BMW го претстави својот врвен модел:Електричниот iX има 500 КС и 600 км опсег (ВИДЕО) - Канал 5

BMW го претстави својот врвен модел:Електричниот iX има 500 КС и 600 км опсег (ВИДЕО)

Првиот целосно електричен кросовер BMW го добива своето едноставно име, но и најсложената технологија.

BMW го претстави својот врвен модел:Електричниот iX има 500 КС и 600 км опсег (ВИДЕО)

Моделот ќе го носи името iX, и ќе се издвојува со специфичен дизајн и најудобна кабина во гамата. Имено, БМВ потенцира дека овој модел е дизајниран одвнатре, со цел да понуди „висок квалитет на живот за возачот и патниците“.Слична работа направи и Тојота кога работеле на првата генерација на Аурис.

Овој пристап не значи дека надворешниот дизајн е занемарен. Напротив, ова во моментов е најмногу што Баварците се подготвени да понудат. Големината на X5 и висината на X6 нудат драматични перформанси дополнително нагласени со огромните бубрези зад затворената површина. Зад маската се крие многу, а на списокот се камери, сензори и радар. Особено се забележуваат прозорците без рамки, а на задната страна огромна петта врата со едноставни линии и екстремно стеснети светла.

Ако надворешноста е изненадување, што е со ентериерот? Сè е ново, од седиштата со интегрирани потпирачи за грб до минималистички арматури и шестоаголен волан. Централната конзола со дрвена декорација ја внесува топлината во дневната соба.

Под капакот е електричен погон. Максимално има 503 КС, а БМВ вели дека може да достигне 100 км/час за околу 5 секунди. Батериите имаат капацитет од дури 100 kWh, што значи импресивен опсег, наводно над 600 км на WLTP. Полначот е компатибилен со моќност до 200 км, што значи 10 минути за опсег од 120 км. Со домашен полнач од 11 kW, се потребни 11 часа за полнење од 0 до 100%.

Точното пристигнување на пазарот сè уште не е познато, а германските медиуми шпекулираат дека ќе започне следната година, по цена од околу 100.000 евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер