Боки Тредичи во епизодата „Меморандуми за рекет“

Зошто ДРИМБИЛДИНГ од Струга уплатил пари на Јасна Мандиќ или Ерцеговиќ или Ерцеговиќ-Мандиќ, а не на организацијата Меѓународен Сојуз Скопје, со кого впрочем и склучиле договор, како правно лице?  

(втор дел )


Најверојатно никој во Македонија нема да ги дознае вистинските причини за потпишување на меморандуми за соработка со Меѓународниот Сојуз Скопје. Алтруизам? Можеби. Рекет? Можеби


Дел од оние градоначалници кои потпишаа Меморандуми за Соработка за „Меѓународниот“ на Боки Тредичи, беа званици и на „грандиозната“ прослава на роденденот на 1ТВ во Филхармонија.
Ништо чудно, биле и ќе бидат гости и тие, и други политичари на други прослави, но останува отворено за јавноста едно интересно прашањето:
Ако тие меморандуми веќе не предизвикуваат правно дејство, и ако не постоела никаква иницијатива од страна на Боки, законска пред се, а не како онаа во општините Битола или Карпош каде имало обид за нелегално стекнување и трансформација на земјиште , обид кој бил спречен од овие градоначалници, тогаш, зошто овие меморандуми воопшто се потпишувале?
Кој и каков бенефит имал од „некаква мртва буква на хартија“? Чуму да се потпише Меморандум по секоја цена?
Но да ја замислиме оваа ситуација, каква ли била реакцијата на таргетите на Боки, потенцијалните „бизнис партнери“ , кога биле „соочени“ со ваква силна и моќна документација?


Една таква госпоѓа - бизнисменка била таргетирана од Боки и една негова пријателка, и токму таа госпоѓа за Канал 5 ТВ ни ја раскажа следнава сторија, која ја проверивме и се уверивме дека одредени детали кои ни беа предочени од нејзина страна и кои можевме да ги провериме, се вистинити. Сепак оставаме простор дека сите елементи во оваа сторија 100% не одговараат на случувањата, но тоа може да биде само поради информациите кои ги добивме од Госпоѓата Х

Имено соодветната госпоѓа Х, била посетена од Боки Тредичи , и при таа посета тој се испофалил, како што само тој знае, со неговите конекции со Премиерот и цела Влада, како и локална самоуправа, при што покажал дузина Меморандуми ( што значи дека Боки потпишал не само со досега познатите 3 општини, туку и со повеќе ) и и објаснил дека тој, како силен и влијателен медиумски работник има ултра-мега-никогашдосегареализирана идеја - меиумски проект од едукативно забавен карактер за подобро запознавање на ЕУ
Дополнително, и покажал некоја хартија дека наводно тој негов ултра-генијален проект бил поддржан со средствата од ЕУ, што и било потврдено на госпоѓата Х и од страна на пријателката на Боки.

Госпоѓата Х , возбудена од идното успешно партнерство со Боки Тредичи и неговата пријтелка, ги прифаќа условите и особено делот - да учествува финансиски во висина од околу 260.000 евра!

Започнува процесот на склучување на договор, и во еден момент се организира свечено потпишување на договорот помеѓу Меѓународниот Сојуз на Боки и госпоѓата Х, во домот на Боја Јовановски

Но Госпоѓата Х е непријатно изненадена, затоа што на самото место и се покажува друг договор во кој нема да фигурира Боки Тредичи, кој тоа го објаснил со моментот дека е премногу познат во кулоарите на Европската Унија , и дека не му „личи“ на добитникот на средствата од ЕУ сега да биде потписник?!
Госпоѓата Х се согласува да потпише договор со Пријателката на Боки Тредичи, што е речиси еквивалентно со случајот со ДРИМБИЛДИНГ, каде парите се префрлаат на Јасна Мандиќ, па така „несреќната“ Госпоѓа Х средствата ги префрла на пријателката на Боки.

Месеци и месеци поминуваат, ни трага ниту глас о Боки Тредичи ниту од Пријателката, а на проектот кој при потпишување бил во „развојна“ фаза, и за кој Госпоѓа Х „плукнала“ повеќе од 250.000 евра, никој не се ни сеќавал!

Госпоѓата Х почнува да ја фаќа паника, си ги бара парите назад од Боки 13 и од неговата пријателка, и во еден момент ја контактира
канцеларијата на ЕУ во Скопје со барање да добие податок, дали Боки 13 и неговата пријателка добиле директни средства од ЕУ за било каков проект?
Одговорот бил негативен, по што Госпоѓата Х морала да се соочи со вистината - правдата да ја бара преку домашните институции.
Поднела кривична измама до ОЈО против Боки Тредичи и неговата пријателка, за жал поради неверојатна брзина на работење на ЈО Скопје, Госпоѓата Х се уште нема повратна информација до каде е неговиот предмет.
Сепак, дотичната госпоѓа Х, очигледно била добро подучена со кого ( ќе ) си има работа , односно за „коректноста“ на Боки Тредичи, па направил нотарски договор со извршна клаузула.
Последната информација која Канал 5 ја има за оваа тешка измама е дека парите и се вратени на Госпоѓата Х, но таа сепак не се откажува од кривичната пријава против гореспоменатите лица.

Ова сторија е само мал дел од мозаикот за тоа какви сериозни последици и консеквенци можат да предизвикат разноразни Меморандуми од страна на авторитетите во Македонија, особено кога се потпишуваат со вакви крајно сомнителни типови, кои и во времето на потпишување на тие Меморандуми, имал блокирана лична сметка, нешто што беше „јавна тајна“ во Македонија.

Оваа „мала “ приказна само ни ги подотвара очите и нам , на медиумските работници, но и на целата јавносте дека Боки Тредичи играл „симултанка“ и тоа: Една „партија“ во која рекетирал осомничени или обвинети бизнисмени, што се слуша и помалку гледа од ЛА ВЕРИТА Бомбите. Покрај Боки13 кој и како дополнително учествувал во овој Рекет на деценијата , треба да се остави на истрагата на ОЈО, која се надеваме ќе добие малку и на брзина., и Друга „партија“, во која ги (зло)употребувал Меморандумите за Соработка но можеби дополнително и некои лица од власта,за сериозен притисок кај бизнисмените за да се рекламираат во 1ТВ, нешто што не смее да остане непознато ниту за правосудниот систем, ниту за јавноста

( продолжува...)

Утре без струја делови од општина Карпош

Без електрична енергија утре ќе останат делови од општина Карпош.

Како што информираат од ЕВН Македонија АД, без струја во пеиодот од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците во село Горно Нерези, а од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ул. „Ринхини“ и ул.„Езерци“ во населба Влае, општина Карпош.

Во поплавите и лизгањето на земјиштето во Индонезија животот го загубија 62 лица

Бројот на луѓе кои го загубија животот во поплавите и свлечиштата во индонезиската провинција Западна Суматра денеска се зголеми на 62, соопштија официјални претставници.

Спасувачките тимови ги пребаруваат областите во близина на реките во потрага по 25 лица кои се уште се водат како исчезнати.

„Дождовите почнаа во саботата, создавајќи порои, лизгање на земјиштето и текови на студена лава, која е мешавина од вулканска пепел, камења и течна кал“, изјави шефот на спасувачкиот тим во Западна Суматра, Абдул Малик.

„Обилните дождови ги однесоа материјалите како пепел и големи камења од вулканот Марапи. Текот на студена лава и порои ни се закана во последно време. Но, проблемот е што тоа секогаш се случува доцна навечер, пред зори“, рекол Малик.

Тој посочи дека на терен се околу 400 спасувачи, полицајци и војници кои со помош на неколку багери и беспилотни летала трагаат по исчезнати лица, а операцијата за спасување е отежната на оштетените патишта.

Поповиќ: Охридско лето високо котира во Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Високото место во Европската фестивалска асоцијација е доказ за успесите на „Охридско лето“

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ ги презентираше успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали што се одржа изминативе четири дена во Уседом, Германија.

Според директорката Поповиќ Фестивалот „Охридско лето“ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на нашите простори, како еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот, фестивал со вековна отвореност кон културите создавајќи духовна интеракција во размената на светските добра.

„Членството во оваа елитна асоцијација е доказ дека фестивалот „Охридско лето“ е на вистинскиот пат во неговата меѓународна афирмација. Високото место кое „Охридско лето“ го зазема меѓу повеќе од 140 фестивали членки на ЕФА ја потврдува неговата посебност и специфичност“, рече Поповиќ.

Поповиќ во говорот истакнала дека „Охридско лето“ секоја година пречекува над 1000 врвни уметници од целиот свет кои се воодушевени од прекрасната организација благодарение на посветеноста и професионализмот на тимот на Фестивалот.

„Долгогодишното опстојување на оваа манифестација упатува на една голема традиција, која извира од градот Охрид, духовната престолнина на државата, и важи за столб на македонската култура и стожер на нашата традиција. Токму ЕФА е местото од каде се промовира врвната уметност, се негува традицијата, се градат мостови помеѓу културите на различните народи и се создава визија за иднината на светската уметничка сцена “, истакна Поповиќ.

ЕФА асоцијацијата вклучува над 140 фестивали од 40 земји. Фестивалот „Охридско лето“ од 1994 година е значаен партнер на асоцијацијата. Годинава на предлог на директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ во оваа елитна асоцијација влегува и Драмски театар Белград од Р.Србија со кој се затвори минатото фестивалско издание на „Охридско лето“ со изведба на претставата „Лагата“ пред преполното гледалиште на Античкиот театар.

Директорката Поповиќ и во наредните четири години со реизбор останува како делегат на ЕФА. Асоцијацијата годинава доби нов Управен одбор.

притисни ентер