Борисов е уапсен, пред МВР и пред неговата куќа се собраа симпатизери на ГЕРБ (ВИДЕО) - Канал 5

Борисов е уапсен, пред МВР и пред неговата куќа се собраа симпатизери на ГЕРБ (ВИДЕО)

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов е однесен во Генералниот директорат на Националната полиција. Со црн џип бил изнесен од неговиот дом во Банкаја, јави репортерот на БГНЕС.

Борисов е уапсен, пред МВР и пред неговата куќа се собраа симпатизери на ГЕРБ (ВИДЕО)

„Извршен е претрес во услови на итност без дозвола од судот. Нему ќе му биде одреден 24 часовен притвор. Постапката е од 17 март и не ми кажуваат за што е, нема документи освен извештајот за претрес. Од неговиот дом и лично не му се одземени предмети“, изјавил адвокатот Менко Менков.

„Ќе видам каква наредба ќе направат, па ќе се видиме пред полициската управа. На Борисов не му беше кажано ниту зошто е приведен. Во моментов се врши претрес во домот на неговата портпаролка Севдалина Арнаудова“, додаде тој.

Поддржувачите на ГЕРБ се собираат пред зградата на Генералниот директорат на Националната полиција, јави БГНЕС.

Вечерва околу 20 часот, десет полицајци влегле во домот на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов во Банкаја.

YouTube video

Првично МВР соопшти дека со Борисов се уапсени уште три лица, меѓу кои поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, поранешната претседателка на собраниската комисија за финансии Менда Стојанова и портпаролката на Борисов, Севделина Арнаудова. Малку по 21 часот, пак, оваа вест е избришана од веб-страницата на МВР.

Подоцна, Министерството за внатрешни работи го објави следното соопштение, дистрибуирано од прес-центарот до медиумите: „Во тек е голема операција во врска со 120 случаи на Европското обвинителство во Бугарија. Претреси и заплени се вршат на многу адреси. Во моментов се приведени Бојко Борисов, Владислав Горанов, Менда Стојанова и Севдалина Арнаудова. Акцијата продолжува“.

„Оставка“ скандираат членовите на ГЕРБ, кои се наоѓаат пред куќата на Бојко Борисов во Банкаја, каде што се водат истражни дејствија. Целото извршно биро на ГЕРБ е пред домот на лидерот на партијата, како и пред пратениците од пратеничката група.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело Скопје

Утре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, низ сите скопски општини ќе се одржи голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело Скопје

Во акцијата ќе се вклучат општините и градоначалниците, амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.

Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.

Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат и со личен пример да придонесат за почисто и поуредно Скопје.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии

Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите  дека денес имаме повисоки пензии, пониски цени на горивата и економски раст.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите  дека денес имаме повисоки пензии

РЕАКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Филипче нуди само блокади и празни политички пораки, на СДС и Филипче се им смета и се против се што е добро за државата.

Кога Филипче зборува за горивата, да го потсетиме дека во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата дизелот има најниска цена во регионот и пошироко.

Во однос на пензиите, СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен денес имаме 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата.

За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС.

СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари.

За време на СДС и ДУИ, над 200 илјади пензионери примаа пензии под 14 илјади денари, а зголемувањата беа минимални и недоволни за реално подобрување на животниот стандард.

Филипче и СДС знаат само за марихуана економија, стабри здравство и тендери а единствена грижа им беа провизиите, процентите и тендерите во четири очи.

Да потсетиме дека во првите осум квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти.

За крај, Филипче треба да знае дека токму криминалите и распродажбата на државата ја сместија СДС во длабока опозиција и на маргините на политичката мапа.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како да се заштитат жртвите на родово базирано насилство и дали институциите потфрлаат?

Само лани биле регистрирани 7.163 жртви на семејно насилство – бројка зад која стојат човечки судбини, страв и последици што најчесто остануваат зад четири ѕида.

Како да се заштитат жртвите на родово базирано насилство и дали институциите потфрлаат?

Насилството и натаму е реалност за илјадници жени и девојчиња. Само лани биле регистрирани 7.163 жртви на семејно насилство – бројка зад која стојат човечки судбини, страв и последици што најчесто остануваат зад четири ѕида. Од 2021 до 2025 година се регистрирани 30.292 пријави за семејно насилство, со растечки тренд низ годините.

Како да се подобри заштитата на жртвите и каде потфрла системот, беше во фокусот на денешната панел-дискусија за заштита од родово насилство врз жените и децата, на која беше промовиран и извештајот „Каква ти е Среќата“ на авторката Стојанка Мирчева. Проектот го спроведоа Министерството за социјална политика, демографија и млади и Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во соработка со повеќе национални институции и со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.

„Ова истражување укажува на жените кои живеат со насилство, кои се обратиле на институциите за зажтита и поддршка но, ефектот во најголем дел провејува низ овие искуства дека е рамнодушност на системот...,,Нема толеранција за насилство врз жени, нема сама си го барала, нема таква ти е среќата,нема сама го избра“ -Стојанка Мирчева.

Мирчева вели дека силна превенција е јасно да се покаже дека државата реагира на насилството. Затоа, според неа, објавувањето во билтените на МВР како постапила полицијата по секоја пријава испраќа јасна порака и до насилниците и до јавноста.

Гласот и искуствата на жртвите се вградуваат во новите мерки за заштита, велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Целта е ниту една жена која се соочува со насилство да не остане без институционална поддршка.

,,За нас останува приоритет заедно со Владата да работиме со справувањето со насилството, да го градиме системот што сега го воспоставивме за да биде ефикасен и ниту една жена да не остане надвор ос системот на помош и поддршка,, - Светлана Цветковска.

Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство, Данел Фајлер, порачува дека вистинската заштита се мери во моментот кога жртвата ќе побара помош – дали институциите ќе реагираат координирано, сторителот ќе одговара, а жената ќе добие достоинствен и професионален третман.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер