Боливудска ѕвезда нападната со солзавец и тупаници во Париз - Канал 5

Боливудска ѕвезда нападната со солзавец и тупаници во Париз

Индиската убавица, актерка и манекенка, Малика Шеравад, била нападната со солзавец а потоа претепана од тројца маскирани во стан во Париз, во близина на апартманот во кој беше ограбена Ким Кардашијан. Малика е позната и како исклучителна феминистка која силно се бори против насилството над жените во нејзината земја Индија.

Боливудска ѕвезда нападната со солзавец и тупаници во Париз
Нападот бил извршен на крајот од минатата недела, во петокот вечерта околу 21.30 часот, кога 40 годишната Малика и нејзиниот француски љубовник, 45 годишниот бизнисмен Сирил, се вратиле во неговиот стан во Париз.



Actress Mallika Sherawat was attacked outside her apartment in Paris


Весникот „Le Parisien“ пишува дека тројцата напаѓачи носеле марами преку лицата и „без да изустат збор ги испрскале своите жртви со солзавец а потоа физички ги нападнале“.

Потоа избегале.

Нападот бил извршен во близина на местото каде пред неколку недели напаѓачи упаднаа во станот во кој престојуваше Ким Кардашијан и ја ограбија.

Полицијата почна истрага и тргнува од претпоставката дека напаѓачите имале намера да извршат кражба. Но, ништо не е украдено, а нападнатите поминале со полесни повреди.

Ms Sherawat was with French businessman lover Cyrille Auxenfans, 45, when they were attacked in the residential building in the upmarket 16th arrondissement of Paris

Малика Шаравад е многу позната во Индија каде има снимено 20 филмови, а настапува и во американскиот телевизиски римејк на „Hawaii Five-0“.

Нејзиното вистинско име е Рима Ламба и таа е исклучително гласна кога се работи за правата на жените.

- Јас го делам моето време меѓу Индија, Лос Анџелес и Америка. И сега кога ја почувствував социјалната слобода, и кога ќе се вратам во Индија која е многу регресивна кон жените, тоа е депресивно. како ензависна жена можам да кажам дека е навистина депреесивно...


A criminal investigation has been launched, with detectives working on the theory that the assailants were attempting a robbery


- Индија е општество на хипокризија каде жените се на самото дно во однос на мажите - изјави Малика неодамна за „Variety“.

Во 2011 таа во Л.А. беше фотографирана со американскиот претседател Барак Обама.


The actress, pictured here with US President Barack Obama in Los Angeles in 2011, was attacked in her own Paris apartment block

Париз е можеби најпопуларниот туристички град во светот, но поради растечкото насилство бројот на туристите опаѓа...


/извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово.

Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли.

Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ.

Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости.

Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија.

Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село. При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт. По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер