Билд: Се прекинува Бундеслигата, Баерн не ја сака титулата ?!

Понеделник скоро сигурно ќе биде ,,Ден Д” за германскиот фудбал.

Тогаш ќе има вонредна средба помеѓу лидерите на Бундеслигата и 2-та Бундес лига на која ќе се разговара за можниот прекин на двете првенства поради пандемијата на коронавирус.

На состанокот ќе присуствуваат лидери на 36 прво и второ лигашки германски фудбалски клубови. „Билд“ пишува дека Здружението на професионални клубови (ДФЛ) и Германската фудбалска федерација (ДФБ) ја разгледуваат можноста првенствата да завршат со сегашната состојба на табелите.

Сепак, челниците на Баерн веќе излегоа со порака дека не ја сакаат титулата доделена во случај да не се игра првенството. Инаку, Баварија неодамна донесе декрет дека сите натпревари во областа ќе се играат без публика до 16 април.

притисни ентер