Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
1Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“
3На дното на Средоземното Море се пронајдени остатоци од брод, стар 2.100 години- археолозите изненадени од товарот
ЖивотБиле најдобри пријателки цели 17 години , па случајно откриле дека се сестри (ВИДЕО)Најдобрите пријателки Ешли Томас (31) и Латоја Вимберли (29) имаат многу заедничко.Како деца, тие имале исти разделени заби, високи јаготки и ист тен, па дури и носеле ист број на чевли. Биле заинтересирани за слична мода и слушале иста музика, и отсекогаш биле во „нераскинлива врска“, бидејќи започнале да се дружат уште од забавата на која се сретнале во 2004 година. Седумнаесет години подоцна, тие се сè уште блиски, а ниту еден ден не поминал без барем да се слушнат по телефон. Тие на шега се нарекувале сестри, а овој февруари се покажа дека се навистина биолошки сестри, пренесува Си-Ен-Ен. Коцките започнаа да се склопуваат во јануари кога Латоја направи свадба. Ешли објави фотографија од свадбата, а на некои од сликите беше таткото на Латоја, Кенет Вимберли. Тој бил препознаен од пријател на мајката на Ешли и веднаш и кажале дека нејзината мајка и таткото на Латоја имале нешто во минатото. "И кажа дека таа и нејзината мајка се запознале со татко ми кога биле млади. Кога Ешли ми кажа , знаев дека нешто не е како што треба. Ја замолив да ми испрати фотографија од таа пријателка, па ја покажав на татко ми и тој веднаш призна “, раскажува Латоја. Потоа ја препозна мајката на Ешли и призна дека двајцата имале кратка врска. Потоа открил дека Ешли не знае кој е нејзиниот биолошки татко, па се запрашал дали може да биде тој. Како резултат, тројцата решиле заедно да платат за ДНК-тест. Резултатите биле завршени на 21 февруари и ги потврдиле нивните сомнежи - Кенет бил татко и на Ешли. "Бев на работа кога Кенет ми се јави и ми рече дека е татко ми. Сите бевме вознемирени. Не можев да размислувам. Не можев да сфатам. Не можев да зборувам", рече Ешли. Ешли имала 15 години кога и било кажано дека мажот што ја воспитал не е нејзиниот биолошки татко. Нејзината мајка, која починала пред 11 години, никогаш не и кажала кој може да биде нејзиниот вистински татко, а членовите на семејството на двете најдобри пријателки никогаш не се сретнале. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија. Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети. - Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава. Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки. Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување. Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителството не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова Затворена е предистражната постапка за наводниот неовластен пристап до компјутерскиот систем во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. ОЈО ГОКК утврдило дека немало основ за натамошно јавнообвинителско постапување. Во текот на постапката била обезбедена компјутерска опрема, врз која биле извршени информатичко-форензички анализи, а биле анализирани и податоци од мобилни уреди и земени известувања од лица запознаени со случајот. Според извештаите на секторот за компјутерски криминал при МВР, не биле пронајдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во системот, ниту докази дека биле снимани или прибирани класифицирани податоци. Биле констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален ризик, но обвинителството оценило дека нема докази за извршување на пријавените кривични дела, соопштија од обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter