2 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
СветСАД влегоа во буџетска блокада, републиканците и демократите не прифатија привремено финансирањеПо втор пат за седум години и повторно во мандатот на Трамп, американската влада се најде под клуч откако Демократите и Републиканците не успеаја да се договорат за предлог буџетот на земјата. Федералната влада сега ќе работи во вонреден режим, односно стотици илјади вработени на сојузно ниво ќе бидат испратени на принуден одмор, додека оние кои се сметаат за неопходни ќе мораа да доаѓаат и покрај тоа што можеби нема да добиваат плата. Очекувањата се поради блокадата да има илјадници отпуштања, со дневен трошок за земјата од околу 400 милиони долари. Буџетската блокада дојде откако Демократите во Сенатот не го поддржаа планот на Републиканците за државно трошење. Каменот на сопнување како што откри Трамп е во финансирањето здравствена заштита за мигранти и ранливи групи. -Една од работите кои сакаат да ги направат (Демократите) е да дадат неверојатна здравствена заштита на нелегални мигранти и тоа ќе направи тие да продолжат да доаѓаат во нашата земја. И имаме борба во делот за трансродовите лица. „Трансродово за сите“ и тоа кога говорите во медицинска смисла чини многу пари, тие операции се лоши. / Ние сме последните кои сакаме буџетско затворање. Но, кога сме кај тоа, можеме да направиме работи за време на затворањето кои се неповратливи, кои се лоши за нив (Демократите) и кои се неповратливи за нив. Како на пример да се отпуштат голем број на луѓе,- - Доналд Трамп – Претседател на САД. Иако партијата на Трамп ги контролира двата дома во Конгресот, за повеќето буџетски закони во Сенатот потребно е квалификувано мнозинство од 60 гласа, а Републиканците имаат 53 Сенатори во 100 члениот дом. -Ова е на Демократите во Сенатот. Конгресот дејствуваше, Претседателот е подготвен да го потпише законот и се што е потребно е осум Демократи да ни се придружат,- - Џон Тун – Лидер на Републиканците во Сенатот. -Демократите не сакаат буџетско затворање. Подготвени сме да работиме со Републиканците да најдеме меѓупартиски компромис и топката е кај нив,- - Чак Шумер – Лидер на Демократите во Сенатот. И додека двете партии не штедеа меѓусебни обвинувања за буџетската блокада на земјата, американскиот претседател Трамп на социјалните мрежи на свој начин објави најпрво едно, а потоа и уште едно видео во кое се потсмева со лидерот на Демократите во претставничкиот дом Хаким Џефрис, со кого претходниот ден во Белата Куќа преговараше за изнаоѓање на компромис -Тоа е одвратно видео и ние ќе продолжиме да објаснуваме дека ова не води никаде. Се бориме да ја заштитиме здравствената заштита за американскиот народ во пресрет на републикански напад без преседан,- - Хаким Џефрис – Конгресмен од Демократите. Буџетската блокада во САД во меѓувреме има влијание и во земјава. Американската амбасада во Скопје соопшти дека нивниот официјален профил на социјалните мрежи нема да се ажурира редовно, туку ќе се објавуват само итни информации поврзани со безбедност и сигурност.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаАБА-лигата бара нови судии: Познати услови и рокот за пријавување Регионалната кошаркарска АБА-лига распиша конкурс за нови судии кои во иднина би можеле да ја делат правдата во регионалното кошаркарско натпреварување.Право на пријавување имаат судии кои имаат најмалку 25 години и пет сезони искуство на највисокото ниво од домашното првенство или на меѓународната сцена. Од кандидатите се очекува добро познавање на англискиот јазик и соодветна физичка подготвеност, а сите пријавени ќе треба да поминат низ неколку стручни проверки. Процесот на селекција ќе вклучува тест за правилата на кошарката, анализа на спорни и карактеристични ситуации од натпревари, проверка на познавањето на англискиот јазик, физичко тестирање и интервјуа со кандидатите. Заинтересираните судии можат да поднесат пријави најдоцна до 21 септември, до 15:00 часот. Регионалното натпреварување исто така ги објави судиските хонорари за сезоната 2026/27, кратко откако во јавноста се појавија информации дека Здружението на судии на АБА-лигата побарало значително подобрување на материјалната и правната положба на судиите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвстралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжуваМажот кој вчера наутро загина во напад од ајкула на плажата Соренто во Перт, Австралија, е идентификуван како 63-годишниот Грег О'Нил. Тој пливал близу до брегот кога бил нападнат од голема бела ајкула. Неговото семејство го опиша како посветен татко и сопруг и голем љубител на океанот, пренесува ABC News. „Нашето семејство е длабоко потресено и скршено од ужасната трагедија во која животот го загуби еден татко, иден дедо, брат, вујко, сопруг и пријател – Грег Џејмс О'Нил“, се вели во соопштението на семејството. „Тој беше великодушен и посветен семеен човек кој на своите деца им пружаше огромна љубов, внимание и можности. Грег го сакаше океанот и беше страстен пливач, љубител на спортот, посветен работник и, пред сè, великодушен и духовит човек. Длабоко сме благодарни за сите изрази на сочувство и поддршка што ги добивме.“ A swimmer was taken by a shark while on a morning swim with a mate. The victim was just metres from shore, when the giant predator attacked. https://t.co/Y4wWOxYbvd — 7NEWS Queensland (@7NewsBrisbane) September 18, 2026 Министерката за рибарство на Западна Австралија, Џеки Џарвис, издаде налог за фаќање и убивање на ајкулата. Сепак, таа нагласи дека не смета оти е соодветно да се спроведе поширока акција за нивно истребување по овој инцидент. Плажите во северните предградија на Перт и денес остануваат затворени додека продолжува потрагата по ајкулата и по телото на жртвата, О'Нил. Министерката Џарвис објаснила дека одлучила да издаде налог за уништување откако полицијата успеала да ја идентификува ајкулата пред таа да отплива. „Ја донесов одлуката земајќи ги предвид вонредните околности на нападот, опасноста што ја претставуваше таа ајкула и можноста за прибирање докази за истрагата на судскиот вештак“, изјави Џарвис. Џарвис забележува дека ова е првпат по десет години во Западна Австралија да се издаде налог за фаќање и убивање ајкула, но нагласува дека масовното истребување на големите бели ајкули не е решение во овие околности. „Големите бели ајкули се меѓународно заштитеен вид. Тоа не значи дека ќе ги истребиме сите грабливци во океанот. Не сакам да им давам на луѓето лажно чувство на сигурност, бидејќи е невозможно целосно да се елиминира секој ризик“, изјави таа. Досегашната стратегија на Западна Австралија се потпираше на обележување и следење на ајкулите, апликации за предупредување, сирени, заштитни мрежи и лични уреди за одвраќање на ајкули. Министерката најави дека владата ќе ги преиспита постоечките мерки.Тагови: Австралија ајкула Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЕвропаПутин: Русија нема агресивни намери кон ЕвропаРусија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики. „Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter