МВР со детали: Му одзеле пиштол на полицаец, па се дале во бегство- удриле во банкина на автопатот кон Тетово
1МВР со детали: Му одзеле пиштол на полицаец, па се дале во бегство- удриле во банкина на автопатот кон Тетово
ЖивотБожик – празник на Христовото раѓањеКого и што славиме на Божик?На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден. Бог постанал човек. Бог дошол на земјава. Христос е Син Божји Којшто е роден како човек од Дева Марија. Он е во сè еднаков со нас луѓето, освен во гревот – нема грев, безгрешен е. Каде се родил Исус и зошто? Една ноќ, во градот Витлеем – во пештера, се родил Господ Исус Христос. Он е Спасител. Дошол за да нè спаси. Дошол за да можеме ние да бидеме како Него во своите животи. Да бидеме добри, како што е добар Бог – добри секогаш, со секого и секаде. Раѓањето на Господ Исус Христос Богородица живеела со Јосиф во Назарет. Таа година, дошла наредба од римскиот цар Август да се изврши попис на населението. Според законот за пописот, требало секој да отиде во родното место на неговите родители и дедовци, од каде што потекнувал, и таму да се попише. Потеклото на Јосиф и Марија било од Витлеем, од родното место на царот Давид, бидејќи и тие биле од неговиот род. Уште во Назарет Јосиф знаел дека Марија ќе постане мајка. Нему му се јавил ангел Господов и му кажал дека зачнатото во неа е од Светиот Дух. Му го кажал и тоа дека таа ќе роди Син и му рекол: – Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот. Сето тоа било предвидено и претскажано со векови порано. Во Библијата било запишано тоа што го рекол пророкот Исаија и се исполнило. А тој рекол: И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог! Тие тргнале кон Витлеем. Патот бил долг и тежок. Многуброен народ одел кон царскиот град – кон градот Давидов. Кога стигнале таму, веќе немало место каде да ноќеваат. Затоа се сместиле во една пештера, близу до градот. Таму пастирите, во невреме, ги засолнувале своите стада. Во таа ноќ се случил најзначајниот настан во животот на човештвото. Таа света ноќ, пресветата Дева Марија Го роди Богочовекот, Спасителот на светот, Го роди Христа Господа. Таму, в пештера, Го роди Богомладенецот. Самата Го пови и Го стави во јаслите, како во лулка. А таму се става храната – слама или сено, за да се нахранат кравата, магаренцето, јагнето. Синот Божји не се роди во царска палата, туку во пештера. Кој прв ја дозна веста за раѓањето? Пораката до пастирите ја открива важноста на Христовото раѓање за сите луѓе Ноќта таму, на падините крај пештерата, пастирите ги чувале своите стада. Наеднаш, ги осветлила силна небесна светлина и ангел Божји им рекол: Ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ. Потоа, веднаш, на небеската бесконечност се појавиле безброј ангели и сите, гласно, како најдобар хор запеале: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја! Во овие три пораки е содржана целата порака за спасение на луѓето: Слава на Бога во висините, значи: Бог не е од овој свет и не Го барајте Бога меѓу созданијата. Ништо одовде и никого не обожувајте (а до доаѓањето на Христа, луѓето сметале дека се богови некои природни појави, па имале „богови“ животни од сите видови и „богови“ луѓе). Бог е дух и во духовните сфери, во висините. Тој Бог прославувајте Го, а не лажните богови. Имајте вистинска вера во вистинскиот Бог, за да се спасите! А на земјата мир градете со сите и со сè. Прво, бидете во мир со себеси, внатре имајте мир, бидете смирени, а не вознемирени; а потоа, ширете го тој мир, па бидете во мир и со природата и не се однесувајте како злосторници кон неа, оти од неа живееме; и трето, бидете во мир со луѓето, за да бидете измирени и со Бога и да има мир на земјава. И тогаш, меѓу луѓето ќе има постојано добра волја – секој секому ќе му прави добро. Тоа е почеток на рајот на земјава. Такво е спасението. Само толку е потребно! Пастирите – први очевидци и први гости кај Господа Пастирите, не чекале многу. Светлината ја виделе и гласот го чуле. Разбрале сè. Сè им било јасно. Во нивната пештера се случило најважното чудо Божјо – Бог станал Човек. Бог дошол на земјава, меѓу нас луѓето, за да биде со нас, та и ние да бидеме со Бога. Пастирите први отишле кај Господа. Отрчале во пештерата и таму Го нашле Спасителот. Му се поклониле. Тие биле први посетители – првите Негови гости. Гледате, за Христа не дознале први големите и силните од овој свет, туку безначајните пастири. Зошто? Затоа што тие биле луѓе смирени и кротки, луѓе со добра душа и со чисто срце. Таквите ќе Го видат Бога! Потоа, тие кажувале на секого и секаде, за тоа што го виделе и чуле. Истрајноста на мудреците да Го најдат новородениот Спасител. Но, не биле само пастирите што посакале да Го видат Господа. И други луѓе, од далечни земји, добиле знак за раѓањето на Спасителот на светот, и веднаш тргнале да Го видат Бога. Од далечниот Исток, пристигнале тројца мудреци коишто на небото забележале нова и многу сјајна ѕвезда. Тие биле многу учени луѓе – мудреци, важни научници и проучувачи на пројавите на земајава и на небото. Луѓе што ги проучувале и ѕвездите на небото. На тој начин дознаеле дека една необична ѕвезда го најавила раѓањето на Спасителот. И не чекале, туку тргнале по ѕвездата, од нивната далечна земја – од Персија и дошле да Му се поклонат на Богомладенецот. Ѕвездата ги водела до таму: таа светела и дење и ноќе и ги довела до пештерата. Тројцата мудреци Му подариле на Господа три дара: злато – како на Цар; ливан (темјан) – како Бог и смирна – како човек, Којшто ќе пострада и ќе умре на крст, заради нас и заради нашето спесение. Ѕвездата значи дека Христос е светлина на светот. Светлина којашто никогаш нема да престане. Радост заради Божјата близина Како што тогаш се радувале пастирите, мудреците и сите луѓе, затоа што се родил Спасителот на светот, така и ние се радуваме секој Бадник и Божик, прославувајќи го Христовото раѓање. Тоа е празник на целото христијанско семејство. На Бадник сите заедно вечераме, а утредента – на Божик, одиме в црква. Најмногу се радуваат децата, со најискрена радост за новороденото Дете – Богомладенецот Христос. И Бог најмногу ги сака децата, бидејќи се најчисти и безгрешни. Затоа рекол дека треба да станеме како деца, за да влеземе во царството небесно, а децата се: добри, незлобиви, радосни, чесни, чисти и полни со љубов. Тоа ја прави голема Божикната радост во семејствата. Честит Божик и од Бога благословено Новото Лето Господово. Христос се роди! Вистина се роди! /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаМВР со детали: Му одзеле пиштол на полицаец, па се дале во бегство- удриле во банкина на автопатот кон Тетово Кривични пријави против три лица за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.Во врска со кривично правниот настан, кој се случил на 07.10.2026 околу 20:25 часот на ул.„Црногорска“ во Скопје каде при заседа на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, а по претходно добиени оперативни сознанија дека ќе биде извршено кривично дело по член 215, купопродажба на марихуана, веднаш по добиените информации преземени се соодветни мерки и од страна на полициските службеници даден е знак за запирање на патничкото возило „бмв“. Откако полициските службеници се упатиле кон возилото со цел легитимирање и преглед, возачот го стартувал возилото, при што удрил во бандера и во истиот момент преку прозорецот фрлил кеса со марихуана. Во тој момент еден од полициските службеници го извадил својот службен пиштол и од совозачката страна на полуотворениот прозорец издал наредба „стој полиција“, при што од страна на лицето од совозачката страна му бил одземен службениот пиштол, а возачот го стартувал возилото и се дал во бегство. Полициски службеници кои биле поставени во близина, се упатиле по возилото кое со голема брзина се движело по ул.„Ѓорче Петров“ кон автопатот Скопје-Тетово, при тоа оглушувајќи се на звучните и светлосни знаци од полициските службеници, а од страна на еден полициски службеник испукани се и три предупредувачки проектили во воздух. Во еден момент возилото „бмв“ удрило во банкина на автопат и се извртело, по што од возилото излегле возачот П.А.(24) и совозачот Е.П.(21). Лицата се лишени од слобода, пиштолот е одземен, а по извршено пребарување на теренот пронајдена е кеса со марихуана. Во координација со ОЈО Скопје од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО, денеска (14.10.2026) поднесена е кривична пријава против Е.П. и П.А. за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие” по член 382 од Кривичниот законик и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик, а против М.Т. за кого постојат сознанија дека е поврзан со случајот поднесена е кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик. Исто така, за настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, кој презема мерки и активности во врска со евентуалните неправилности при постапувањето на полициските службеници во овој случај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
АвтомобилизамЕУ воведува остри мерки против кинеските хибриди- силен удар за купувачите Европската Унија подготвува ново големо ограничување за автомобилите што доаѓаат од Кина, овој пат насочено кон хибридните и plug-in хибридните модели кои бележат невиден раст на продажбата во Европа во последните години. Брисел и Пекинг постигнаа принципиелен договор со кој ќе се ограничи годишниот увоз на овие возила на 350.000 единици. Ова е драстично намалување, бидејќи според проценките на Европската комисија, дури 800.000 вакви автомобили би можеле да стигнат на европскиот пазар оваа година. Новата мерка треба да стапи на сила во декември. Според планот, квотата за увоз за 2027 година ќе изнесува 350.000 возила, по што би се зголемувала за шест проценти годишно во следниот четиригодишен циклус. Пред договорот официјално да се спроведе, тој мора да ги помине конечните европски регулаторни процедури. Кинеските производители ги заобиколуваат царините за електрични возила Овој потег на Брисел е директна последица од брзото прилагодување на кинеските производители. Откако Европската Унија воведе дополнителни царини за електрични автомобили произведени во Кина во 2024 година, фабриките на тој пазар масовно го пренасочија извозот кон хибридни модели кои не беа опфатени со тие даноци. Официјалните податоци од европското здружение на производители ACEA јасно ја илустрираат брзината на оваа транзиција. Во првата половина од 2026 година, кинеските брендови држеа дури 25 проценти од европскиот пазар на plug-in хибридни возила, додека нивниот удел беше само два проценти само две години претходно. Во истиот период, уделот на класичните хибриди од кинеските брендови скокна од два на 14 проценти. Различни ставови на Брисел и Пекинг за истиот договор Интересно е што двете страни го претставуваат постигнатиот договор во сосема поинакво светло. Европските преговарачи го нагласуваат успехот бидејќи увозот е намален за повеќе од половина во споредба со очекуваните 800.000 возила оваа година. Од друга страна, кинеските претставници нагласуваат дека 302.000 хибриди биле извезени во ЕУ во 2025 година, што значи дека новата квота всушност им гарантира понатамошен раст во споредба со извозот од минатата година. Домашната европска автомобилска индустрија го поздрави потегот бидејќи агресивниот раст на поевтините модели создаде огромен притисок врз европските фабрики. Брисел проценува дека ова ограничување би можело да го намали трговскиот дефицит со Кина за помеѓу 10 и 14 милијарди евра. Преместување на фабриките во Европа како долгорочен одговор Иако новите ограничувања им носат привремен одмор на европските производители, тие нема да го спречат присуството на кинеските брендови. Поставените квоти важат исклучиво за возила увезени од Кина, но не и за автомобили произведени во фабриките во самата Европска Унија. BYD веќе интензивно го развива своето производство во Унгарија, додека другите конкуренти исто така се подготвуваат да отворат фабрики на европско тло. Оваа трговска мерка ќе им купи време на европските производители да се прилагодат, но во исто време ќе ги принуди кинеските компании да го забрзаат локализацијата на производството, што на долг рок сепак ќе им донесе силна конкуренција на европските купувачи.Тагови: Европска Унија хибриди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФБИ му честиташе на МВР за заедничката акција во Голема РечицаФБИ ѝ честита на Единицата за сајбер-криминал при Бирото за јавна безбедност на Македонија, во рамките на Министерството за внатрешни работи, за успешното апсење на администраторот на криминалниот онлајн-пазар OLVX.Активен во периодот од 2023 до 2025 година, OLVX, според наводите, незаконски продавал лични податоци со кои може да се идентификуваат жртвите („PII“ – Personally Identifiable Information), како и податоци за најава на кориснички сметки, преку повеќе од 1.500 профили на продавачи. Постоењето на овој онлајн-пазар директно ја загрозувало дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани, кои се потпираат на безбедноста и интегритетот на корисничките сметки што ги користат. Оваа акција претставува прва сајбер-операција воопшто координирана меѓу ФБИ и Македонија и ја одразува посветеноста на ФБИ да работи со партнери ширум светот за заштита на американскиот народ во сајбер-просторот, се наведува во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter