Бочварски: Шпекулации се информациите за мое заминување од функцијата

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се шпекулации информациите за негово заминување од министерската функција и за реконструкција на владиниот кабинет.

-Јас мислам дека ова се шпекулцаиии, бидејќи и Владата и партијата СДСМ имаа став по тоа прашање. Она што го слушнавме и видовме, еве министерот за локална самоуправа Горан Милевски, поднесе оставка, слушнавме дека негов заменик би бил Ристо Пенов, еден искусен политичар и поранешен градоначалник, верувам дека со своето искуство ќе даде помош во работата на Владата. Што се однесува до останатите прашања сметам дека се на ниво на шпекулации, рече денеска Бочварски во гостување на ТВ 24, прашан дали ќе има реконструкција на Владата и дали тој ќе си замине од функцијата.

Бочварски, меѓу другото, порача дека урбанистичките планови мора да се почитуваат и не смее да се уништува зеленилото.

За предлог законот за легализација на бесправо изградени објекти што е доставен до Собранието, рече дека е легитимно и да не биде донесен доколку нема заинтерсираност од Парламентот, но оти треба да им се помогне на ранливите категории граѓани кои изградиле дом. Посочува дека од текстот на законот се отстратените сите содржини за кои имаше реакции во јавноста.

-Законот е во Собрание, го поднесовме, по првата расправа имаше уште една, со многу засегнати страни, прочистивме се она за што реагираа граѓаните, и заштитени зони и се што беше на увид на јавноста и беше коментирано, на крајот искреиравме ново многу поскратено решение, а Парламентот треба да одлучи дали треба да се донесе или да не се донесе. Ние немаме ништо против и да не се донесе, има граѓани што секогаш го бараат, а има и граѓани кои се против, како и за секое законско решение. Доколку нема заинтерираност во Парламентот тогаш легитимно е мнозинството и да не носи таков закон, рече Бочварски.

Поранешната сопруга на Илон Маск открива зошто два пати се мажела за него

Поранешната сопруга на Илон Маск, Талула Рајли, откри зошто одлучила да се омажи за шефот на Твитер не еднаш, туку двапати.

Британската актерка двапати се омажила за извршниот директор на Tesla и SpaceX. Првиот пат биле во брак од 2010 до 2012 година, а вториот пат од 2013 до 2016. Сега таа откри зошто двапати се омажила за Маск.

„Претпоставувам дека причината поради која повторно се венчавме беше само тоа што беше глупаво да бидеме заедно невенчани откако се венчавме. Знаете, тоа е како навика. Велевме: „Ова е мојот сопруг“ и „Ова е мојата сопруга“. „О, не, чекај, ние веќе не сме такви. Подобро да бидеме повторно такви. Беше глупаво да се каже „ова е моето момче“ откако се венчавме. Затоа повторно се венчавме“, рече таа во интервју за „Индипендент“.

Додека била во врска со деловниот магнат, Рајли се грижела за неговите пет деца од претходниот брак со Џастин Маск, рече таа. Сепак, таа инсистира дека тоа „не била традиционалната улога на домаќинка“.

„Мислам, имаше ракети и автомобили, и имаше работи што експлодираа... се случуваше многу - многу од тоа беше многу стимулативно. Нејзините и децата на Маск беа многу вклучени во она што се случува. Тоа беше групен напор. Семеен напор“, објаснува Рајли.

„Илон беше одличен. Ме помина низ сето тоа. Така што не бев заглавена во замок во Бел Ер како трофејна сопруга, што не би било забавно. Сведок сум на тоа кај други, се разбира. Но, за среќа , тоа не беше мојата судбина“, додаде таа.

Германците загрижени: Се зголемува бројот на млади, кои умираат од дрога

Бројот на млади луѓе кои починале поради консумирање дрога во Германија е повеќе од двојно зголемен од 2016 година, известува јавниот сервис НДР, повикувајќи се на сопствено истражување.

„Во Германија вкупно 131 лице помладо од 22 години починало како последица на консумирање дрога во 2021 година“, објави НДР по истражувањето спроведено во надлежните институции на германските сојузни покраини.

Три деца помлади од 13 години биле меѓу оние кои починале минатата година, а вкупниот број на смртни случаи по консумирање дрога се искачил на рекордни 1926 во 2021 година. Експертите моментално не ја знаат причината за наглото зголемување на жртвите на конзумирање дрога кај младите луѓе.

"Оваа бројка, иако не е официјална, покажува дека е потребна нова насока во борбата против зависноста. Зависноста од дрога повеќе не смее да биде табу тема. На зависниците им е потребна помош, а не исклучување од општеството", рече Буркхард Блиенрт, комесар на федералната влада..

Истрагата на НДР беше покрената по неколку смртни случаи на млади луѓе на нелегални рејв забави. Според искуствата на учесниците на овие забави, потрошувачката на дрога е зголемена во последните години, како и бројот на малолетни учесници на овие нелегални собири.

Истовремено, намален е степенот на подготвеност да им се помогне на лицата кои ќе се најдат во акутна опасност поради конзумирање на дрога. Така, смртта на 20-годишно момче на рејв забава во Келн е поврзана со тоа што никој од присутните долго време не сакал да повика брза помош.

Министерот за здравство Карл Лаутербах одбил да го коментира истражувањето на јавниот сервис НДР. Актуелната влада неодамна воведе реформа на законот за опојни средства со која ќе се легализира консумацијата на канабис. Владата сака да ја легализира потрошувачката на канабис со цел да се намали криминализацијата на потрошувачите и полесно да се контролира трговијата и употребата на марихуана.

Џулија Робертс со ретка фотографија од децата го одбележа нивниот 18. роденден

Близнаците Хејзел и Финеус наполнија 18 години.

Децата на Џулија Робертс се полнолетни, а нивната славна мајка го одбележа полнолетството со ретка фотографија со нејзините деца на Инстаграм.

„18. Ве сакам“, напиша таа покрај фотографијата од минатото на која едното бебе го држи во раце, додека другото седи на нејзиниот стол.

Актерката ги роди двете најстари деца во 2004 година, две години откако се омажи за Дени Модер. Три години подоцна пристигна синот Хенри. Робертс и нејзиниот 53-годишен партнер отсекогаш ја чувале својата приватност во своите четири ѕида и ретко давале јавни изјави за своите деца.

За да се посвети на воспитувањето на своите деца, Робертс направи 20-годишна пауза од актерството. Таа води мирен и нормален семеен живот и напорно работи за да одржува рамнотежа. Нејзините деца ѝ помагаат во домашните работи како што се местење на креветот и перење алишта затоа што, според актерката, тоа се важни животни вештини.

притисни ентер