Предлогот за посредство на ЕУ во дијалогот со Бугарија во фокусот пред посетата на Фон Дер Лајен на Македонија
1Предлогот за посредство на ЕУ во дијалогот со Бугарија во фокусот пред посетата на Фон Дер Лајен на Македонија
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
БалканБорисов е во 24 часовен притвор, што ќе реши Европското обвинителство?Бојко Борисов чека дали вечерва ќе му биде продолжен 24-часовниот притвор, откако синоќа беше уапсен од својот дом во Софија. Официјалните причини се уште не се познати, иако медиумите, повикувајќи се на извори на обвинителството објавуваат дека против него, се води предистражна постапка за изнуда извршена во периодот од 2014-та до 2019-та година. Веста се совпадна со шпекулациите дека екс премиерот се товари за рекетерање на познатиот коцкарски магнат Васил Божков, кој се крие во Дубаи, кој наводно на Борисов и екс министерот за финасии Горанов, исто така уапсен синоќа, им исплатил 30 милиони евра добивка од лотарискиот бизнис. Се истражуваат и сомнежи за оштета на буџетот од 280 милиони евра, предизвикани од непостапување на Комисијата за коцкање. - Се чини дека се дејствува по сигналот на господинот Божков и Агенцијата за државна финансиска инспекција од минатото лето. Ако помните, инспекцијата констатираше дека буџетот е оштетен во размер од 556 милиони лева. , изјави Асен Василев, министер за финансии на Бугарија. Во меѓувреме, се огласи и олигархот Божков, кој тврди дека апсењето на Борисов е резултат на негова дојава за како што потенцира, најголемиот рекет во историјата на земјата. Не е јасно дали и како случајот е поврзан со истрагите на Европското јавно обвинителство, како што тврди и бугарскиот премиер Кирил Петков. Апсењето на Борисов се случи неколку часа откако шефицата на Европското обвинителство, Лаура Ковеси, ја заврши посетата на Софија, а на Петков му предаде документација за 120 случаи за сомнежи за злоупотреба на европските фондови. Петков соопшти дека бил првиот кој дал исказ за случајот. - Вчерашното дејствува на МВР покажа дека никој не е над законот во Бугарија. Moјата улога е да им дадам целосна слобода на сите тела да постапуваат во согласност со нивните законски овластувања. Никој не треба да се плаши од вистината. , изјави Кирил Петков, премиер на Бугарија. -Не се мешам во работата на органите на прогонот, но правдата нема да надвладее додека не се произнесе судот, тоа е по закон. , изјави Румен Радев, претседател на Бугарија Приведувањето на Борисов ги разгоре страстите во партијата на Борисов, ГЕРБ, кои денеска протестираа пред Владата, обвинија за политичка репресија и побараа итно ослободување на нивниот лидер. -Да ставиш во притвор политички опонент, зашто не ви е подобен и отвора прашања за кои немате одговор и да ја сокриете сопствената немоќ? , вели привзаник на ГЕРБ. -Вака ли се прави во правна држава? Што сака да сокрие владата? Можеби повеќе да не се зборува за цената на бензинот. , вели приврзаничка на ГЕРБ. Тензично беше и во Собранието, каде атмосферата дојде на раб на физичка пресметка. Освен Борисов и Горанов, синоќа беше приведена е и портпаролката на ГЕРБ, Севдалина Арнаудова. ГЕРБ доминираше во бугарската политика од 2008-та до изборите во ноември лани кога замина во опозиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредлогот за посредство на ЕУ во дијалогот со Бугарија во фокусот пред посетата на Фон Дер Лајен на МакедонијаЗа да има ефект од разговорите со Бугарија, би било добро претставници од ЕУ да ги слушнат аргументите од двете страни – со ваква порака премиерот ќе ја пречека шефицата на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен во Скопје овој петок. Реформскиот напредок на државава но и промените во самата ЕУ каде се повеќе популарни стануваат партии кои се противат на проширувањето, ќе бидат дел од темите за разговор, најави Мицкоски. -Логично е да се седне и да се разговара во присуство на претставници од ЕУ затоа што треба да се слушнат аргументите објективно. Вака кога седиме и разговараме на билатерална основа, тоа што се разговара нема никаква суштина. Ниту пак потоа брифирањето од тие средби е онака како што се разговарало. Ценам дека за да имаме некаков ефект, за да имаме суштина во тие разговори, добро е да има претставници од страна на Европската комисија за да ги слушнат аргументите. Ако нашите аргументи не држат, тогаш ние сме подготвени да ги прифатиме другите аргументи. -Христијан Мицкоски, претседател на влада. Лидерот на СДСМ – Венко Филипче пак, ја оценува како лажна намерата на Мицкоски европски посредници да се вклучат во дијалогот со Бугарија. Иако се очекуваше новата европска стратегија за проширувањето да биде објавена пред фон дер Лајен да пристигне во регионот, сепак тоа ќе се случи по завршувањето на западнобалканската турнеја - потврдуваат од Европската комисија. Во меѓувреме, бриселски медиуми веќе објавуваат нацрт-извештаи на стратегијата, според кои, наместо едногласност, во одредени области, ќе се гласа со квалификувано мнозинство. -Комисијата предлага примена на понискиот праг на гласање со квалификувано мнозинство – 15 земји што претставуваат две третини од населението на блокот – за поширок спектар на политики, вклучувајќи санкции, човекови права, одбрана и безбедност. Сепак, иако нема навестувања дека ЕУ ќе се откаже од барањето за едногласност на самиот почеток и на крајот од кандидатурата на земјата-кандидат за членство, радикалното преструктуирање на процесот на донесување одлуки во ЕУ ќе се соочи со пречки,- -Бриселски медиум Репортер. Дополнително, за време на посетата на Урсула фон дер Лајен би се разјаснило дали Македонија сепак ќе биде вклучена во групата најуспешни земји кандидатки кои ќе добијат патокази како дел од претстојниот есенски извештај за проширувањето. Иако според бриселскиот медиум Политико, Македонија ќе биде изоставена од групата, според премиерот, тоа би било нелогично бидејќи како што вели, државава испорачува најголем дел од реформските обврски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОтстранет двоглавиот орел на Кораб (ФОТО)Двоглавиот орел кој беше поставен на Кораб и предизвика реакции на социјалните мрежи е отстранет.До нашата редакција од гледач на Канал 5 пристигна фотографија на која повеќе не се гледа двоглавиот орел на Кораб. Пред неколку денови социјалните мрежи се појавија фотографии од планинари рекреативци, кои позираат покрај двоглавиот орел. Тагови: двоглав орел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаИстрага за тероризам и трговија со оружје против три лица, Обвинителството бара притворЕдно лице е осомничено дека сторило кривично дело „тероризам“, а уште две за неовластено поседување оружје по вчерашната акција против терористичко-криминална група во Скопје. Обвинителството за сите тројца побара 30-дневен притвор. Првоосомничениот е жител на скопската населба Ченто. Во вчерашната акција, која ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, беа вклучени Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи. Надлежните извршија претреси на десетина локации, а првично беа приведени пет лица. При претресите биле пронајдени повеќе парчиња автоматско оружје, пиштоли, ножеви, муниција, знамиња со обележја на ИСИС, но и компјутерска опрема за копање криптовалути. Се истражува дали припадниците на групата, покрај активности поврзани со тероризам, биле вмешани и во лихварство, нелегална трговија и други насилни кривични дела. „Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документацијата и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош“, информираше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. – Обвинителство. Од Обвинителството засега не откриваат дали осомничените подготвувале конкретен напад, ниту дали имале директни контакти со структури на Исламска држава надвор од земјава. Истрагата треба да го утврди и потеклото на оружјето, како и дали криптовалутите биле поврзани со активностите на групата. Од МВР вчера информираа дека во координирана акција со АНБ и Обвинителството биле извршени претреси на повеќе локации, приведени неколку лица и одземени оружје, муниција и други предмети важни за истрагата. „Канал 5“ се обиде да добие детали и дополнителни информации од Агенцијата за национална безбедност за нивната улога во акцијата и за сознанијата со кои располагале пред претресите, но оттаму информација најави за подоцна. Вчерашната акција е уште една во низата антитерористички операции во земјава. Кон крајот на 2024 година беше разбиена група која преку Телеграм регрутирала членови и повикувала на напади, а на почетокот на 2025 година беше откриена и четиричлена ќелија поврзана со пропаганда на ИСИС. Како можни цели тогаш се споменуваа фреквентни цивилни и јавни објекти во Македонија и Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter