2Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната
ФудбалБонучи зимава би можел да стане играч на РомаИталијанскиот одбранбен фудбалер Леонардо Бонучи е блиску до заминување од Унион, пишува „Get Italian Football News“.Според италијанскиот спортски портал, Бонучи сака да се врати во Серија А. Разговорите меѓу спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто и агентот на играчот Алесандро Лучи се во напредна фаза. Иако сè уште нема договор, работите изгледаат прилично позитивни. Доколку дијалогот биде успешен, зделката ќе биде финализирана во јануарскиот преоден рок. Сезонава дефанзивецот одигра девет натпревари на кои постигна еден гол. Претходно беше објавено дека Рома го гледа Бонучи како евтина опција за засилување на одбраната, бидејќи најверојатно ќе му биде раскинат договорот од германскиот клуб. Договорот на Бонучи со Унион Берлин е со важност до летото 2024 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСтрашна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртвиНајмалку 22 лица загинаа во судир помеѓу минибус и камион на автопат во бразилската држава Парана, соопшти денес Федералната сообраќајна полиција.Уште пет лица се повредени во несреќата, која се случи рано утрово, објави „CNN“. Повеќето од загинатите биле патници во минибус кој припаѓал на здравствената служба на општината Имбитува. Возачот на камионот, исто така, починал. Повредените се однесени во болниците во Понта Гроса. Минибусот патувал од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба, додека камионот патувал од Карамбеј до Прудентополис. Acidente entre ônibus da Saúde e caminhão deixa 22 mortos na BR-373, em Ipiranga Um grave acidente envolvendo um micro-ônibus da Secretaria de Saúde de Imbituva e um caminhão deixou ao menos 22 pessoas mortas na madrugada desta quarta-feira (19), na BR-373, em Ipiranga Pr pic.twitter.com/r6T6hdDp2p — São José Alerta (@saojosealerta) August 19, 2026 На местото на несреќата интервенирале членови на Федералната сообраќајна полиција, цивилната полиција, брзата помош, противпожарната служба и екипи од концесионерот Виа Араукарија, кој управува со делницата. Фото: XТагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војнатаИран ги предупреди земјите од заливот да не даваат никаква помош на американската војска, нагласувајќи дека тоа ќе го смета за поддршка на воените операции на Вашингтон против Исламската република. „Сакаме да предупредиме: секоја помош или соработка што и се дава на агресорската американска армија е еднаква на учество во воените операции на САД“, изјави началникот на генералштабот на иранските вооружени сили, Али Абдолахи. Во меѓувреме, Иран ги негираше обвинувањата дека вчера вечерта испалил ракети врз Обединетите Арапски Емирати, опишувајќи ги како „целосно неосновани“, јави ДПА. Претходно, министерството за одбрана на емиратите објави дека биле пресретнати две балистички ракети лансирани од Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
СветВашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испратила до земјите членки на НАТО прашалник со кој, со цел да ја оцени нивната лојалност со американската политика..Како што објави Блумберг, прашалникот навлегува токму во темите што го делат Вашингтон од дел од европските сојузници, како американските воени активности против Иран и односот кон Николас Мадуро. Земјите требале да одговорат и за европските набавки на оружје и дали тие ги насочуваат кон домашни или кон американски компании..Белата куќа, според медиумите, поставила и директни прашања за американската надворешна политика и од членките се бара да наведат дали јавно ги поддржале позициите на Вашингтон. Прашалникот стигнува и до американското воено присуство во Европа. Земјите исто така треба да наведат какви ограничувања поставиле за користењето на нивните бази од американските сили.. Извори од нато ваквите чекори ги доживуваат како обид за наметнување идеолошка линија. Според нив, политичката усогласеност се става во равенка со американската воена заштита.. Дел од сојузниците сметаат дека пристапот „безбедност преку лојалност“ ги поткопува темелите на трансатлантските односи воспоставени по Втората светска војна., пишува Блумберг..Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00