Бил Гејтс ја откри четвртата професија што ќе ја „преживее“ вештачката интелигенција - Канал 5

Бил Гејтс ја откри четвртата професија што ќе ја „преживее“ вештачката интелигенција

Бил Гејтс, познат по своите предвидувања за иднината на технологијата, го прошири својот список на работни места за кои верува дека ќе го преживеат подемот на вештачката интелигенција. 

Бил Гејтс ја откри четвртата професија што ќе ја „преживее“ вештачката интелигенција

Откако првично именуваше три професии, сега додаде и четврта.

Како еден од пионерите на технолошката ера, предвидувањата на Гејтс имаат посебна тежина. Порано оваа година, објави „Економски тајмс“, тој именуваше три професии кои сè уште би биле потребни во ерата на автоматизација: програмери, биолози и енергетски работници.

Сега тој додаде професионални спортисти на таа листа. За време на гостувањето во емисијата на Џими Фалон, Гејтс го објасни својот став: „Знаете, како бејзбол. Нема да гледаме компјутери како играат бејзбол.“

„Нема да ни требаат луѓе за повеќето работи“

Кога водителот го праша дали ќе ни требаат луѓе за повеќето работни места во иднина, Гејтс даде прилично директен одговор, што предизвика низа реакции. „Не за повеќето работи - ние ќе одлучиме“, рече тој, додавајќи дека луѓето сè уште ќе извршуваат одредени задачи, но во многу помала мера отколку што прават денес.

„Значи, ќе има некои работи што ќе ги задржиме за себе, но во однос на производството, транспортот и одгледувањето храна, со текот на времето, тие во суштина ќе станат решени проблеми“, додаде тој.

Работни места со најголем ризик

Во студија спроведена во 2025 година, Мајкрософт наведе 40 работни места кои се „најизложени на најголем ризик“ да станат вишок поради порастот на вештачката интелигенција. Вишиот истражувач во Мајкрософт, Киран Томлинсон, објасни за Скај њуз дека студијата „истражува кои категории на работни места можат продуктивно да користат чет-ботови со вештачка интелигенција, наместо да одземаат или заменуваат работни места“.

Сепак, работните места со најголемо преклопување со можностите на вештачката интелигенција се:

• толкувачи и преведувачи (98 проценти),

• историчари (91 процент),

• математичари (91 процент),

• лектори (91 процент),

• програмери на автоматизирани системи (90 проценти),

• писатели и автори (85 проценти),

• статистички асистенти (85 проценти),

• продажни претставници (84 проценти),

• технички писатели (83 проценти) и

• новинари (81 процент).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје.

Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба.

Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските.

На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам.

Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага.

-Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата.

Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер