3На денешен ден пред 19 години загина македонскиот славеј Тоше Проески, неговите песни живеат и денес
ТехнологијаБлу Ориџин го откажа лансирањето на ракетата Њу ГленКомпанијата Блу Ориџин го откажа денешниот обид за лансирање на ракетата Њу Глен додека не се реши „проблемот со потсистемот на возилото“, соопшти компанијата.- Ги разгледуваме можностите за нашиот следен обид за лансирање, соопшти компанијата на Х. Основачот на Амазон Џеф Безос ја создаде Блу Ориџин во 2000 година, а компанијата е конкурент на СпејсИкс на Илон Маск во вселенската индустрија. Ракетата Њу Глен, висока колку 30-катница, се очекува да ја наруши доминацијата на СпејсИкс на пазарот и да го почне долго одложуваното влегување на Блу Ориџин на пазарот за лансирање на сателити. Безос претходно изјави дека не мисли оти извршниот директор на СпејсИкс Илон Маск, ќе ги искористи своите блиски врски со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за да ја поткопа неговата вселенска компанија Блу Ориџин (Blue Origin), додавајќи дека се чувствува „многу оптимист“ за вселенската агенда на претстојната администрација. - Илон беше многу јасен дека тоа го прави за јавен интерес, а не за своја лична корист. И јас го земам тоа здраво за готово, рече Безос. Маск, кој потроши повеќе од четвртина милијарда долари помагајќи му на Трамп да биде реизбран за претседател, има влијание врз него за прашања поврзани со истражување на вселената. Минатиот месец тој рече дека САД треба да испратат мисии директно на Марс наместо прво да одат на Месечината, што предизвика загриженост во индустријата за можен голем потрес во програмата за истражување на вселената на НАСА. - Мое мислење е дека треба да ги направиме и двете – треба да одиме на Месечината и треба да одиме на Марс, рече Безос на прашањето дали е загрижен за промените во програмата на НАСА за повторно слетување на Месечината. - Она што не треба да го правиме е да ги почнуваме и да ги запираме работите. Дефинитивно треба да продолжиме со лунарната програма, рече Безос. Се очекува Трамп да направи големи промени во програмата на НАСА за Месечината во неговиот втор претседателски мандат и да се фокусира многу на испраќање мисии на Марс. Амазон донираше еден милион долари во инаугуративниот фонд на Трамп и ќе го пренесува настанот на својата платформа Прајм Видео. Основачот и извршен претседател на Амазон се состанаа со Трамп, но за Ројтерс изјави дека немало дискусии за вселенската програма. Блу Ориџин има договор од три милијарди долари со НАСА за испраќање луѓе на Месечината до крајот на оваа деценија, по мисиите Старшип на СпејсИкс, ракетата за повеќекратна употреба на Маск која е во напредна фаза на развој и е предвидена за испраќање луѓе и товар на Месечината и Марс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на Пленарната сесија од Годишните средби на ММФ и Светска банкаВо услови на глобална неизвесност фискалната дисциплина и структурните реформи се клучни за одржлив раст.Фискалната дисциплина, ефикасното управување со јавните расходи и забрзувањето на структурните реформи се клучни за зачувување на економската стабилност и обезбедување одржлив раст во услови на зголемена глобална неизвесност. Глобалната економија и натаму покажува отпорност, но повторените економски шокови ги намалуваат расположливите фискални и енергетски резерви, додека инфлациските притисоци остануваат предизвик за голем број земји. Во вакви услови, внимателното водење на макроекономските политики е од суштинско значење за зачувување на ценовната стабилност и спречување на дополнително засилување на инфлацијата. Ова беа клучните пораки на Пленарната сесија од Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. На Пленарната завршна сесија на Годишните средби во Бангкок се обратија генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, претседателот на Групацијата на Светската банка, Аџај Банга, и претседателот на Годишните средби и гувернер на Централната банка на Парагвај, Карлос Карваљо Спалдинг. „Во услови на глобална неизвесност и повторени економски шокови, одговорното управување со јавните финансии е основа за стабилна економија. Нашиот фокус е на фискална консолидација, поефикасно користење на јавните средства и спроведување структурни реформи што ќе ја зголемат продуктивноста, ќе ги поттикнат инвестициите и ќе ја зајакнат конкурентноста на домашната економија. Целта е да обезбедиме одржлив раст и подобри перспективи за граѓаните и компаниите“, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во рамки на Годишните средби кои се одржуваа во Бангкок изминатата недела, министерката Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на ИФЦ за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за Конституенцата во која членува нашата земја, Јуџин Ругенат. На средбите беше истакната важноста на забрзувањето на реформите, реализацијата на стратешките инвестиции и поддршката на приватниот сектор како двигател на економскиот раст. Министерката исто така оствари средби и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај. Во фокусот на средбите беа фискалната консолидација на среден рок, одржувањето на фискалната дисциплина и спроведувањето реформи за зајакнување на отпорноста на јавните финансии, со истовремена поддршка на инвестициите и економскиот раст. Учеството на Годишните средби овозможува размена на мислења и искуства со претставници на меѓународните финансиски институции и носители на економските политики, како и согледување на глобалните економски трендови и нивното влијание врз националните економии. Пораките од средбите ја потврдуваат важноста на доследни и одговорни економски политики, одржливи јавни финансии и континуирани реформи како основа за долгорочна стабилност, конкурентност и економски раст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"ЈП „Лајка" – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка,Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња. Во рамки на програмата, која официјално започнува во 12:30 часот, ќе бидат реализирани неколку активности: „Десет кучиња. Десет погрешни човечки одлуки." – претставување на десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните. Ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори. Креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење. Изложба на детски цртежи – учениците од ООУ „Блаже Конески" и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу" преку своите цртежи ги претставија кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ШишаркиВо петок (09.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Соња Манасиевска КоневскаСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. корнфлекс од какао 250 гр. маргарин 200 гр. чоколадо за готвење 150 гр. шеќер во прав 150 гр. сусам 150 гр. сецкани ореви 8 големи лажици мед Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook