3На денешен ден пред 19 години загина македонскиот славеј Тоше Проески, неговите песни живеат и денес
ТехнологијаБил Гејтс повика на регулирање на вештачката интелигенција: Злоупотребата може да однесе милијарда животиКоосновачот на „Мајкрософт“ и милијардер филантроп, Бил Гејтс, ги повика американските законодавци да го регулираат развојот на вештачката интелигенција (ВИ), велејќи дека саморегулацијата од страна на компаниите во оваа област не е доволна.„Никој не мисли дека саморегулацијата е доволна“, рече Гејтс во интервју за NBC, кое ќе се емитува во целост во недела. „Доволно моќна за да предизвика настани“ Кога беше прашан дали Вашингтон треба да донесе закон со кој ќе се регулира развојот на ВИ, Гејтс одговори да и нагласи дека полицијата и политичарите треба да бидат вклучени во дискусиите за заштитните мерки и надзорот на технологијата. Тој рече дека таквата регулација би била дополнителен товар за индустријата за ВИ, но нема драматично да го забави нејзиниот развој. Гејтс, исто така, предупреди на можноста ВИ да биде злоупотребена за да предизвика масовна штета, велејќи дека технологијата е „доволно моќна за да предизвика настани што би можеле да доведат до смрт на милијарда луѓе“. Воведување строги регулативи Според него, комбинацијата на луѓе со лоши намери и најновите алатки за ВИ е потенцијално најмоќното оружје досега. Неговите изјави дојдоа откако извршните директори на OpenAI и Anthropic, меѓу најголемите американски лаборатории за развој на вештачка интелигенција, оценија дека трката за развој на моќни системи за вештачка интелигенција треба да се забави. Извршниот директор на Anthrop, Дарио Амодеј, се залагаше за федерална и меѓународна соработка, наведувајќи дека најефикасниот начин за забавување на развојот би бил воведување регулативи што би важеле за сите водечки американски компании за вештачка интелигенција. Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, оваа недела повика на меѓународни стандарди за проценка на можностите, ризиците, заштитните мерки и зачувувањето на човечкиот надзор на системите за вештачка интелигенција. План за зајакнување на безбедносните регулативи за вештачка интелигенција Од друга страна, основачот и извршен директор на Meta, Марк Закерберг, оцени дека нема потреба од координација низ целата индустрија, туку дека секоја компанија треба сама да го забави развојот кога смета дека е потребно за да се обезбеди безбедност. Во САД, некои држави веќе почнаа да воведуваат мерки за регулирање на компаниите за вештачка интелигенција и центрите за податоци што го поддржуваат нивниот развој. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, минатата недела потпиша извршна наредба со која се формира панел од експерти задолжен за развој на план за зајакнување на безбедносните регулативи за вештачка интелигенција, додека гувернерите на Мериленд и Њујорк, Вес Мур и Кети Хочул, оваа недела ги открија плановите за дополнителна регулатива во оваа област. Безбедноста пред технолошката трка Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претходно изјави дека не треба да се брза со федералното законодавство, велејќи дека Конгресот би можел да донесе мерки што би биле штетни за националната безбедност. Сепак, претседателот на „Мајкрософт“, Бред Смит, на собирот на Обединетите нации за вештачката интелигенција и човечкиот развој оваа недела изјави дека компаниите не треба да чекаат федералната регулатива да го забави развојот. Тој ги повика технолошките компании да ја стават безбедноста на корисниците и јавноста пред трката за развој на сè понапредни производи за вештачка интелигенција.Тагови: бил гејтс вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Живот„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"ЈП „Лајка" – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка,Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња. Во рамки на програмата, која официјално започнува во 12:30 часот, ќе бидат реализирани неколку активности: „Десет кучиња. Десет погрешни човечки одлуки." – претставување на десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните. Ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори. Креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење. Изложба на детски цртежи – учениците од ООУ „Блаже Конески" и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу" преку своите цртежи ги претставија кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ШишаркиВо петок (09.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Соња Манасиевска КоневскаСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. корнфлекс од какао 250 гр. маргарин 200 гр. чоколадо за готвење 150 гр. шеќер во прав 150 гр. сусам 150 гр. сецкани ореви 8 големи лажици мед Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач откри мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, лишен од слобода 27-годишник од Гостивар.-Случајот се случил вчера попладне во 16:20 часот, кога полициските службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи регистрирале мотор од марката „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки. На делница каде што ограничувањето на брзината е строго поставено на 80 километри на час, пресретнувачот измерил движење од дури 188 километри на час, што претставува повеќе од двојно над дозволеното ниво. Возачот В.Б.(27)од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот. Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter