Бонева во изолација, случајот „Друмарина" одложен за 10 мај

Поради домашна изолација на обвинетатa Силвана Бонева, денешното рочиште за случајот „Друмарина" се одложи за 10 мај. 

Судијата Марин Станевски, пред одложувањето на рочиштето соопшти дека одбраната на обвинетата доставила потврда за изолација поради Ковид-19 и здравствен надзор.

За денешното рочиште беше предвидено да се сослуша сведок.

Предмет на судење во овој случај како што е наведено во обвинението се фискалните сметки од патарините, за кои поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева се сомничи за измама на околу 100.000 евра пари на Собранието.

Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Артан Ајро.

Рашковски заминува од Владата, Заев ја прифатил оставката

По притисокот од јавноста поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски заминува од Владата.

Заев ја прифатил неговата оставка од функцијата секретар во кабинетот на премиерот...

По еден месец од избивањето на скандалот со спорниот софтвер за сообраќајни прекршоци, Драги Рашковски си замина од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите на Владата. Во писмото поднесено на 12-ти април, адресирано до премиерот Зоран Заев, кој експресно ја прифати оставката, Рашковски наведува дека причините за повлекувањето се поврзани со зачувување на неговото достоинство и интегритет. Фотографијата од писмената оставка тој утринава ја објави на Фејсбук, над која напиша дека бил мета на лажни вести и ги повика институциите да ја проверат вистината.

Повеќе детали од Михаела Димовска..

Поради короната, значително скокна испораката на компјутери во светот

Глобалните испораки на компјутери се зголемиле во првиот квартал со најбрзо темпо во последните две децении, бидејќи бројни влади во корона кризата организираа часови преку Интернет, покажува истражувањето на Гартнер.

Испратени се вкупно 69,9 милиони компјутери и лаптопи во првите три месеци од оваа година, што е за 32% повеќе од истиот период минатата година.

Кинескиот „Леново“ зазеде водечка позиција на пазарот со удел од 25,1 процент, по што следат „HP“, „Dell Technologies“, „Apple“ и „Acer“, се вели во извештајот.

Во Гартнер, посочуваат дека скокот во испораките треба да се гледа низ призмата на минатогодишните ограничувања поради пандемијата и недостигот на чипови.

„Да немаше хаос во испораките на почетокот на 2020 година, растот во овој квартал можеше да биде помал“, рече директорот за истражувања на Гартнер, Микако Китагава.

Компанијата ја издвоила и тројната побарувачка за Google’s Chromebook во првиот квартал благодарение на силната побарувачка од образовните институции во Северна Америка. Chromebook не е вклучен во анализата.

„Сè уште укажува на заклучок дека побарувачката за компјутери може да остане силна дури и по ублажувањето на ограничувањата“, забележуваат во Гартнер.

Бранот на побарувачка, поттикнат од коронавирусот и невидениот недостиг на полупроводници создадоа силен притисок врз ланецот на снабдување.

Во првата фаза, недостатокот на чипови ја погоди автомобилската индустрија, а сега влијае и на производството на електроника и бела техника, вклучувајќи паметни телефони, фрижидери и микробранови печки.

По координативната средба кај Џафери , за утре е закажана собраниска седница

На Координативната средба беа присутни координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО – ДПМНЕ и претставникот на политичката партија Левица,се наведува во соопштението од Собвранието.

Вонредната координативна средба ја свика претседателот на Собранието во насока на деблокирање на целокупната работа на Собранието, вклучително и работата на работните тела, со оглед на тоа што работата на дел од матичните работи тела е закочена повеќе од 5 месеци. Премисата беше наговестена во изјавите на сите политички чинители изминативе денови. Координаторите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ го известија претседателот за кои точки е постигната согласност за деблокирање.

Претседателот нагласи дека не смее да има приоретизирање на одредени точки затоа што лидерите на политичките партии се договориле за тоа надвор од Собранието, работата на Собранието треба да се деблокира на секое ниво и сите политички партии треба да ја напуштат праксата на заложништво на процесот на усвојување закони, немање кворум заради оправдани здравствени причини на пратеници поврзани со КОВИД – 19 пандемијата, или поднесување на огромен број амандмани по еден закон, оптоварувајќи ја и службата на Собранието а не само законодавниот процес. Претседателот нагласи дека, праксата на условување не оди во прилог никому. Претседателот е одговорен за почитување на Уставот и Деловникот, за зачувување на дигнитетот на Собранието. Собранието е државна институција, треба да се работи на тој начин и во работата не смее да има ултиматуми.

Заклучокот од Координативната средба е дека утре (15 април), Собранието продолжува со работа по 32 седница, додека за натамошната динамика на работа, ќе се координираат дополнително.

притисни ентер