Битолскиот Народен театар собра три награди на ИФАД „Стоби" 2021 - Канал 5

Битолскиот Народен театар собра три награди на ИФАД „Стоби" 2021

Битолскиот Народен театар собра три награди на ИФАД „Стоби" 2021, а  една отиде за Велешкиот театар.

Битолскиот Народен театар собра три награди на ИФАД „Стоби" 2021

Наградата Гран при за најдобра претстава на 18-от ИФАД „Стоби" 2021 му беше врачена на Битолскиот Народен театар за претставата „Бакхи, краток преглед на распадот", награда за најдобра режија постхумно ја доби режисерот на оваа претстава Игор Вук Торбица, а за најдобра актерка Викторија Степановска-Јанкуловска, актерката на Битолскиот театар која во оваа претстава ја игра улогата на Водачот на хорот.

Наградата за најдобра машка улога, пак, му беше врачена на Зоран Љутков за улогата на Силен во сатирска игра во режија на Деан Дамјановски во претставата „Орестија", копродукција на велешкиот Народен театар „Ј Х К-Џинот" и Националната опера и балет.

Вака одлучи жирито на фестивалот во состав: Васил Зафирчев актер, Кети Борисоска актер и Розе Трајчевска костимограф. Наградите беа свечено врачени синоќа на сцената „Петре Прличко" на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов Џинот" во Велес, а публиката во салата ги награди добитниците со долг и силен аплауз. Наместо традициоалната статуетка на фестивалот „Менада" добитниците годинава добија по еден дијамант од спонзорот „Божиновски".

Како што се вели во образложението на жири комисијата на фестивалот, Зоран Љутков во улогата на Силен се карактеризира со суверено и зрело мајсторство во сите сегменти на ликот реализирани прецизни актерски, пејачки и танцови партитури низ кои со неверојатна леснотија се претставени психоемотивните нијанси од драматичното во комичното со што неговиот лик несомнено станува актерски столби на целокупната театрологија „Орестија".

Во обраќањето до публиката актерот Љутков истакна дека наградата многу му значи, бидејќи 20-тина години е дел од овој фестивал како организатор и учесник. Љутков, кој порано беше актер во Велешкиот театар, се заблагодари на родниот велешки Народен театар „Ј Х К –Џинот" што бил поканет да биде гостин во овој проект и на целата продукција.

Тој порача дека на Македонскиот народен театар му недостасуваат критики и дека МНТ е невидлив и во медиумите и кај критичарите и изрази надеж дека тоа во иднина ќе се промени.

За наградената за најдобра женска улога Викторија Степановска-Јанкуловска, жири комисијата оцени дека имала концентрирана, посветена и прецизно дозирана актерска игра изразена преку градација на психо-емоционалните валери на ликот и неверојатна моќ за трансформација.

-Оваа награда ја должам и ја делам со многумина, а тоа е целата моја екипа на „Бакхи", на Лина и Иван кои го донесоа режисерот Игор Вук Торбица и други големи имиња со кои некако заедно се учиме и постојано се потсетуваме „како се кали челикот" и како се работи оваа работа. На моите Ведран и Деан кои постојано дишат со мене во добро и зло. На татко ми актерот Слободан Степановски кој се противеше да се занимавам со оваа професија и сега се гордее иако ретко признава. На мајка ми која е најхрабрата единка која некогаш сум ја запознала и која е мој постојан поттик и светилник и на нашиот Игор Вук Торбица кој беше посебен по многу нешта и на многу начини. Игор во мене препозна свој сојузник и ме нарекуваше прв сојузник во борбата, затоа сум му искрено и вечно благодарна. Воедно се заблагодарувам и до селекторот на фестивалот Сашо Димоски и жирито, порача Степановска –Јанкуловска.

Додаде дека многу и значи наградата, но дека сепак најголема награда за неа и за нејзината екипа е тоа што успеале да украдат од времето, од талентот, од големината на духот на нивниот режисер Игор.

-Ова е за тебе Игор, порача од сцената наградената Викорија Степановска-Јанкуловска.

Наградата за најдобра режија на фестивалот постхумно му се додели на Игор Вук Торбица за претставата „Бакхи, краток преглед на распадот" во продукција на Народен театар Битола, а ја прими актерката Лина Чоревска.

Во образложението на жирито за наградата се вели дека режисерот креира оригинален сценски свет во кој преку асоцијативен систем од знаци и слики го театрализира распадот на системот и неговото болно создавање во идните корени во цивилизацијата која допрва треба да се роди.

Актерката од оваа претстава од битолскиот Народен театар Лина Чоревска, примајќи ја наградата за најдобра режија на Игор Вук Торбица потсети дека исто така кога тој пред две години ја добил наградата за најдобра режија и Битолскиот театар за најдобра претстава на фестивалот „Војдан Чернодрински" во Прилеп, таа исто така морала да говори за Игор поради негово отсуство и работа некаде во регионот.

-Вечерва моите чувства изгледаат како нашите театарски маски. Среќна сум затоа што три од четирите награди коишто ги доделува Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби" заминуваат во нашиот театар. Среќна сум што жирито ја препозна големината на „Бакхи" и што покрај се во животот, театарот го наоѓа својот начин и ние сме вечерва заедно. Но, мојата голема тага е што Игор не е вечерва тука и мојата тага е што не можеме да ги направиме сите проекти за кои заедно мечтаевме и сонувавме, рече Чоревска.

Таа во име на директорот на Битолскиот театар Иван Јерчиќ ја прими и Гран при наградата на фестивалот ИФАД „Стоби" 2021 и ја презентира неговата порака.

Во чест на лауреатите на фестивалот беше изведена претставата „Отело" копродукција на Перипетија, МНТ и НП Зеница од Босна и Херцеговина, со што и заврши програмата на годинашниот 18 ИФАД „Стоби" 2021.

Основачот и организатор на фестивалот Општина Велес со одлука на Советот на Општина Велес, годинава организацијата на фестивалот му ја преотстапи на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот". Фестивалот парично го финансира Министерството за култура и Општина Велес и повеќе спонзори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, СДС на чело со Филипче е декласиран со 4 спрема 1.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на СДС победивме со разлика поголема од 4 спрема 1. Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2945 гласови.

СДС и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница. СДС според резултатот во Брвеница доживеа уште еден сериозен изборен неуспех. СДС се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

На СДС им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело.

И покрај дебаклот во низа на СДС, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка бидејќи се додека тој управува со СДС и е послушник на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и резултати, и борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Додека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството.

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин.

Власта ги намалува парите за здравјето на граѓаните, во услови кога здравствениот систем веќе е во хаос.

Три недели во Клиничкиот центар не работеше ниту еден компјутерски томограф.

Пациентите чекаат прегледи неопходни за навремена дијагноза и лекување.

ПЕТ-скенот, неопходен за онколошките пациенти, во изминатите две години е проследен со дефекти и прекини во работата. По последното пуштање во употреба работел само неколку дена, па повторно се расипал. Пациентите чекаат и по пет месеци за преглед од кој зависи понатамошното лекување.

Само минатата година биле дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка.

Наместо навремена дијагностика и сигурна терапија, онколошките пациенти во повеќе наврати остануваа со месеци без потребните лекови поради административна неодговорност и незаинтересираност на власта.

За овие пациенти секое одложување на прегледот или терапијата може да има животозагрозувачки последици.

Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати чија исправност е неизвесна. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа лутаат од една во друга болница и чекаат со месеци за основна здравствена услуга.

Во Гостивар 5.000 луѓе се отруја. До денеска нема одговорност, а јавноста сè уште нема објавени резултати за водата, нема Извештај ниту за Гостивар ниту за над 50 населени места.

Во 21 век, додека здравствените системи вложуваат во нови технологии и современо лекување, власта на ВМРО не обезбедува ни исправни основни апарати, редовна терапија и навремени прегледи.

Ова е потфрлање во најважната обврска на секоја влада – заштитата на здравјето и животот на граѓаните.

Мицкоски и Клековски не можат да побегнат за хаосот во здравството.

Клековски треба да поднесе оставка.

Скопје, 20.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност, соопштија норвешката влада и ко-домаќинот Финска.

Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност

Ројтерс вчера објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе отпатува во Норвешка оваа недела на рунда преговори за прекин на војната во Украина и дека се очекува да присуствуваат Зеленски и европски претставници.

„ Зеленски побара од Норвешка и Финска да закажат состанок како дел од тековните дипломатски напори, во ова критично време за Украина“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере.

Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека ќе присуствува на состаноци со Зеленски и Стоере за да разговараат за „нелегалната агресивна војна на Русија против Украина и целокупната безбедносна ситуација во Европа“.

Во изјавите од Норвешка и Финска не се споменуваат никакви американски или европски делегации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер