3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ХороскопДневен хороскоп за 9. мај 2024 година Дневен хороскоп за четврток, 9. мај 2024 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне. Кариера Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас. Кариера Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка. Здравје и совет Грижите што ќе се појават се обична илузија. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка. Кариера На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив. Здравје и совет Вежбајте јога за подобра концентрација. Лав 23.7-22.8. Љубов На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред. Кариера Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење. Здравје и совет Останете мирни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е. Кариера Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите. Здравје и совет Вежбајте на отворено. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред. Кариера Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Ќе помине. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови. Кариера Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време. Здравје и совет Имате право да уживате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате. Кариера Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво. Кариера Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови. Здравје и совет Наспијте се добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни. Кариера Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте. Здравје и совет Одморете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот. Кариера За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите. Здравје и совет Следете ги своите сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака. Кариера На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава. Здравје и совет Продолжете да го градите започнатото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВладимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките нападиРускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости. Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија. Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријаваПо насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село. При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт. По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.Тагови: нелегална сеча на дрва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Renault“ вели „доста е веќе“: Уморни се од тоа што ги копираатГрупацијата „Renault“ мора да промени нешто - Франсоа Провост, извршниот директор на концернот, изјави дека во иднина, автомобилите од различни брендови ќе мора да бидат поразлични.Причината за овој пресврт се сè почестите примери на автомобили кои делат техничка основа, но се претставени на пазарот како посебни модели. Иако таквата стратегија ги намалува трошоците за развој, премногу сличност може да го оштети идентитетот на поединечните брендови. Според списанието „Autocar“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, сламката што им ја скрши чашата на раководителите на „Renault“ беа прекумерните визуелни сличности помеѓу електричната „Nissan Micra“ и моделот „Renault 5 E-Tech“. Ова е донекаде изненадувачки, бидејќи иако делат техничка основа, „Nissan“ ги редизајнираше речиси сите надворешни панели на каросеријата за да ѝ даде на „Micra“ свој сопствен изглед. Уште поинтересно прашање е како Рено гледа на другите примери на соработка. „Nissan Pixo“ и новиот „Twingo E-Tech“, како и електричните „Mitsubishi Eclipse Cross“ и „Renault Scenic E-Tech“, покажуваат како различните модели можат да се потпрат на заедничка техничка основа. Потегот на „Mitsubishi“ на европскиот пазар е особено впечатлив, каде што моделите „Renault Clio“, „Captur“ и „Symbioz“ добија речиси директни еквиваленти со значката на јапонскиот производител. На Саемот за автомобили во Париз, Франсоа Провост наговести за промена на политиката во врска со споделувањето платформи и развојот на возила со партнерските компании. Ова важи за „Nissan“ и „Mitsubishi“, членови на алијансата „Renault“, но и за други производители, вклучувајќи го и „Ford“. За разлика од неговиот претходник Лук де Меа, Провост дава поголемо значење на зачувувањето на препознатливиот дизајн на францускиот бренд. „Не баравме доволно диференцијација. Сè е поврзано со диференцијацијата на моделите. Погледнете што прави „Dacia Spring: Twingo“ и „Spring“ изгледаат како различни автомобили, но користат иста платформа. Ова е промена од мојот претходник. Никогаш нема да склучувам партнерства без доволно јасни разлики меѓу производите“, изјави Провост за „Autocar“. Оваа изјава не значи дека производителите ќе престанат да споделуваат платформи, погонски склопови или други скапи компоненти. Напротив, заедничкиот развој останува еден од најефикасните начини за намалување на трошоците, особено во сегментот на мали електрични автомобили. Клучното прашање е колку слобода ќе има секој производител за да го направи својот модел визуелно препознатлив, а ова се однесува и на „Ford“, кој го развива наследникот на „Fiestа“ во соработка со „Renault“. Извршниот директор на „Ford“, Џим Фарли, сепак, има речиси идентични ставови со Провост кога станува збор за дизајнерскиот идентитет и споделувањето платформи, па затоа не би требало да има такви непријатни изненадувања. Извор: Б92Тагови: Renault Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook