МакедонијаБојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговориЗа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на Република Македонија.Станува збор за конкретен, видлив и практичен чекор кон европската иднина на Македонија, а тоа е приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“. Оваа иницијатива директно ги засега граѓаните, компаниите, студентите, работниците, македонската дијаспора и сите оние кои патуваат или комуницираат со земјите од Европската Унија. Со „Роаминг како дома“, граѓаните ќе можат да користат мобилни услуги, повици, СМС-пораки и мобилен интернет, без дополнителни роаминг трошоци, односно под услови еднакви со домашните тарифи. Поконкретно, добиваме помали трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери во Европа, подобри услови за компаниите и поевтина прекугранична соработка. Тоа значи конкретна придобивка од европската интеграција, која граѓаните ќе ја почувствуваат директно во секојдневниот живот. Почитувани, во изминатиот период, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде сериозни, суштински и одговорни чекори за усогласување на домашното законодавство со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации. Беа изработени четири гап-анализи за прилагодување на европските директиви и регулативи во македонското законодавство. Врз основа на тие анализи беше подготвен законски текст за измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, со цел усогласување со Европскиот електронски комуникациски кодекс и релевантните европски регулативи. Нацрт-законот беше објавен на ЕНЕР на 20 јануари 2026 година, по што беше спроведена владина постапка. На седница на Владата, одржана на 24 февруари 2026 година, беше утврден текстот на Предлог-законот. Со тоа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го заокружи клучниот национален дел од подготовката на законската рамка потребна за пристапување кон иницијативата „Роаминг како дома“. На 4 јуни 2026 година, Советот на Европската Унија го одобри отпочнувањето преговори со земјите од Западен Балкан за проширување на режимот „Roam Like at Home“. Ова е исклучително значаен чекор, затоа што ја отвора вратата за секторски преговори меѓу Европската комисија и секоја од земјите од регионот, вклучително и Македонија. Дополнително, на 12 јуни 2026 година е закажан состанок на кој ќе присуствува министерот Андоновски со министрите од Западен Балкан и претставници на Европската комисија, на кој ќе се разговара за главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и степенот на подготвеност на секоја земја. Ова значи дека Македонија не доцни и дека е подготвена. Ова е директен показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати. Почитувани граѓани, ова е пример како треба да изгледа европската интеграција, достоинствена, со конкретна придобивка, а не непредвидлив пат и нејасен крај. Токму тоа е и политиката на оваа Влада, помалку празни зборови, помалку декларативност и изговори, а повеќе резултати, конкретни решенија и повеќе работа. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на дигитална трансформација, на европско усогласување и конкретни мерки што го подобруваат животот на граѓаните. Ова е успех за граѓаните на Македонија. Продолжуваме посветено, одговорно и со резултати. Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникТагови: Драгана Бојковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИрачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку ИракИрачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак. Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата. Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа. Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.Тагови: Ирак Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44