Бочварски: Штипските компании и превозници да ги дезинфецираат континуирано погоните и автобусите

Дезинфекцијата на автобусите и комбињата со кои се превезуваат текстилните работници до штипските фабрики мора да продолжи и тоа секојдневно, а исто така и погоните во коишто се одвива процесот на прозиводство.

Ова се едни од најважните заклучоци од денешниот состанок на кој присуствуваа градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претставници на текстилните компании, превозници, потоа од Центарот за јавно здравје-Штип, како и од невладините „Гласен Текстилец" и Хелсиншки комитет.

-Насоките од Центарот за јавно здравје се тие дезинфекција да продолжи во текот на наредниот период, секојдневно и една од останатите мерки е да бидат дезинфецирани погоните, после завршувањето на работното време, со одредени средства што се пропишани од Центарот за јавно здравје. Можам да информирам дека за граѓаните на Штип до денеска нема ниту еден случај заболен од коронавирусот. Посакуваме тоа и да не се случи, вели Бочварски.

Најави дека во текот на утрешниот ден ќе има состанок и со Кризниот штаб, кој ќе преземе и дополнителни мерки со МВР и со неколку други институции, со цел како што рече Бочварски институциите да бидат максимално будни и да се спречи појавата на корона вирусот.

Директорката на Центарот за јавно здраве-Штип, Марија Димитрова посочи дека одговараат на повиците и на потребите на граѓаните, како и на институциите. Денеска е одржана обука на вработените во Затвор- Штип. Таа потенцираше дека доколку компаниите имаат потреба од обука на своите вработени кои работат во погоните за нивна заштита, како и за користење на заштитните средства слободно можат да се јават кај нив и да им излезат во пресрет.

-Во моментов нема место за паника, најодговорно ви го тврдам тоа за Штип. Во моментов немаме ниту лица на Инфективно одделение за тестирање. Лицата, кои претходно беа тестирани се лица од Виница, Радовиш, Македонска Каменица, Кочани. Така што тие се негативни. Жител на Штип ние немаме на тестирање. Лицата кои се во самоизолација сме во контакт со нив, конкретно еве да кажам за лицата кои беа на предавање со докторката се во изолација, сме во контакт и лицата се добри, немаат симптоми. Чекаме одреден временски период за да им се направи тестирање, вели Димитрова.

Додека новинарските екипи беа пред општинската зграда и чекаа за изјави од присутните на настанот, брачен пар од странска држава, кој е вратен девовиве во Штип со нивниот автомобил застана и се поздрави со вработена од една од институциите сместени во општинската зграда, прашана дали овој брачен пар треба да се шета, па и да се поздравува со луѓето, Димитрова е децидна дека треба да бидат во самоизолација и граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи во полиција.

-Значи лицата кои доаѓаат од друга држава треба да се пријават, се земаат изјави од тие лица и ако не се постапува по тие изјави лицата подлежат на кривична пријава. Можат да одговараат и кривично, а казната е затвор до три години, вели Димитрова.

Во моментов во самоизолација во Штип се вкупно 13 граѓани.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец"-Штип апелираше работниците да не креваат паника, кога ќе слушнат некои непроверени информации, туку да се следат информациите кои министерот за здравство, Венко Филипче редовно ги споделува со сите граѓани и дава конкретни информации, но и препораки, како да се заштитеме од ширење на вирусот.

-Апелираме сите да се придржуваме единствено до препораките и она што постојано го истакнува Министерството за здравство. Драго ми е што денеска од рабоптодавачите кои беа пристни, видов дека голем дел од нив се држат до препораките, не ја знам ситуацијата секаде, меѓутоа гледам дека постои страв и кај нив и се спремаат за евентуално сценарио, но да се надеваме дека нема да дојде до тоа, вели Ампева.

Забележа дека во моментов стопанството во Штип добро се држи и се надева дека и така и ќе остане, а во наредниот период ќе споделуваат и информации до компаниите, за она што како заклучоци, мерки и препораки го носи Владата. /МИА

Бобан Илиевски ќе се бори за светска титула против Турчинот Дузенли во СЦ „Јане Сандански“

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе се бори за светската титула против актуелниот „ВАКО“ шампион, Берк Дузенли од Турција.

Гала настанот „ВАКО ПРО АФН 9“ почнува во 19 часот, а организатор е Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, а ова е прв од ваков вид професионален кикбокс меч кај нас, со тоа што главната борба на вечерта ќе биде за титулата професионален светски првак на WAKO PRO организација во дисциплината К1 RULES, во која актуелниот светски и европски ВАКО аматерски шампион и добитник на признанието спортист на годината во Македонија, објави Спортманија.

Илиоски ќе се соочи со актуелениот светски шампион на WAKO PRO во дисциплината K1 RULES во категоријата до 88.6 кг, со Дузенли.

Исто така, на еден од мечевите вечерва ќе настапи и нашиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев, кој во оваа прилика ќе настапи како предборба на главниот професионален WAKO PRO меч.

Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија

Најпрво сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка и да ви честитам на сите за победата. 

Затоа што оваа победа не е само на ВМРО-ДПМНЕ, туку победа на целиот македонски народ кој се обедини промени, за да си ја врати државата назад. Ве сте силата на Македонија, вие сте гласот на промените и надежта на оваа парче земја, вели Драган Ковачки носител на изборната единица 3 на денешниот митинг во Градско во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Ковачки истакна дека народот им го зададе ударот на СДС и ДУИ на 24 април, а веднаш потоа ќе им го зададе на 8 мај, посочувајќи дека по победата следува трет удар а тоа е одговорност за сите криминали и штети кои власта ги нанела на народот и Македонија.

Но, една добиена битка не значи опуштање. Туку значи уште поголемо обединување, заедништво, сплотеност и работа. Првиот удар го зададовме на 24 април, следува вториот удар со победа на 8 мај, а потоа следува трет удар. Третиот удар значи одговорност. Одговорност за сите криминали. Одговорност за целокупното предавство кое што го направија на Република Македонија, рече тој.

Ковачки посочи дека граѓаните на 24 април покажале дека никој не може да си игра со народот, укажувајќи дека СДС не е само противник на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на македонскиот народ за кои што рече дека е достоинствен, работлив и чесен.

Вие покажавте дека со народот никој не смее да си игра. Покажавте дека овој македонски народ е достоинствен, работлив и чесен. Покажавте дека ја сакате Македонија повторно горда и во вашите раце, затоа што вие сте суверенот на неа. Само вие, а не оние неколкумина од ДУИ и измеќарот СДС, рече тој и додаде.

СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и ваш противник, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба на Али, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив со неговото молчење ги охрабруваше што повеќе да грабаат, што повеќе да украдат и што повеќе да ја понижат Македонија.

Ковачки порача дека 8 мај е историски ден.

Работата не е завршена и нема опуштање, пред самото финале сме. Не смееме да се предадеме, затоа што сме на само еден чекор сме до историска промена и до конечно враќање на Македонија во вашите раце. 8 мај е историскиот ден.

Ковачки објасни дека СДС се разлутени и гневни на граѓаните поради поразот и во следниот период нема да бираат средства и методи за да ги заплашат, но им порача на граѓаните да не се плашат, нагласувајќи дека македонскиот народ никогаш не се плашел.

Прво се обидуваа да ве убедат дека ги сфатиле грешките и дека овие избори им се поправен испит. Но, ви кажав и тогаш, ви кажувам и сега, лажат. ЛАЖАТ!!! Не им верувајте. Не ја сакаат победата за да се поправат, туку за повеќе да украдат, за своите семејства да живеат во луксуз и да се обезбедат за идните генерации, додека вие осиромашувате, додека економијата крахира и додека Македонија тоне во криминал и корупција. А сега после нивниот пораз, се повеќе се гневни, полни со бес кон сопствениот народ, во вас гледаат разлутено затоа што ги казнивте, и затоа можно е следниот период да не бираат ниту средства, ниту пак методи со кои ќе се обидат да ве заплашат и да ве предомислат. Но, нема веќе заплашување. Овој македонски народ никогаш не се плашел, нема ниту сега. ВМРО-ДПМНЕ е партијата на народот, која секогаш застанува против секој еден кој се соочил со неправда од страна на власта, изјави тој.

Во однос на проектите Ковачки додаде дека визијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја трансформира Македонија напред преку реализација на проектите од Платформата 1198.

Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава. Промените се во вашите раце и вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Вие ја давате и одземате довербата. Затоа ве замолувам за огромна поддршка и доверба од ваша страна, ве замолувам за сплотување, за обединување, за масовна излезност. Разговарајте со секој еден и подадете рака на сите. Силата на ВМРО-ДПМНЕ во вас, народот. Ние сме партија која помага, работи и која покажала како треба да се води Македонија. Сме покажале што значат нови проекти, реформи и визија. Имаме план за секоја општина, се обврзуваме на целосна трансформација на Македонија, објасни тој.

За општина Градско, Ковачки рече дека Платформа 1198 предвидува:

Завршување на изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, во должина од околу 33 километри. Проектот ќе се реализира во три фази, Градско – клучка Дреново (15.5 километри). Потоа втора фаза од Фаришка до Дреновска Клусура (10 километри) и трета фаза проширување на патната делница од Прилеп до мостот на Ленишка река и изградба на трета лента на патната делница од село Беловодица – Каменолом Маврово околу 7.5 километри. Реконструкција на мостот на река Вардар кај село Уланци, реконструкција на 8ми Септември во Градско, подобрување на квалитетот на услугите за водоснабдување во Градско и многу други проекти кои значително ќе го подобрат вашиот живот.

Ковачки ја побара поддршката од граѓаните и масовна излезност со заокружување на бројот 2 за Силјановска Давкова за претседател на Македонија, и нова влада предводена на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние се што ветуваме пред вас, се обврзуваме да го исполниме. Платформата 1198 значи решавање на проблемите, затоа што во неа има проекти за сите граѓани. Мораме да ја трансформираме Македонија напред кон нови победи и кон нови успеси. Но ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, кажа Ковачки и порача дека на 24 април народот го делегитимира СДС и ДУИ, а на 8 мај ќе го срози.

На 24 април го делегитимиравме Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ, Спасовски, Зечевиќ, Битиќи, Али, Груби, Османи, Бектеши и баграта околу нив. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, се наведува во партиското соопштение.

Уапсениот украински министер е пуштен на слобода со кауција

Украинскиот министер за земјоделство, Микола Солски, кој претходно денеска беше приведен под обвинение за вмешаност во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари, е ослободен со кауција.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Министерот вчера поднесе оставка, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски е на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат вчера на сослушувањето рекоа дека тој немал корист од таквата шема.

По ова обвинение тој може да се соочи со затворска казна до 12 години.

притисни ентер