Борба што се очекува со децении- се договара меч меѓу Тајсон и Федор - Канал 5

Борба што се очекува со децении- се договара меч меѓу Тајсон и Федор

Мајк Тајсон (58) се бореше минатиот ноември во својот прв професионален меч по речиси 20 години.

Борба што се очекува со децении- се договара меч меѓу Тајсон и Федор

Колку и да воодушевуваше пред борбата со својата фантастична форма и физичка трансформација што ја покажа во видеата од тренинзите, разочара во рингот со својата непрепознатлива и очајна изведба. Џејк Пол (27), јутјубер и инфлуенсер, го победи Тајсон со одлука на судиите по осум рунди.

Спектакуларни вести доаѓаат од Азија за неговото можно враќање. Англиската GB News пишува дека казахстанската организација APL сака да направи боксерски меч помеѓу Тајсон и, според многумина, најдобриот ММА тешкаш на сите времиња, рускиот борец Федор Емелијаненко.

„Планираме борба помеѓу Мајк Тајсон и Федор Емелијаненко. Работата на тоа е веќе во тек... Настанот каде што сакаме да биде домаќин Мајк Тајсон е планиран за декември“, рече претседателот на APL, Алижман Бектаев.

Судир на легенди

Мајк Тајсон, роден на 30 јуни 1966 година во Бруклин, Њујорк, го имаше своето професионално деби во 1985 година. Неговата кариера траеше 39 години и 8 месеци, а заврши со рекорд од 50 победи и 7 порази, од кои 44 беа со нокаут. Тајсон стана светски шампион во тешка категорија на само 20 години, што го прави најмладиот светски шампион во тоа време.

Федор е десет години помлад. Пред две години, кога имаше 46 години, се пензионираше од ММА по 20 години. Израснат во руско самбо и сродни вештини, Федор е еден од најуспешните борци во историјата.

Ја заврши својата кариера со рекорд од 40 победи и седум порази, од кои речиси сите се случија кон крајот на неговата кариера. Во првите 32 натпревари, доживеа само еден пораз, и тој беше резултат на грешка на судијата против Јапонецот Кошака.

Тајсон постојано нагласуваше колку го почитува Федор бидејќи, исто како него, беше мал тешкаш кој ги победуваше сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер