Блупринт група: Судскиот совет продолжува со незаконитото и нетранспарентно постапување

Сериозна загриженост за последниот развој на настаните во Судскиот совет изрази и Блупринт групата за реформи во правосудството... 

„За жал и на штета на владеењето на правото членовите на Судскиот совет направија неуспешен обид да го „озаконат“ своето незаконско постапување од 26.4.2023, повторно со повреда на одредбите од Законот за судски совет и Деловникот со кој се уредува работата на Советот.

Убедени сме дека со последниве случувања, Судскиот совет е на пат да го загуби целосно легитимитетот да избира, оценува и разрешува судии.

Упатуваме повик до сите чинители вклучувајќи ги и членовите на Судскиот совет да преземат мерки за утврдување на индивидуална одговорност за сторените повреди од Законот за судскиот совет“ – стои во заедничкото соопштение на неколкуте невалдини организации за следење на реформите во правосудството..

Адидас истражува голем корупциски скандал во Кина

 Германскиот производител на спортска опрема Адидас истражува огромен скандал со наводна корупција во Кина, проценет на неколку стотици милиони евра, а осомничените се локални вработени во групацијата, објави денеска британскиот весник Фајненшл

Во писмо, наводно напишано од „вработени во Адидас во Кина“, се именувани неколку кинески вработени, вклучително и извршен директор, во одделот за маркетинг буџет на компанијата.

Во документот, кој кружеше на кинеската социјална мрежа во текот на јуни, се наведува дека корупцискиот скандал „тежи“ 250 милиони евра.

Британскиот весник наведува дека документот го обвинува персоналот на Адидас за примање поткуп од даватели на услуги овластени од германската групација.

Менаџер на „Адидас“ во Кина е обвинет дека примил „милиони готовина од добавувачите, како и имот, вклучително и недвижен имот“.

Адидас, кој влезе на пазарот во Кина во 1997 година, во минатото се прошири на повеќе од 10.000 продавници. Сепак, последниве години, Адидас се соочи со подемот на локални брендови, вклучувајќи ги Анта и Ли Нинг.

Фото: Ивана Нол позираше на стадион во новото издание

Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол, блесна  на Олимпискиот стадион во Берлин.

Атрактивната навивачка се појави во ново карирано издание со кое испрати порака за поддршка на нејзините„огнени“.

Кнол веднаш по појавувањето го го привлече вниманието на публиката на стадионот, и насмеано им позираше на фотографите.

Потоа Ивана се фотографирала со фановите.

Професионална Велосипедска трка „Трофеј Илинден“ во општина Илинден

И оваа година во Општина Илинден за сите љубители на велосипедизмот се одржа Велосипедската трка „Трофеј Илинден“ во организација на Општина Илинден,

И оваа година во Општина Илинден за сите љубители на велосипедизмот се одржа Велосипедската трка „Трофеј Илинден“ во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација на Република Македонија, во должина од 100 километри.

На велосипедската трка која е влезена во календарот на велосипедскитрки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја земаа учество околу 70-тина професионални велосипедисти од цела држава во 6 категории: У-23, јуниори, жени, кадети, мастерс и елит.

На големо задоволство на љубителите на овој спорт од категоријата У-23 прв до целта стаса Димитар Јовановски, додека во категорија елит прв до целта стаса Никола Лефков, во категодија јуниори прв беше Андреј мацоски, категодија жени Елена Петрова, кадети Константин Костоски, мастерс Ивица Давидовски, У-13 мажи Христијан Николиќ а од жени Оља Цветанова и категорија У-15 Александар Ристовски и Антонија Маневска.

Велосипедската трка која беше од кружен карактер а стартната позиција од спортската сала ,,Гоце Делчев, се возеше кон општинската зграда, надвозникот во н. Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци,Текија,Миладиновци, Кадино, Марино и назад кон целта – сопртска сала ,,Гоце Делчев”.

Покрај професионалната трка се одржа и трката за рекреативци, на која сосвоите велосипеди учествуваа голем број љубители на велосипедизмот,особено млади велосипедисти. Во оваа рекреативна трка учествуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, како ипратеничката Драгана Бојковска, старт прозцијата беше од пред спортската сала ,,Гоце Делчев”, потоа се возеше кон Марино, назад кон Илинден, по улица ,,8”, нов кружен тек, улица ,,9” се до спортската сала ,,Гоце Делчев”.

Пригодни награди на најдобро пласираните како и жолти маички на победниците им додели покровителот на настанот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а Велосипедската федерација на Република Македонија на градоначалникот му додели плакета во знак на благодарност.

притисни ентер