Благ пад на бројот на новозаразени во Србија - Канал 5

Благ пад на бројот на новозаразени во Србија

Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа се откриени уште 125 новозаразени со Ковид-19.

Благ пад на бројот на новозаразени во Србија

Од последиците на вируост починало едно лице.

На респиратори во болниците низ земјата се наоѓаат четири пациенти.

Вчера, од вкупно 9.383 тестирани биле регистрирани 145 позитивно. Од последиците на вирусот починало едно лице, пишува Прва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напад со нож во училиште во Истанбул: Средношколка нападнала основци, еден е во критична состојба (ВИДЕО)

Средношколка нападнала ученици со нож во дворот на основно училиште во истанбулската населба Башакшехир.

Напад со нож во училиште во Истанбул: Средношколка нападнала основци, еден е во критична состојба (ВИДЕО)

Осум деца се повредени и сите се однесени во болница. Едно дете е во критична состојба, јавува Анадолу.

Нападот се случил во дворот на основното училиште „Кајашехир Шејх Шамил Имам Хатип“. Според досегашните информации, ученичката Ф. М. (родена во 2011 година), која учи во средно училиште во населбата Кучукчекмеџе, влегла во училиштето во униформа и нападнала деца со нож. Напаѓачката живее во близина на училиштето во кое провалила. Таа била совладана од обезбедувањето на училиштето, а потоа предадена на полицијата и приведена.

Состојба на повредените

Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, и началникот на полицијата, Селами Јилдиз, ги посетиле повредените ученици во градската болница Башакшехир Чам ве Сакура. Гувернерот Ѓул известил дека вкупно осум деца се повредени. „Пет деца имаат полесни повреди и очекуваме нивното лекување да биде завршено во текот на денот. Двајца ученици се под надзор, но нивната состојба се подобрува. Едно дете во моментов е оперирано и, со оглед на тоа што постапката е во тек, не можеме да правиме дополнителни проценки“, рече Ѓул.

Министерот за здравство Кемал Мемишоглу објави на социјалните мрежи дека осум повредени лица се лекуваат во болници. Тој потврди дека едно дете е во критична состојба, а две се во умерена до тешка состојба.

Покрената е истрага, наставата е прекината

Министерството за образование потврди дека напаѓачот е уапсен како ученик во 10-то одделение. Во соопштението за медиумите се наведува дека по настанот, сите надлежни државни институции презеле потребни мерки и дека е покрената судска и административна истрага. Делегација на министерството е испратена во Истанбул, а двајца образовни инспектори се назначени за да ги истражат сите околности на настанот.

Тимовите за психосоцијална поддршка почнаа да работат со ученици, наставници и родители. Наставата во училиштето е прекината за денес и утре. Канцеларијата на главниот државен обвинител во Кучукчекмеџе објави дека веднаш е покрената истрага со цел целосно да се расветли случајот.

Судот забрани известување за нападот

Советот за радиодифузија (RTÜK) објави дека со судска одлука е воведена забрана за емитување вести за нападот. Одлуката е донесена со цел да не се меша во истрагата и да се зачува јавниот ред. Според одлуката, објавувањето на какви било вести, интервјуа или анализи во печатени, електронски и социјални медиуми е забрането сè додека не се заврши истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кајли Џенер изнајми цело кино само за себе, сите ја критикуваат: Нејзиниот живот е тажен (ВИДЕО)

Дел од новиот влог на Кајли Џенер, во кој таа покажа како изнајмила цела кино сала за да излегува со своите пријателки, предизвика дебата на социјалните мрежи. 

Кајли Џенер изнајми цело кино само за себе, сите ја критикуваат: Нејзиниот живот е тажен (ВИДЕО)

Видеото досега е прегледано повеќе од 9,4 милиони пати, а корисниците дебатираат дали таков потег покажува луксузен животен стил или едноставно потреба за приватност.

На YouTube, Џенер редовно споделува моменти од секојдневниот живот, вклучувајќи го и животот како претприемач и мајка. Во последното видео, таа покажа одење во кино со своите пријатели, каде што резервирале цела сала за себе за да го гледаат филмот „Верити“.

YouTube video

Во видеото, Џенер се појавува со пријателките Викторија Виљароел и Анастасија Караниколау. Во празната сала, ги пречекале бројни закуски, а пред да започне филмот, разговарале и се забавувале.

„Можела само да стави шапка“

Одлуката да се резервира целата сала не им се допаднала на сите. Еден корисник на X го споделил клипот, коментирајќи дека снимката покажува дека Џенер „мора да изнајми цела кино сала“ во Лос Анџелес поради тоа колку е позната.

Објавата брзо стана вирална и собра повеќе од 9,4 милиони прегледи. Дел од корисниците сметаа дека нејзиниот потег е претеран и снобовски.

„Или можеше само да стави шапка и да се облече како нормална личност за една вечер“, напиша еден корисник, чиј коментар собра повеќе од 44.000 лајкови. Други го опишаа нејзиниот животен стил како „тажен“ и „празен“, додека поединци сметаа дека познатите личности треба да бидат подготвени да се појават меѓу другите гледачи.

Други тврдат дека ѕвездите нормално одат во кино

Некои корисници не беа убедени дека Џенер морала да изнајмува цели кино сали за да ужива во филмот. „Можеше да оди инкогнито ако навистина сакаше“, напиша еден коментатор.

Друг спомена неколку познати личности кои, според него, одат во јавни кина без никакви проблеми. „Кристофер Нолан редовно оди на AMC CityWalk. Кристен Стјуарт и Џек Блек се толку чести во моето соседство што дури и не им кажувате на вашите пријатели кога ќе ги видите веќе“, напиша тој. „Ве уверувам дека никој не се грижи дали таа жена седи во ходникот со нив.“

Џенер има причина да се грижи за безбедноста

Сепак, некои од следбениците застанаа во одбрана на Кајли Џенер и потсетија дека нејзината желба за приватност може да има врска и со безбедноста.

Семејството Кардашијан-Џенер ги зголеми безбедносните мерки откако Ким Кардашијан беше ограбена во Париз во 2016 година. Кајли, исто така, имаше проблеми со сталкерите и побара наредби за забрана во неколку наврати.

Во една епизода од „Кардашијан“ од 2025 година, таа исто така зборуваше за стравот за сопствената безбедност по обвинувањата дека Ким била цел на заговор за атентат.

Во видеото, Џенер не кажа дека ја изнајмила целата сала од безбедносни причини. Поради ова, некои следбеници веруваат дека таа едноставно сакала приватност и порелаксирана атмосфера за дружење со своите пријатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери

Постепено членство со пристап до единствениот европски пазар, но и со строг 15-годишен мониторинг, ќе се соочат новите земји членки на Европската Унија.. 

ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери

Наместо со едногласност, земјите членки на ЕУ да гласаат со квалификувано мнозинство и за време на отворањето и затворање на преговарачките поглавја за земјите кандидатки е првата клучна точка од новата претпристапна политика на ЕУ која денеска ја презентираше еврокомесарката за проширување - Марта Кос. Втората точка се однесува на постепена интеграција на земјите кандидатки во одредени стратешки области на Унијата како енергетика, транспорт и одбрана, но која сепак може да биде повлечена доколку земјата покажува уназадување, соопшти Кос.

„Можно е да се намали бројот на области каде што една земја сама може да стави вето на одлуки што сите други ги поддржуваат, на пример, за санкции или борба против даночни измами или во процесот на пристапување каде што средните чекори помеѓу отворањето и затворањето на преговорите. // Постепената интеграција ќе бара две клучни состојки - напредок во реформите, за земјите-кандидатки и стратешко усогласување. // Учеството во политиките на ЕУ треба да биде реверзибилно, условено од реформи и отворено само за оние кандидати кои ги делат вредностите на нашата унија и нашите стратешки интереси.“

Во претпристапната политика се воведуваат и заштитни мерки од новите земји членки кои нема да можат да се спротистават на влезот на следните земји кандидатки поради билатерални прашања, посочи Кос. Иако новите земји членки ќе ги имаат истите права како и постарите, сепак доколку се докажат сериозни прекршоци во правосудството, демократијата и европските вредности, ќе може да им се рестриктра финансиската поддршка но и правото на глас, соопшти Кос. Иако директно не посочи временски рок, според неколку угледни европски медиуми, се работи за 15 годишен мониторинг период за новите членки.

„Сите нови земји-членки, и ова многу го нагласувам, ќе уживаат еднакви права, исто така и новодојденците, не сакаме двостепено членство. // Предлагаме посилни заштитни мерки за секоја нова земја-членка од сериозно отстапување од обврските. // Тие заштитни мерки ќе бидат во сила само ако има прекршувања.“

Наместо да ги обесхрабрува, патоказите за четирите фаворитки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија дополнително ќе ги мотивира останатите земји кандидатки кои не се најдоа во оваа група, оценува Кос. Понудата за асоцијативно членство на Канада не може да се понуди на Македонија и Косово, а важно е сите земји од поранешна Југославија да станат дел од ЕУ, изјави Кос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер