Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
БалканБорисов на распит во полиција, тврди дека бил повикан за настани од пред десетина годиниДочекан од поддржувачи за кои тврдеше дека спонтано се собрале, поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, утринава се појави во генералниот директорат на бугарската полиција каде беше повикан да даде исказ. Сепак, патот до полициската зграда му го попречи неидентификувана жена со статив со која дојдоа до раб на инцидент. Според бугарската полиција, жената најпрво се претставила како новинарка од руски медиуми, за потоа да биде утврдено дека се работи за личност од Белорусија, а само брзата интервенција на полицијата ја спаси од јавен линч од симпатизерите на ГЕРБ. По исказот Борисов сепак, не откри детали за што бил повикан, но додаде дека се работи за настани од пред 13 години. -Започнувам со Централната изборна комисија. ЦИК во желба да ме понижи вчера ме потврди како пратеник, но требаше да знаат дека како пратеник не можат овде да ме повикаат и затоа среде ноќ го сменија решението. Исклучително професионално однесување на колегите и за жал, и по 3 сигнали за кои дадов информации, се се сведува на тоа дека некој нешто слушнал, дека некој нешто кажал, и тоа се од 2009 до 2012 година. За закани дека некој ќе го јадам.-Бојко Борисов – Поранешен премиер на Бугарија. Партијата на Борисов заврши втора на изборите во неделата недела, а лидерот на ГЕРБ порача дека нема да го поддржи кабинетот предложен од победничката „Има Таков Народ“ на шоуменот Слави Трифонов. Сега чекор се очекува од бугарскиот Претседател Радев кој го именуваше составот на привремената Влада, но веќе четврти ден под изборите се нема појавнео во јавноста.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаОбвинителството побара доживот затвор за Бојковски, пресудата во петокВо Основниот суд во Куманово попладнево се одржаа завршни зборови во судскиот процес против Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство.. Обвинителството побара доживотен затвор за обвинетиот серискиот убиец Трајко Бојковски од кумановско Старо Нагоричане, на денешното судско рочиште на завршните зборови. Судската пресуда се очекува во петок. Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара во завршните зборови, обвинетиот жртвите ги бирал по пол, се прикрадувал и напаѓал со цел задоволување на некрофилски страсти. На товар му се ставаат убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска. Тој се осврна на негирањето на Бојковски дека го извршил убиството на сега покојната Станче Каревска од село Клечовце. Одбраната на Бојковски побара судот при изрекување на кривичната санкција да ги има предвид олеснителните околности, како и ветувањето дека во иднина нема да направи ново кривично дело, како и дека се работи за млада личност. Трајко Бојковски е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Тој со веќе убиените жени ги задоволувал своите сексуални страсти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Осомничените за криминал во Државна лотарија се од време на СДС и ДУИ, или Таче и ГрубиКога во јавноста има вести од типот како службени лица купуваат со пари од државата и државни компании работи за лична употреба како брендирани чанти Хермес, Луј Витон, Диор сметаме дека треба јавноста да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје има поднесено кривична пријава против две службени лица вработени во АД Државна лотарија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела Проневера во службата и Фалсификување или уништување деловни книги, двете дела предвидени во казнениот законик. Лицата кои наместо дневниот промет од продажните места на АД Државна лотарија да го депонираат на трансакциските сметки на друштвото во банките, го присвојувале за себе. Јавноста треба да знае дека овие лица се во Државна лотарија од времето на Димитар Ковачевски - Таче, кога Артан Груби беше вицепремиер, а Перпарим Бајрами беше генерален директор на Државна лотарија, сега првообвинет во судскиот случај поврзан со финансиски злоупотреби и проневера во државната компанија. Во тек е судење за Груби и Бајрами и затоа сакаме само да информираме од кога се овие лица во Државна лотарија кои се сега осомничени за извршени казнени дела во Државна лотарија, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПодготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со УкраинаПолска ќе распореди батерии од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Лублинското војводство, веднаш на границата со Украина, објави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.„Одлуката за распоредување на батеријата 'Патриот', донесена во соработка со воената команда, има за цел да го заштити Лублинското војводство. Планот е осмислен така што на луѓето ќе им пружи чувство на сигурност. Покрај тоа, важно е да се максимизира безбедноста на воздушниот сообраќај – кој се одвива овде, но често е прекинуван поради предупредувања – за летовите да можат да се одвиваат во најбезбедни можни услови секогаш кога тоа е дозволено“, изјави тој, а пренесе Полско радио. Според Косињак-Камиш, системите за противвоздушна одбрана ќе бидат распоредени и во областа на аеродромот во Лублин. Тој исто така најави формирање нови воени единици, вклучувајќи и единици за беспилотни летала, напоменувајќи дека тие првенствено ќе бидат стационирани во Билгорај, Лукув и Поњатова. Медиумите претходно објавија дека Полска подготвува таканаречен „предвоен закон“ наменет за зголемување на подготвеноста на земјата за можен вооружен конфликт, вклучувајќи ги и „поуките извлечени од војната на Русија против Украина“. Извор: Б92Тагови: Патриот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00