Блокадата продолжува: Демократите по втор пат за 24 часа гласаа против законот за финансирање на Владата на САД - Канал 5

Блокадата продолжува: Демократите по втор пат за 24 часа гласаа против законот за финансирање на Владата на САД

Републиканскиот предлог за финансирање на владата претежно на сегашните нивоа не успеа втор ден по ред во Сенатот.

Блокадата продолжува: Демократите по втор пат за 24 часа гласаа против законот за финансирање на Владата на САД

Предлогот падна на сличен начин на гласање како вчера вечерта, бидејќи повеќето демократи продолжија да го отфрлаат и побараа Конгресот да ги разгледа здравствените бенефиции во САД.

По втор пат за помалку од 24 часа, демократите во Сенатот го блокираа привремениот закон за трошење усвоен од Претставничкиот дом, кој ќе ја држеше владата отворена барем до средината на ноември.

Сенатот гласаше со 55-45 за да се заврши дебатата за резолуцијата за континуирано финансирање, но беа потребни 60 гласови за да се премине на конечно гласање за усвојување.

Како и во вторник вечерта, демократите Кетрин Кортез Масто од Невада и Џон Фетерман од Пенсилванија, како и независниот сенатор Ангус Кинг од Мејн, гласаа за продолжување на разгледувањето на предлогот.

Сенатор Ранд Пол (републиканец од Кентаки) беше единствениот републиканец кој гласаше за блокирање на мерката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Може ли да се блокира продажбата на ЛА.Лејкерс“?

 Продажбата на преостанатиот сопственички удел на семејството Бас во НБА лигашот, „Лос Анџелес Лејкерс“ би можела привремено да биде запрена по судски пат.

Може ли да се блокира продажбата на ЛА.Лејкерс“?

Продажбата на преостанатиот сопственички удел на семејството Бас во НБА лигашот, „Лос Анџелес Лејкерс“ би можела привремено да биде запрена по судски пат, бидејќи Џини Бас има можност да побара привремена судска забрана за оваа трансакција.

НБА-аналитичарот и поранешен адвокат Нејт Данкан објасни дека Бас би можела да побара од судот да ја „замрзне“ продажбата сè додека не се утврди дали нејзините браќа и сестри воопшто имаат овластување да го продадат преостанатиот семеен удел од 17,82 отсто во „Лејкерс“.

„Она што би се очекувало тој да го направи во одреден момент е да побара судска забрана. Всушност, му велите на судот: 'Сè уште немавме време да го решиме целиот случај, но се подготвува нешто што подоцна не може да се поништи'“, објасни Данкан.

Бас би можела да аргументира дека со губењето на нејзиниот сопственички удел и на позицијата гувернер на „Лејкерс“, би претрпела штета што подоцнежната финансиска компензација не би можела да ја надомести.

„Запрете ја продажбата. Не дозволувајте таа да се реализира пред да стигнеме до судење, бидејќи ќе претррам непоправлива штета, а парите подоцна нема да можат да ме вратат на мојата претходна позиција“ – вака Данкан ја опиша содржината на нејзиното евентуално барање.

Сепак, таков чекор сè уште не е можен, бидејќи продажбата на акциите на семејството Бас сè уште не е формално започната.

Според Данкан, неопходно е најпрво да пристигне официјалното известување од Марк Волтер и трансакцијата да влезе во соодветната правна процедура.

Пет од шесте деца на покојниот Џери Бас – Џим, Џони, Џени, Џои и Џеси – гласаа за продажба на семејниот удел на Боб Ајгер и Џошуа Кушнер, додека Џини се обидува да ја блокира трансакцијата.

Во август, Ајгер и Кушнер се договорија да го купат мнозинскиот удел на Марк Волтер, во зделка со која вредноста на „Лејкерс“ се проценува на дури 12,5 милијарди долари.

Сепак, Данкан предупреди дека не е сигурно оти судската одлука од 2017 година ѝ дава право на Џини Бас да ја блокира продажбата.

„Формулацијата на таа одлука воопшто не се однесува на продажба. Во неа само се вели дека Џини треба да биде гувернер“, рече тој. Првото рочиште во тековниот судски спор беше закажано за 5 ноември, но беше преместено за 8 декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

Темата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. 

Митева од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева по учеството на тридневната есенска Академија на организацијата на жени на Европската народна партија во Атина, на тема „Да ја искористиме силата на жените“, во интервју истакна дека зајакнувањето на улогата на жените и нивното активно учество на пазарот на трудот се од суштинско значење за иднината на Европа.

„Темата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Еден од главните фокуси на Академијата беше конкурентноста и учеството на жените на пазарот на труд. Тоа за мене е особено важно прашање, затоа што не смееме да си дозволиме половина од својот човечки потенцијал да не биде целосно искористен“, вели , претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа посочи дека на Академијата се разговарало за создавање повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции.

„Зборувавме за тоа како да се создадат повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. Но, уште поважно, разговорот не беше само за бројки и статистики, беше за промена на перспективата. Жената не треба да ја гледаме само како корисник на економски мерки или како категорија што треба да биде застапена. Треба да ја гледаме како носител на економски раст, иновации и развој“, посочи Митева.

Според Митева, силата на жените треба да се согледува преку нивното активно учество, преземањето одговорност и учеството во носењето одлуки.

„Главната порака што ја носам од тука е дека силата на жените не треба да ја мериме само според нивната присутност, туку според нивното учество и нивната способност да преземаат одговорност и да носат одлуки. Ако сакаме поконкурентна Европа, посилни држави и поотпорни општества, мораме да создадеме услови жените целосно да го реализираат својот потенцијал“, вели Митева.

Митева посочи дека целта е европските искуства да бидат преточени во конкретни знаења, иницијативи и активности во Македонија.

„Тоа е концептот што сакаме да го градиме и во Унијата на жени, повеќе учество, повеќе одговорност и повеќе можности. Нашата цел е европските искуства да не останат само искуства што ќе ги слушнеме на конференција. Да ги претвориме во знаење, иницијативи и активности што можат да дадат резултат кај нас. Верувам дека за многу брзо од денес Унијата на жени ќе биде домаќин на овие разговори, ќе ги продлабочува соработките во различни форми и ќе гради силен капацитет во рамки на нашата ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Митева.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За полн резервоар во ЕУ потребни се дури 103, односно 108 евра

Дизелот и бензинот уриваат рекорди во ЕУ,цените на највисоко ниво во последните 20 години

За полн резервоар во ЕУ потребни се дури 103, односно 108 евра

Цените на бензинот и дизелот во Европската унија оваа недела достигнаа највисоко ниво откако се следат податоците, односно во последните повеќе од 20 години.

Според податоците на Европската комисија, полнењето резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, а со дизел 108 евра, пренесува Индекс, Хр.

Растот на цените значително го поттикнуваат високите рафинериски маржи, а експертите на Европската Централна Банка проценуваат дека маржите за дизелот врвот ќе го достигнат дури во октомври, што укажува на можноста цените да останат високи.

Цените на горивото на бензинските станици значително пораснаа по почетокот на конфликтот на Блискиот исток, што дополнително ги засили инфлаторните притисоци..

...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер