеќе дечиња, како и верници, вели Надица Стефановска која со двете нејзини дечиња е дел од поворките во измнатите две години.

Пештерите се направени од различни прикладни материјали, уникатно украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандило. Претставуваат прекрасно надополнување на божиќното дрвце, во духот на православната традиција.

-Ги известуваме сите дека доколку сакаат да си набават рачно изработена божиќна пештера, можат да пратат СМС или да се јават на следниoв тел., броj: 075 245 791. Цената на една пештера изнесува 2.000 денари, го објаснува сестра Ефимија начинот на кој може да се набави божиќна пештера.

Со голема љубов кон Бога, трпение и молитви за мир и благостојба, сестрите изработиле стотици пештери, кои красат многу домови, цркви, но и простории на компании, фирми, институции.

Една од големите украсни пештери од пред неколку години се поставува и на плоштадот во Охрид, каде останува до Водици, на која и се восхитуваат охриѓани и туристите.

Една од илјаднците кои дошле да ја видат пештерата и се фотографирале е Јасмина Стојановска, која тука, лани ја сретнавме со двете дечиња, Стефани и Стефан.

-Редовно доаѓаме тука уште откако ја поставија пештерата. Најпрво со сопругот Марјан а сега цело семејство. Децата многу се радуваат. Пештерите се преубави како и манастирот во Рајчица, кого често го посетуваме, вели Јасмина.

Таа не го крие задоволството од срдечниот однос на сестрите, кои, додава, секогаш се обраќаат со милозлив глас и љубезна насмевка, независно колку верници има во моментот во овој еден од најубавите манастири не само кај нас, туку и пошироко. Нивниот однос, посочува, само го надополнува чудесниот мир и спокој кој се чувствува со првата стапка што ќе ја направите во дворот на манастирот./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени

Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. 

Босанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени

Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години?

Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата.

Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила.

Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт.

Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума.

Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач.

Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот.

Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено.

Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф.

Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холанѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно

Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!

Холанѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно

Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години.

„Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан.

Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година.

Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал.

Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож.

Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство.

Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило.

Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста.

Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно.

Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите

Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.

Бран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите

Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos.

Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови.

Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз.

Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата.

Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата.

На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември.

Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат.

Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември.

Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“.

Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата.

Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер