Бизарна љубов: Тој има 19,таа 72, а се венчале по две недели!(видео)

Многумина велат дека ова е една од најбизарните врски на светот.

Врската помеѓу Гери Хардвик (19) и Алмеда (72) почнала најнормално, на состанок во една пицерија, а тоа што ги шокира луѓето кога ќе ги видат е разликата во годините. Алмеда е постара од Гери дури 53 години, но тоа воопшто не им пречи.
-Првото нешто што ме привлече кај Алмеда се нејзините прекрасни сини очи и нејзината личност. Таа е секогаш полна со хумор и ние се разбираме. Хемијата помеѓу нас е одлична. Се во врска со неа го освои моето срце веќе од првиот ден“, признал Гери.
Двојката решила да се венча само две недели откако ја започнале врската, затоа што бабичката која има шест внуци го освоила на прв поглед. Сега оваа двојка живее во Тенеси и посреќни се од било кога.
-Сега сум среќно мажена и веќе две години живеам со мојата сродна душа. Се запознавме во ресторан во кој имаше роденденска забава, се погледнавме и јас се вљубив. Веднаш знаев дека тој е мажот со кој сакам да го поминам животот. Годините ниту во еден момент не ми претставуваа проблем“, кажала Алмеда.
Двојката ја чекала првата брачна ноќ за да имаат секс и велат дека не се разочарани.
Мнозинството луѓе со негодување ја коментираат нивната врска, вклучувајќи го и синот на Алмеда кој го прекинал секој контакт со неа откако го запознал Гери. Внуците на Алмеда исто така тешко ја прифатиле нејзината врска на почетокот, а особено Арон кој е 3 години постар од Гери.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер