АвтомобилизамБМВ ги претстави новите плаг-ин хибриди, стигнуваат во март За своите два најекспонирани модели, BMW ја прошири својата понуда со два plug-in хибриди со голема пазарна вредност.Ова се сериите 3 и 5, а новитетите се со ознака 320e и 520e. Тие се нудат и во караван верзија, а првите испораки се очекуваат во март. Погонот се состои од 2,0 бензински мотор со 163 КС, што заедно со електромоторот обезбедува вкупно максимални 204 КС и 350 Нм. Менувачот е автоматски со осум степени на пренос, а по можност се нуди погон на сите четири тркала. 320e достигнува 100 км на час за 7,6 секунди, на караванот му требаат 7,9 секунди, додека максималните се 225 и 220 км на час. Опцијата за погон xDrive значи над 8 секунди за спринт до 100 км на час, но исто така и суверена контрола на патот. Подеднакво моторизираната серија 5 стигнува за 7,9 секунди до стотка, или 8,2 секунди ако зборуваме за караван. Максималната брзина е 225, односно 218 км на час. Сите работат на електрична енергија до 140 км на час, а нивниот опсег е околу педесет километри, во зависност од моделот и стилот на каросеријата. Батеријата сместена под задните седишта има капацитет од 12 kWh, а за да се наполни до 80% потребни се 2,6 часа полнење со моќност до 3,7 kW. Бензинскиот мотор одговара на 40 литри во 320е и уште 6 во 520е. Ако зборуваме за багажникот, капацитетот е 375 литри за помал седан и 410 за серијата 5.. Познати се и цените на германскиот пазар. Во случај на поголемата серија 5, тие започнуваат од 53.700 евра, што е за 4.200 евра повеќе од основната 520i со 184 КС. Помалиот 320e започнува од 47.450 евра, додека 320i чини 41.550 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСали и Бакер разговараа за пристапувањето во ЕУ и соработката со ХоландијаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со заменик-министерката за прашања на Европската Унија на Кралството Холандија, Хелен Бакер. Во фокусот на разговорите беа процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија, спроведувањето на реформите и можностите за продлабочување на билатералната соработка. Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Холандија за европската перспектива на земјата и за придонесот во зајакнувањето на владеењето на правото, демократските институции и административните капацитети. Тој ја нагласи важноста на соработката преку холандската програма за општествена трансформација МАТРА, особено во областа на владеењето на правото, како и на размената на експертиза меѓу институциите. Министерот истакна дека пристапниот процес треба да биде праведен, предвидлив и заснован на заслуги, со јасни критериуми што ги вреднуваат реформите и конкретните резултати. На средбата, Сали го претстави напредокот во спроведувањето на Реформската агенда и приоритетите од Планот за раст за Западен Балкан. Тој нагласи дека постепената интеграција треба да донесе видливи придобивки за граѓаните и стопанството и да поттикне забрзување на реформите кон полноправно членство. Беа разгледани и можностите за натамошна соработка во зајакнувањето на институциите, размената на искуства и развојот на заеднички проекти. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаЛишен од слобода крадец во Скопје, се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипедиСледува соодветна пријава.Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Ѓ.П.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди. Тој се сомничи дека кривичните дела ги сторил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода. Од него биле одземени вкупно 12 велосипеди од различни локации и дел од нив биле вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје против лицето ќе поднесе соодветна кривична пријава.Тагови: крадец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаМинистерот Муцунски ќе учествува на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во СофијаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Меѓународната конференција посветена на Коридорот VIII.Во рамките на конференцијата, министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот VIII“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови. Во фокусот ќе биде неговата целосна реализација како заеднички стратешки интерес на земјите долж коридорот и на поширокиот европски простор. Конференцијата претставува продолжение на досегашниот политички дијалог за Коридорот VIII, вклучително и министерскиот состанок одржан во Тирана во февруари оваа година. На маргините на конференцијата е предвидена и билатерална средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter